Па што не кажеш веднаш така, да не се објаснуваме многу На седи влакна одлично делува, така да немаш гајле. Нанеси го на начинот што ти кажав и уживај во бојата
Девојки ја зедов evolution 11.11 затоа што последен пат мн убаво ми фати но многу ми ја оштети косата а не се сеќавам дали со 9% или 12% хидроген ја мачкав. Кажете ми дали ако ставам послаб хидроген 3 или 6%,( кој од нив) нема да ми се оштети толку и дали ќе ми фати? И уште нешто, никогаш не ми стана јасно дали повеќе се оштетува од јакиот хидроген или од долгото време на држење на фарбата...... Може сликче како ти излегла, ако не ти е проблем?
@Височка 12% е јак хидроген и ептен ја суши косата. Дали со 12ката ти испадна жолта косата? 9% хидроген ти е најидеално да користиш за плава коса , а 6ка е за потемна коса. Јас па дојдов да ја критикувам фарбата на Aura Velvet ton. И дефинитивно со фарбиве е колку пари толку музика. Веќе со евтиниве фарби не се зафркнувам. На почетокот убаво ми испадна , баш сивкасто како што сакам , ама како се одмиваше леле луѓе , жуто па и коренот , како да се немам фарбано со недели. И сега по 20 дена си ја земав Koleston 12/96 , епа косата прекраснотија Мој совет доколку сакате да имате убава боја - одржување на бојата фарбање на 20 дена, фарбање со професионална боја за коса - Лорвен, Колестон , Кене, Еволушн...добра хидратација на косата со маски и масла. Спојлер: Коса
Убаво ти фатила бојата. Наредно ставај 9 % , 6 може ама ептен сиво може да ти излезе , а и за плави фарби не е препорачливо да користиш 6ка
Еднаш се фарбав со неа ама ми дојде потемна и убава ми беше само првата недела, брзо паѓа и жолтее. Моето искуство со Аура е дека не ја оштетуваат воопшто косата, ама ептен брзо паѓаат
Девојки кажете ми опција да имам светло кафеава коса мед боја на пример ама да не ја оштетам со фарби хидрогени. Што ќе ми врши работа. Ехотон можеби? Ако да колку миења трае? Или прелив или к'на?
Не може без хидроген. Посветла боја се добива со тоа што се вади природната боја од влакното, а за тоа помага хидрогенот. Ехотон и преливи немаат таква функција.
Можеш да ја добиеш светло кафеава само со фарба и да не ти се оштети воопшто.Бланшот е тој што ја оштетува.А со други средства освен фарба нема како да се осветли.
Олаплекс би требало да е за заштита на косата од оштетување, некој вид на премаз да речам. Не помага да излезе побела косата, помага да не се уништи кога интензивно хемиски се третира, како на пример со бланш. Или, би требало да помага.
Точно. Тоа е како еден вид заштита за косата и плус третман за обнова. Но фризерките велат дека со ола плекс побрзо влече бланшот и излегува побела нијанса. Само бланш ако се стави без заштита можело да излезат портокалови и жолти прамени.
Не е баш така... олаплексот и други производи од тој тип ја штитат косата да, на начин што формираат вештачки врски во влакното кои инаку во процесот на бланширање се кршат бидејќи бланшот има голема разорувачка моќ. Така да не го унапредува бланшот туку баш напротив му ја намалува силата..му се меша во процесот. Предноста е што можеш да си побезбеден да ставиш појак бланш со таа поддршка од олаплексот за да не се оштети мн косата. Затоа и се става олаплексот у некоја минимална количина за да не ја изремети силата на бланшот. Балансирање е у прашање. Ама немојте да мислите дека е семоќна работа...помага да, ама не е као дека скроз штити. Бланшот е тој што прави бели прамени. Појак бланш со појак хидроген и подолго време = посветла коса. Послаб со понизок хидроген и пократко време = портокалово жуто хаха. Само фризерот секогаш треба да има у предвид колку ќе издржи косата...може да си бела ама и косата да ти падне
Мое искуство, само фарбање дома никако фризер, после секое одење на фризер ми се плаче, кубат, кинат и ужасна сум после пола год. ја оправам косата со третмани... Дома се фарбам со Evolution 11.02 и одлично ми излага (ни сива ни жолта туку бела како што сакам) со 9% хидроген и тоа е тоа. Фарбање на 3-4 недели.
Девојки дали имате искуство со овој крем осветлувач на коса од Wella ? Косата ми е фарбана плава и бланширана веќе 5 месеца и гледам дека кај коренот ми жолтее по неколку миења од фарбањето, па сакав да ја бланширам само таму. Бев во парфимерија да купам бланш и хидроген , но продавачката ми напомена за производот погоре, ми рече штом дома планирам да се бланширам, овој производ ми е сигурен. Е зошто беше 20 евра во парфимеријата, јас го порачав од друга парфимерија за 14 евра. Ако некоја го користела нека каже. Знам дека се меша до хидроген , како фарба. На него пишува дека осветлува 7 тонови.. Баш гледам на интернет како и на други им испаднала косата Спојлер: Пример https://irecommend.ru/content/neodnoznachno-245