Да, прво обичен шампон, па овој. Го оставам околу 15 минути и за да не смрзнам во када на времево, ја мијам прво само косата. Значи низ цела коса ќе го распоредам шампонов и ја фаќам косата во штипка за да ми отстои. На крај регенератор. Инаку не знам точно за кои нијанси е наменета, мене ми е косата шарена за жал, жолт корен, надолу накај бело. Единственото лошо нешто е што шампонот ми дејствува само на долниот, посветол дел, коренот ми останува жолт.
Дали некој знае каква фарба користи Викторија Лоба? Баш ми се свиѓа нејзината боја. Знам дека е на Swarzkopf ама незнам која бројка. Фалаа
слична како таа има со две маски , презадоволна ,баш плава плава да не кажам исто како на сликата. Но сепак се работи за различни пигменти и боја на коса -со природно светла коса сум
Значи фарбава е со бланш (тој прашокот што се става како обелувач) за појака коса ок ќе издражи како мојава, но послаба мислам дека пепел ќе ја направи. Не би ја препорачала освен ако не сакате инстант осветлување. Еве го резултатот.
Имам смеѓа коса сакам да се офарбам плаво(бело/сиво). Дали ќе биде доволно само со фарба или ќе мора и бланш? Страв ми е жолта да не испаднам..
Од прв пат мали се шансите само со фарба да постигнеш таква боја. Ако сакаш одма да ја постигнеш сивкастата нијанса подобро оди на фризер.
Еве ја мојата коса со користење на оваа фарба. Јас за мојата коса ставив две фарби но бидејќи ми излезе жолта ја измив со виолетов шампон на PRO:VOKE (silver), и после и ставив Ehoton (pearl grey). Презадоволна сум од резултатот а воедно и косата не ми се оштети многу
Пред некој ден за прв пат се офарбав со неа а пред тоа се немам фарбано, немам користено никаков плус хидроген, само тоа што беше во фарбата.
А дали ехотонот се става во фарбата кога се разредува со хидрогенот или отпосле? На водена коса или на сува не ми е јасно тоа околу ехотонот ) @stefyle
Се прска одкако ќе ја измиеш косата, на влажна коса (јас го ставам во шишенце за прскање), и трае до следното миење.
Си земав и јас вчера и тоа големо шише ,ми се виде поисплатливо.Е сега пишува се користи и како зацврстувач на коса,во стил на лак.Ја зацврстува или не? Паѓа со миење и треба нон стоп да ставаш или само после фарбање да неутрализира жолтило?
Денес прв пат се фарбав со Аура Експлицит - ледено руса и воопшто не сум задоволна. Ми ја пожолте косата, а добра ми беше бојата, претходно со Еволутион 11.11 бев фарбана. Тоа е , никој не ми е крив што само експериментирам.