Ова изгледа како бланш во крем форма... кој е понежен на скалпот, што за корен е битно. Има вакви бланшови ама му пристапуваш како и секој друг бланш. Гледам само дека во препораките пишале да се користи со мн слаб хидроген... као мн е нежен производот ама користете го со 4% хахаха. Реално за корен и нетреба јак хидроген од друга страна освен ако сакаш и да осветлиш дел што претходно бил фарбан. И јас сега скоро го избланширав коренот ама имав таму ставано еволушн 8.1 што е смеѓа, а надоле ми беше светла. И позади ми остана флека мислев нема шанса тоа е релативно светла фарба... ама ете.
Јас земав и хидроген 9ка, викам со него да го мешам. Се надевам ќе има упатство некое внатре , колку хидроген да ставам и сл. Е сега и мене ми е позади проблем ,нема кој да ми помогне да го нанесам бланшот таму, ама како сака нека испадне. Важно основата ми е светла , и нема долго да го држам на глава
Не беше флека од што не сум нанела убаво.. туку фарбата ми оставила флека што бланшот не ја извадил. Офф ми се смачи од тој бланш мн е тежок.. пази што правиш ако решаваш сама мн е пипаво и проверувај често до кај е како е. Мене скалпот мн ми изгоре пошто не ставав фолии ништо... ако можеш фолија да ставиш подобро е, да намалиш колкава количина има директен допир со скалпот. И пази да не се изгориш..9% може да е јако за корен... со среќа
Заборавив.. генерално за бланш соодносот е 1:1 до 1:2 со хидроген. Поише хидроген ке ти го отвори повеќе влакното повеќе бланш тоа што ке влезе повеќе ќе ти избели така некако му доаѓа. Еве пишале инструкции на сајтот https://www.wella.com/professional/en-US/products/color-multiproduct/soft-blonde-cream/information
Еве ми ја косата бланширана со Wella blondor soft cream. Презадоволна сум. Кремот го мешав со 9% хидроген и го држев 15 мин. Наредно бланширање 6ка ќе ставам. Коренот ми двоеше од останатиот дел на косата (штета што не се сликав) и убаво ми осветли. Па се офарбав со Keune 1517. Сликава е сликана на сијалица сега пред малку. Баш ќе ставам слика и утре од денско светло ако некоја ја интересира
Па супер ти искочило јас не гледам ништо да двои, па и ако може со 15 мин само тоа е одлично...следен пат и јас го барам бланшов
Да , сега не двои никаде, поубаво не можеше да излезе може и за помалку од 15 мин осветли, не ни гледав на саат, само ја следев состојбата на косата и кога видов дека осветли се измив
Да, без 2м јас мислам не сме. И затоа барам решение кај што ќе ме осветли ама дур не сум со голем корен. Пред 1.5м се шатирав од корен ама не бива да чекам, плус кркљанац ќе биде. Имаш ти нешто решение? Светло кафеава ми е природнава
Јас бев баш минатиот месец и мислам дека ќе терам вака до крај на мај. А за дома не знам дали да се осмелам сама, јас сум со прамени, не знам како би извадила
Абе и ја сум со прамени, ама од корен. Покултурен корен од оној со фарба. Терам по 3м, ама ониј третиот више ме нервира ептен не го трпам. Е сега нема дома шатирање, само класика фарба
Исто. Ќе барам туторијали, па ќе ти пишам. Ај од напред ќе се средиме, ама позади, на маж ми и децава да дадам да се занимаваат
Гледав видео, тапира прамен, тапираниот дел го остава, другото мачка со бланш. После прелив на цела коса. Ако го изведам ова добро, на фризер ќе одам само за шишање
Види ја бе, ме с'ска за да пробам прва Чекам Корицаки да пише дали го има чудово кај нас, па може и ќе пробам.