Мене ми е плава со бланш долниот дел цел (balayage) и редовно ја мијам со виолетов шампон и виолетов регенератор. (Лорвенн шампон, регенератор само од авон имам пробано не е многу пигментиран) Еднаш месечно, зависи кога ќе добие жолт сјај, правам прелив од фарба. Купувам фарба со silver или ash тон, мешам малку со шампон, малку вода за да се раствори и неколку капки хидроген. За 4 пати имам од една фарба. Ја нанесувам на косата и ја оставам 15 минути, само пепелавиот сјај го добивам.
Одговоров не беше наменет за мене,но го послушав твојот совет,само наместо шампон ставив балсам,боја и малку хидроген,презадоволна од резултатот-Благодарам многу добар совет,а богами и идеа
Косава ја фарбам долго време,но никако неможе да ми се изедначи бојата,сум била и на фризер.До раменици ми е потемно кафена,надоле светло кафена,има 2-3нијанси разлика.Сакам да добијам плава,но незнам со која фарба да пробам и кој број.Некоја препорака прочитав дека miss magic ја фалат за тоа па не знам дали да пробам со таа.
Природно имам светло кафена, вчера се фарбав со Aura Velvet Ton 9.1, Ash Blonde со 9% хидроген. Јасно ми е дека од едно фарбање нема да ја добијам посакуваната боја, но прашањето ми е бидејќи бојата ми испадна портокалова во коренот, дали за недела дена да е исфарбам пак со истата фарба или да и направам некој прелив или пак Ехотон нешто? Не би се замарала толку со косава во моментов, но имам важен настан и не би да одам портокалова.
Не би сакала да ти мудрувам,но за портокаловата само на фризер,неутрализатори имаат,си ја знаат работата,со боја и дома тешко.Ова го велам оти го поминав истото,дури не ме средија таму ништо од бизнисот,портокаловата само појака стануваше со посветлите бои
Прв пат се офарбав плава и сега сакам да земам таков виолетов шампон? Кој да го земам? (Балеа знам дека имаа еден а од другиве не знам)
@sofija014, јас го имам шампонот и регенераторот од Авон, но не сум задоволна. Мајка ми го користи тој на Субрина и косата и бојата никогаш не и биле поубави. Не знам дали го има и каде низ Скопје, мајка ми го зема од фризерски салон. Некаде околу 300 денари е. Понекогаш става и Ехотон.
Здраво, еве петти пат се фарбам со Колестон на Вела, првиот пат ми беше протокалова, но сега ми е добра сега само коренот ми е протокалов незнам како да го решам тој проблем.. дали имате некој предлог? и надолу на средината неможе да ми се изедначи пошто првиот пат се фарбав во домашни услови, а на краевите ми е бланш.. инаку имам кафеава коса
@MonMon кое е бројчето на фарбата? Мн е убава нијансата..☺️ Иначе за коренот мене така кога ќе ми дојде ептен жолт/портокалов само некоја фарба во cool тон.. и потоа одржавање со силвер шампон како тој од балеа што се споменува во групава.. Јас лично го користам ама мислам дека ефект дава на подолго време на користење..не може одеднаш
Првиот и вториот пат со Колестон 12/81 и хидроген на Вела 9% и оти не ми се свиѓаше таа нијанса од третиот пат со 12/81(на лилјаково) и 12/96(на розево) пола пола за да ми излезе бебешко плава. Сега нареден пат планирам повеќе со 12/96 на коренот па ќе видам дали пак ке биде жолт.
Мене ми се свиѓа бојава на вакво светло.Инаку ќе ти се одмие ако си сега фарбана.Јас се фарбав сега последно со 12.96 и беше розевка но се испра но пак не е тоа тоа што беше пред некоја година фарбата.Наредно ќе ја нарачам 12.81 па ќе видиме.Ама сепак многу е скапа треба да вади убава боја,искрено се разочарав малце поише
Инаку има 10 дена како сум фарбана и не ми е одмиена фактички уште ми е како со бел тон и тоа поради 12.96 што ја мешам со 12.81. Кога се фарбав првите два пати со 12.81 ми беше жолта, и мислам дека коренот поради таа фарба ми излева жолт, нареден пат ќе пробам со повеќе од 12.96 и ќе споделам слики. (скапа е, но има голем бенефит што е фарба што најмалку ја оштетува косата)
Мене сега можеби и ради хормоните не ми фати онака како што знае.Значи да не ја нарачувам 12.81 да си продолжам со 12.96. Од кај ја нарачуваш јас 760 ја платив.
Па да продолжи со 12.96 можеш само малку да додадеш од 12.81. Може да прикачеш слика да ти ја видам сега бојата? Инаку ја купувам од Солун 6 ипол евра.
Јас ги користам и доста се ефикасни, шампонот што е само за зачувување на нијансата е прилично благ и би го споредила со тој на Балеа, додека тој за неутрализирање на жолтилото што се употребува како тонер е поагресивен, но мене највеќе ми одговара бидејќи имам прејак црвен пигмент на влакното и не само што ми ја прави посива туку и ми ја осветлува. Сум читала за фарбава на српските форуми, многу ја фалат неа и нијансата 11.1 - Плави Лед. Овие две наводно доста ја осветлуваат косата и го неутрализираат жолтилото. И јас планирам да ја пробам периодов но ја нема во дм и другиве попознати парфимерии, не знам каде да ја побарам. Само сакав да ви кажам јас како се справувам со портокаловиот корен тогаш кога ниту агресивен виолетов шампон не го средува. Веднаш после фарбањето на коренот (што не го бланширам повеќе), ја мијам косата и ја цедам колку да не капе вода од неа и само на коренот ставам колор шампон во платинеста нијанса од Victoria, го оставам да отседи уште 20-40 минути. Не ми се оштетува дополнително, ставам и доста масла и од маската на Алверде од шеа путер и путер од авокадо пред фарбање. Коренот ми се осветлува и се неутрализира црвениот пигмент. Ми трае неколку миења или понекогаш се до наредното фарбање.
Си зедов за наредно фарбање Loreal 03, ќе ја пробам и ќе кажам искуство. Инаку во потрага сум по идеална руса фарба што помалку ја оштетува косата хахаха
vo pargimerijata karshi shapkarot ima Девојки,имав балајаж со бланш и ми беше преубава сивкаста /бела -долу , но во коренот мојата светло кафена. Денес решив да се правам плавуша цела и по мн препораки се решив за keune 1517. Е сега, на прамените од балајажот дојде мн убава како што треба да излезе фарбата ама до половина каде немам прамени ми е портокалова. Дали има некое решение да не е портокалова? Некој со вакво искуство? Што мислите дали со наредните фарбања ќе се оправи и ќе си добијам убава боја ако уште еднаш - два пати ја исфарбам со кене или пак треба нешто друго да се бара? мене вака ми дојде со две фарбања на кене 1517