Јас силвер шампонот го имам пре предобар е Мене многу ми одговара и кога ми опаѓа фарбата коренот ми оди накај кафеавкасто, а не жолто како пред да го користма кога ми се праеше ептен е супер А исто си имам направено сама како во шишенце со прскало ставив ехотон, хидратантно млеко и течност од еден спреј и одвреме навреме си прскам кога мислам дека ми оди накај жолто исто и тоа многу ми ја одржава свежа Инаку многу ми се допаѓа како ти испаднала и бојата и формата на косата
@JoanaS ти благодарам многу одлична идеја ми даде , само ехтон овде кај што живеам не знам каде да најдам еве овие две ги земав , шампонот и маската се надевам и мене ќе ми се погодат
Убава ти е. Неможе од одма. За некој месец ќе ја биде. Инаку, тоа црното доле само со шишање ќе се извади. Јас ке шишам и бланширам вака
Фала ти @srekice Убава е фризурата , па кога ми беше фенирана тогаш баш таква ми беше ко на сликата Наредно ќе се фарбам во декември , нема да чекам баш месец , ама ете да ми подрасне малку коренот. Земав фарба на Loreal majiblond 901s , нијансата е баш плава (посветла од оваа сега што ми ја ставија) со цел ете да се поосветли. Е сега не знам кој хидроген да ставам дали 9ка или 12ка Се мислев помеѓу оваа и Koleston 12/98 , сепак се решив ете оваа да ја пробам. Некоја да не ја има користено оваа на Лореал? @DevilGirl212 нема шанси. Колку пати и да се офарбаш нема да достигнеш плава боја т.е. нема да се покрие кафената. Мора прво со бланш па потоа фарба
Ако ја фарбаш цела со 6% хидроген можеш комотно. Кога ти е веќе осветлена нема потреба повеќе да ја оштетуваш. А за коренот... само со фарба ќе ти биде жуткаст секако. Или треба со бланш па после фарба како тонер, или јас ставам потемна сивкаста плава само на коренот а на остатокот светла, како shadow root, така и кога расте косата не штрчи мн корен поприродно изгледа. Ама во секој случај повеќе од 6% нема потреба.
Да па фарбата е од оние сивкастите (оваа по накај бело оди ) , ќе пробам цела коса со таа да ја исфарбам. Се мислам дали пак на фризер да одам да ме исфарбаат ма да мислам штом имам веќе светла основа , нема зошто.
@koritsaki, да заборавив. Кај вас ја има колестон. Земај и не му ја мисли ич. 12.81 е подобра, јас се фарбав со нив, но кај нас се скапи реално. Во Грција имаше и FADIAM Фарби, исто добри за плавуши.
Ама ако веќе ја избланширала на фризер што да иде пак... тоа е тешкиот дел. Само фарба е лесно сите се фарбаме по дома. Фино е на фризер да не се замараш сам ама па и доста поскапо е. Како и да е, ако е сега тазе бланширана треба малце одмор. Коренот може комотно сама, а после некој месец два види дали е спремна за уште една бланш тура или што год. Пошто факт е дека само со бланш се осветлува, може и со фарба ама тоа е минимално. За големите работи како бланширање подобро на фризер ама за оддржувањето може сама, а плава коса бара мн оддржување неможеш секои две три недели на фризер.
Јас изгледа не сфатив убаво или настана недоразбирање. Девојката ако веќе се исбланширала сама, тогаш нека не оди на фризер.
Не не, не ја имам бланширано, сакав да пробам ако има начин од кафена до плава да стигнам без бланш, дека не сакам да ја оштетам премногу.
@srekice да ги има фарбите Колестон , ќе видам помеѓу 12/89 или 12/81 некоја од нив да земам. И оваа на Лореал е баш иста како таа на Колестон. Викам 9% хидроген да ставам , страв ќе ми е да не ми пожолти косата.. @DevilGirl212 не се плаши од бланшот , само сама немој да го правиш тоа зошто така се оштетува , ако го оставиш бланшот премногу време на косата. Мене по бланшот ми ставија терапија олаплекс и навистина косата си е истата , воопшто не ми се оштети ни плетка. Само на фризер бланширање и нема ништо да стане
@koritsaki можеш да ги мешаш двете, една е со виолетов а друга сив тон. Со 9% е идеална комбинација. Нема да си жолта ни портокалова, Јас пред бременоста се фарбав со нив, имав супер плава коса. Имав и фотка ставена. Сега со некои Experta се фарбам и ок се, не е лошо.
Оффф извини јас сум ги смешала постовите. Ти си одговорила на @DevilGirl212 а јас пишувам за @koritsaki
@srekice фала за советите инаку имаш прекрасна коса , сонувам за ваква ем плава ем негувана @~Allure~ па и јас викам како што сум се фарбала и претходно дома , можам пак секако е сега ако видам разлика по некое време на коренот ете ако не секој месец, на 2-3 месеца можам да отидам да ми го средат израстокот со бланш
Здраво, со што се постигнува тоа, каде можам да најдам. @koritsaki каде се набавува таа фарба? и дали треба хидроген да купувам и други додатоци?
@SunnyGirl2 јас фарбиве Колестон ги купувам во Грција , по парфимерииве овде ги има на секој чекор во Мк видов случајно на фб дека ги имаат овие hairshop.mk па можеш да им се јавиш да ги прашаш за цена и др. Имаат и страна на фб , тука видов дека ги имаат фарбите. Е за хидроген , јас 9ка мислам за баш плава коса , 12ка не би ставала и ептен ја гори косата/кожата и мислам по жолта така испаѓа косата. Тебе сега каква ти е косата?