Ако ставам врз бланшот да не ми се направи пепел цела коса. Евентуално да земам поголеми прамени, да издвојам дел со тапирање и така да мачкам.
Позади исто, ама само горниот дел од косата, а тоа што е повнатре не пипам, и така таму ми е природната, со по некое праменче.
Земи си тогаш бланш и фарба за прелив зависно како сакаш да ти се прамените. Со фарба ќе ушлакаш повеќе од тоа што сакаш
Епа прелив мора за да не си жолта, а пепелот ваљда нема ако ти е на здрава коса и го проверуваш на 5мин
Женски , а овие фарбиве Lorvenn дали ги имате пробано? Какви се плавите нијанси, трајни ли се фарбите? Последните три пати се фарбав со Кене 1517, ама тука во Грција не можам да најдам Кене фарба, во Мк сега секако нема да одам, па се мислам што наредно да ставам приближно на оваа нијанса. Фарби на Еволушн има, па со 11.11 можам да се исфарбам. Таа 11.10 каква е?
Што ќе биде ако се исфарбам само со Keune 15 17 Мм треба да иде во Дм по фарба, ако му пишам комбинации што да ми зема, леле мајко ќе биде. Ќе ме испцуе по телефон Што мука имаме ние плавушите @koritsaki, едно време се фарбав со една фарба FADIAM се викаше. Мислам од Грција ги носеа. Добри фарби се.
@srekice убава е 1517 ич не се мисли. Касно пишувам, може си ја купила веќе Туку сега на фб наидов на еден пост од женски.д.м , една девојка ја користела Evolution OSP. Ама самостојно ја користела , без мешање на друга фарба. И косата сон , плава бела целосно да ја земам? Да пробам Среќиче ќе разгледам мислења и за оваа фадиам
Топ. Малку е жолто светлово, ама пак не е жолта во косата. Ако е фарба, ваљда ќе можам врз бланшот да ставам, да пробам како бајалаж да направам, само со 6% хидроген. Многу ми е страв да не ја изгорам косата, некако почна да губи сјај, иако е премека
Вака сигурно не би ми испаднала, пошто сум темно смеѓа, ама пак да е светла, а не жолта. Ќе пробам на внатрешен прамен. Се надевам дека ќе ја најдам фарбава тука
Да и јас не очекувам вака бело ама нејќам и сиво и затоа мислев да не ја земам 11.11 Ја порачав оваа па ќе пишам кога ќе се исфарбам
Јас земав Keune 15 17 и Evolution 11.10 Ќе идам 1/2 еволушн и 1/4 кене. Ќе ви пуштам слика деновиве кога ќе најдам време да се исфарбам. Со пред и после.