Како изгледа преливот од Балеа? Јас го користам виолетовиот Pro-voke, ама не гледам многу разлика. Со лорвен и авон имав повеќе резултати, а од балеа виолетовиот не е добар воопшто. Забележав во Дм виолетов спреј од Палете, нешто како ехотонот, ама попрактично со прскање. Дали го има некоја од вас пробано?
Женски,ми треба помош од вас. Ова е моментално мојата боја на коса,шатирана сум 1 ипол година и само коренот го фарбам со гарниер s9 а некогаш и со кене 1517 и 12% хидроген. Сакам да ја изедначам бојата односно да немам жолта боја.Ми рекоа да ставам силвер шампон. Не знам каков ќе биде исходот пошо сум скептик,а косата сива не сакам да ја праам туку повеќе накај плаво бела без жолтила. Совет,препорака за силвер шампон? ама да не е со астрономска цена и да го има во ск
Силвер шампонот ќе го неутрализира жолтилото само на шатираното, на фарбана коса не делува. Дури може шатираниот дел да испадне сив, а коренот пак да остане жолт. Не верувам дека ќе ти помогне.
Девојкии хелппп Имам доста темно кафена коса а веќе пола година сум плавуша (бела накај сиво боја) и цело време фризерката ми става бланш на коренот кога ќе ми потера повеќе и сега не сум фарбана два месеци само ставам шампон за да не ми пожолти ама многу ми е потеран коренот и нејќам бланш да ставам ќе ми падне веќе мислам цела коса, дали знаете некоја фарба што ќе ми го покрие читав со хидроген 9ка ама колку ќе ми помогне и тоа. Ај поискусните кажете ми не знам шо да правам а не сум при пари да одам на флизер пак Ете ваква ми е бојата на коса
Препорака за добра фарба за коса без разлика на цената само да ми биде бојата нешто слично како на сликиве? И сега сум со кафеав корен и сум бланширана само сакам некоја фарба да ја постигнам оваа нијанса? Со која фарба се фарбаш за да добиеш ваква боја?
Ја немам прашано флизерката која фарба ми ја става, иначе за да ми стои цело време бело сребренеста ставам шампон од авон за бланширана коса и многу ми помага не ми жолтее
Дали некој ја има користено Кене 1000? Ме интересира како испаѓа одамна ја имам пробано 15 17 не ми се допаѓа јас несакам многу на сиво туку бисерно плава.
Последно ставив на СУБРИНА Cinder blonde,зашто ептен беше жолта од бланшот, ко семафор бев. Задоволна сум како излезе, далеку понеутрална и понеупадлива од тоа што беше.
Девојки фарбана сум неколку пати и ја осветлив како нијансава 10.3 а сакам да стигнам до 11.13. Препорачајте ми фарба или некој прелив. Да го убијам жолтилово.
Женски ајде помош, фризерката ме испусти ексик и пари и се ама косава портокалова ми е. Не можам да се гледам. Како да ја направам плава сама или да се помирам, или да се исфарбам црна. Што би ме советувале? Да напоменам дека ова ми е прво фарбање вака и ич немам искуство. Она ме фарбаше без бланш и изгледа заради тоа ми се направи ваква. Пред тоа имав нијансирани бели прамени кои сега дојдоа сиви. Не ми се оди пак на фризер... сакам да пробам сама или да не ризикувам? Каква фарба би ми препорачале?
Стави и одозгора еволушн 111, две фарби и ќе ти се оправи сигурно. Не очајувај сите што сме станувале плави така оди тоа пострпено, не можеш наеднаш да добиеш убава руса коса. Јас не би ја фарбала црна, само со две фарбања еволушн11.1 (или уште подобро Yellow 111 ако ја најдеш некаде, ама тешко мн.ја нема) ќе ти биде добра.И јас бев таква и попортокалова
По 4 години паузирање , решив повторно да ви се придружам на вас плавушите Пред некој ден купив деколорант , со цел да ја осветлам мојата природна боја на коса - 11 месеца се немав фарбано и сега беше моментот полесно да ја осветлам. Меѓутоа , убаво се осветли бојата освен делот каде што имаше останато црна боја од фарбањата пред скоро година. Не можев така да се гледам портокалова па одозгора ставив боја карамел-медова. Воопшто не ми се допаѓа , па затоа наредна недела сум на фризер , ем ќе се шишам (боб фризура) ем сакам да ја постигнам оваа боја. Ме интересира како сте задоволни од овој силвер шампон и регенератор на Лореал, дали некоја ги има користено? Фризеркава ги има во сет во фризерницава, па ако се добри да ги купам
Здраво, би сакала да ве прашам за совет. Успеав со неколку фарбања да ја осветлам мојата природна косa до оваа нијанса А сакам да ја постигнам оваа Која фарба би ми ја предложиле а да осветлува повеќе? Некоја по бела бидејќи кога се фарбав со еволушн 11.11 и кене 15.17 многу на сиво ми фати а јас сакам бисерно бела. Со природно светла коса сум без црвен пигмент. Размислувам дали да земам гарниер 111 или s9 или пак од оние фарби што имаат бланш во нив како палете..
Тие што си ги земала на Кене и Еволушн се баш сиви. Ѕирни ги во каталогот овие две Кене 3001 или Кене 3011 , мислам со 12% ќе се осветли колку толку. Понатаму да не ти испаѓа жолта , ќе ставаш по слаб хидроген. Исто ја имам пробувано оваа на Гарниер 111 и убава ми беше косата , негде на форумов ми се чини имав ставено и слика
Денес бев на фризер по мојот неуспешен обид дома да ја осветлам косата. Ми ставија бланш , па олаплекс , па ме ишиша боб кратко од причина што црното не излегуваше со ништо , ајде да беше фарба ок ама кната зезна работа..како и да е коса е ќе порасне. Резултатот е каде каде подобар од тоа што бев , ама се уште не е тоа што сакам (сакам уште посветла). Ме фарбаа со Лореал иноа 10 И излезе вака За 2,5 недели ќе закажам пак , мислам тогаш ќе излезе подобра по второ фарбање бев купив силвер шампон и маска од Лорвен. Ги имате користено?