Можеш и останатиот дел од косата да го осветлиш со ова секако ако планираш да го земеш , најубаво 3ка хидроген, мене многу брзо ми осветли со 9ка , може 5 минути само чекав. По ова да мораш да нанесеш нешто , дали фарба, дали прелив , зошто ќе двои од останатиот дел од косата. Стави некоја фарба слична со тој долниот дел. И јас сега кога сум плава не ми се експериментираше многу, и јас сакав во април на фризер во Мк да одам ама ништо , а и тука нели не работат , немаше шанса со толкав корен да седам
А како беше на скалпот? Јас имам на дел некои промени на кожата и ме пече едно 5мин, ама бланш немам ставано.
Па малку ме печеше да, неколку минути, потоа помина. Ако ставев помал % хидроген мислам немаше воопшто да пече.
Највеќе тоа ме разочара кај неодењето за мк, што не можам да се гледам веќе во косава. Ми е страв искрено да експериментирам по дома, еднаш така прамени ми паѓаа.. ама валда со 3% хидроген нема да има некоја штета.
Првиот ден еволушн 11.11, аура велвет 0.00 и 12 хидроген. Ама излегов како канаринец па следен ден само еволушн со 9ка. Е сега околу лице прамените искочија лила вториов ден па по 2 дена на мокра коса како прелив ставив од аурата 0.00.
Како дел од фарбите е, го пишува како осветлувач, ама не е бланш. Како бела фарба е. Се користи измешан со фарба (и јас така заедно) за да ја осветли дополнително. Е сега некој ден пред фарбање ќе пробам на еден прамен внатре како фарба да го искористам што ефект ќе добијам
Ќе пробам и јас, иако уште ми е рано, ама да си праам план со време. Само јас ќе одам со 6% хидроген, нека излезе и потемно, само да не е жолто
Е не знам не би требало ни со 9 да искочи жолто, додуша бе се разбирам многу. Иначе што порано се исфарбаш тоа полесно ќе се избленда со бланшот
Знам, сега па ми е шубе да не излезам некаде жолта, некаде сива, најлоша комбинација. Мене ми треба некоја бисерна нијанса, само за прамени. Ваљда аура велвет 0.00 ќе заврши работа, па ако треба прелив ќе ставам врз тоа.
Јас сакам да земам Еволушн 11.10 и 11.21, ќе ја земам и 0SP. Хидроген 9%. Има ли на алфа парф хидроген во ДМ? Муж ќе праќам у шопинг