Зошто ниту еден фризер ми го нема кажано тоа? Само гледаат да протераат низ раце и да наплатат солено. Инаку со Еволушн се имам фарбано порано, преубава ми излегуваше, ама сега никако не сака да ми фати. Се на жолто ми излегува. Али би пробала пак. Кое бројче би ми препорачала?
@lovestoneddd Јас ја имав користено 11.11 и супер ми беше. Сега таа на Кене 1517 ја користам и исто сум многу задоволна , разликата е што оваа Кене ми влече на плаво бело , додека другава е сивкаста. И секогаш 9% хидроген ставам инаку си 12 ми излегуваат жолто сите фарби. Последно купив една на Аура велвет тон 11а , гледам многу ја фалат за сива коса , беше на попуст па викам ќе и дадам шанса
На Кене ќе и биде редот ондак. Немаат хидроген со нив во пакувањето туку оделно се купува, така ли беше? Инаку, можеби до хидрогенот да бил проблемот, јас мислам дека све со 12% имам земано. :/ Фала ви
Другарка ми ги испроба сите руси фарби и повторно и беше жолтеникаво и портокалово обоена на некои места. Сега си го најде спасот на бланширање со ола плекс да и излезе косата скрос бела, потоа фарбаше со која било фарба дури и од најефтините и убаво и излегуваше. За да не се фарба толку често става силвер шампон, но го држи пократко за да не добие сиво сребрени прамени туку баш платинесто бели.
Да на фризер. Пробаше дома со бланш, не и излегуваше бело, секогаш жолто. На фризер и ставија и ола плекс и тоа помагало за да излезе побела нијансата.
Женски да ве прашам денес бев на фризер ми стави бланш и фарба и косата горе во коренот ми е жолта, а од веѓите надолу потемно плава со сив сјај. Силвер шампонот како би делувал конкретно сакам тоа жолтото горе да се среди па и надолу може малку посива да е?
Ве молам за помош. Купив ехотон 10 црна боја. Фарбана сум махагони. Како се користи ехотонот? За што служи не разбрав даки е за фарбање дали за што. Дали и колку е штетен?
Вака косата треба да е бланширана за да фати ехотонот. Во некое шишенце ако имаш со прскалка да го префрлиш за поубаво да го нанесеш ако не може и во тоа, стави во шишето малку маска за коса или силвер шампон. После на влажна коса испрскај сегде од ехотонот. Од време на време погледнувај ја бојата и кога ќе е добра измиј ја косата убаво. Ехотонот не е штетен како бланш и фарба, но ја стврднува косата и брзо паѓа. Јас го нанесов врз бланш и фарба и убава боја испадна скоро на цела коса.
Ама не ми е бланширана туку фарбана темна виолетова. Не разбирам, во самото шишенце да ставам регенератор за коса? После да ја мијам? Се става на чиста влажна коса? Остава ли флеки на перница? Колку време се суши? За што уствари служи овој продавачот ми реле наместо прилив и рече ова шишенце за корени ќе се користи 10 пати....
Јас знам дека треба да е бланширана за да делува ехотонот, ама пробај сепак ти сакаш да ја затемниш можеби ќе делува за затемнување без бланш. Да значи во шишето ставаш маска или нешто за да не е многу течно и поубаво да се распредели по целата коса. Па пожелно е на влажна коса бидејќи инаку ќе се потроши многу, тоа е течност и брзо впива во косата, затоа ќе ја навлажниш малку. После се гледаш како прима боја на косата и според тоа ќе одлучиш кога да ја измиеш косата, отприлика околу половина час би требало да е таман. Нормално ќе ја измиеш тоа ти е еден вид на фарба, со миење треба да ти падне многу боја. Нема да ти остави никаде флеки бидејќи добро ќе ја измиеш со шампон. Ехотонот всушност е нешто како одложување на фарбата, го нанесуваш меѓу фарбања за да не ја гориш многу косата. Некои викаат дека седел само до првото миење, меѓутоа баш и не е така мене ми седеше по месец дена, а и сега имам ставено последно пред 3месеци па сеуште имам сиви прамени од него. Така да не се плаши слободно нанеси, во коренот сигурно ќе треба повеќе ама во должината ќе фати од еднаш.