@~Allure~ Да, Еволушн 11.11 порано ја имам користено и супер беше. Дефинитивно е по сивкаста од Кенето фала ти што ме потсети за фарбава Јас на 20дена се фарбам, поради тоа што брзо ми расте косата.
@LejlaD (во потрага по идеална руса фарба која нема да и фаќа на сиво)да не замарам во другата тема . Можеби вакво нешто би ти завршило работа? Или некоја од русокосиве ќе даде совет плус?
@Biljarkata благодарам за предлогот.Дома имам фарба од Лореал,да не ми излези темна па немам стискавец да ја употребам.За оваа се работи.. Види го прикачениот фајл 560171 Ако има некоја искуство со ова бројче нека кажи-благодарам. @Biljarkata благодарам за предлогот.Дома имам фарба од Лореал,да не ми излези темна па немам стискавец да ја употребам.За оваа се работи..Ако има некоја членка искуство со ова бројче нека кажи-благодарам.
Јас оваа ја зедов, најверојатно утре ќе се фарбам. Да видиме што ќе излезе.. Ја има ли некоја користено?
Лејла, тебе косата ти расте бела преку 50%, така? И основата е светла, бело сива. Не би требало ова да фати темно, иако ми личи повеќе на медово дека влече. Да напишеш што имаш користено, што ти излегува сиво, па да пробаш постепено потемни руси варијанти од истата линија, штознам?
Нема темна да ти излезе. За седа коса препорачуваат чисти броеви како оваа 8. или 8.3(,3 е златно) Ако не сакаш сиво,немој зад бројката да има .1 ,.11 ,21,17,19
@Biljarkata и @Cosmi ви благодарам на советите,немам 50% бели,100% бела е.Можеби поради тоа сите плави на сиво ми фаќаат.@lovestoneddd исто бојата која ја има ставено од Сајос ја пробав пред некој месец сива добив.Ќе пробам @Cosmi како што вели бои со 8ка да пробам,а и таа на лореал 8G ме бендиса само кај нас ја нема,ќе треба кај комшиите да ја барам.
Без бланш Нарци. Само еднаш имам користено бланш и си ја испогорев главата од 5те минути колку што го држев и наплашена сум. Да видам што ќе излезе, па на фризер ќе одам ако треба, али и у нив немам верба дека ќе ми ја оправат косава. Инаку последнава година две, веројатно ми се има променето пигментот и влакното никако не ми прима боја. Жолта ми испаѓа цело време дури и со фарби кои ги имам користено кога имав преубава плава нијанса на косата. Едвај чекам.
Ама бланш никако директно на кожа, само на фризер и со фолија. Пиши како ќе испадне. Јас немам црвен пигмент, ама дури и сивкастите кене 1517 и еволушн 11.11 ми испаѓаа жолтеникави. Виолетов шампон не го сузбиваше жолтилото, тоа да знаеш дека на фарбана коса не делува, само на бланш. Сега сум со прамени и конечно ја имам посакуваната нијанса. Ова само ти предлагам да размислиш пред да се исфарбаш, ако веќе не си се исфарбала Инаку бојата е сон
Дали ти се верува дека имав боја на коса иста како од пакувањето погоре до пред 3 год, од темно кафеава природна што ми е, до таа нијанса, без бланш, со ефтина фарба у домашни услови. Буквално ме застануваа девојчиња на улица да ме прашаат со што се фарбам. И одеднаш рече не сака да фати бојата и крај. Ќе почнам у уроци да верувам. Фала ти инаку, ќе ви пуштам слика утре од исходот.
Поплукај се утре пред фарбање Имам другарка плавуша, тврди дека за време на мензис ако се фарба, не ѝ фаќа фарбата Може и хормони да се во прашање, којзнае. Утре чекаме слика Љепото
Ова не е возможно,ќе си пукнам ,само што се исфарбав со оваа боја-сива сум повторно,како со ехотон голубово сиво да сум ја средила
Е добро, колку лореал 8ки постојат? Ептен ми е криво Лејла, ама не се давај. Следниот пат оди по накај златно, еднаш ќе се погоди фарбата.
Нема воопшто сив тон бојата. Добра си зела 8 . Чист тон. Но,од тоа што читав ,тебе изгледа не ти фаќаат пигментите, и потребна ти е предпигментација. Пред фарбањето,за да ти фати бојата. Мораш на фризер еднаш да те офарбаат со предпигментација. Или да пробаш џинџер,иако и таа ќе се лизне од косата.
@LejlaD што и да правиш, само немој кна да ставаш. Советот од Косми стручно звучи, што и да е тоа предпигментација.
Што е предпигментација? Инаку со Сајосот погоре слика што ставив, не ми излезе до толку лоша, ама пак има малце жолта нијанса.
Предпигментација колку што знам се користи кај упорна седа коса. Мислам дека ставаат прво една боја без хидроген,па се мие, се суши,па се фарба пак но овој пат со боја и хидроген. Ти ако одиш на плаво земи си keune 1517 +9% или evolution 11.11 ,сајос батали,не се добри фарби.