Да се подисуши ќе сликам. Али вака шо гледам, не ми се свиѓа. Некоја лешник боја испадна, 40мин. држев. Пак ми е некако жолтеникаво, се понадевав бар на некоја пепеласто смеѓа нијанса. Е сега може има врска и 6% хидроген, а и соодност е друг кога ќе смешаш цела туба со хидроген. Јас ставив малку боја, отприлика дупло повеќе хидроген. На денско најубаво ќе се види.
@NarCis@ каков е резултатот? Мојава фарба уште не ја испратиле, ако не со време да ја откажам нарачкава
На денско светло. Коренот што е потемен е мој, тоа на средина е фарбата на природна коса, подолу е бланшот. Фарбава мислам може само за над бланш ко прелив, за фарбање, мене не ми се свиѓа. Се мислам дали да пробам со појак хидроген, иако пак мислам ќе има жолтило.
Бланшот со природната поубаво ми стои, оваа нијанса не ми одговара на тенот, некако топла е. Гледав вчера и бланшеви, ама ептен ми е шубе, да не испаднам ем портокалова, ем изгорена. Ќе пробам деновиве и на Аура велвет, па ќе видам таа како ќе испадне. А само фарба ако ставам без хидроген, има ефект? Не за осветлување, туку онака само за боја да има на прамените.
Јас докторирав деновиве читајќи на српски форум. Аура бланшот е доста фален, многу добро белел а не делувал преагресивно на косата. И да излезе жолто, банана жолто треба) на мокра коса иде преливот и добиваш боја што ја сакаш) еве сега мене шатираното ми е бело ама баш бело. А за само фарба не знам ама мислам не може. Нема да ја изгориш, на 5мин ќе ја проверуваш. Мене ми е страв ради проблематичен скалп иначе така ќе се фарбав немаше да се заебавам со фарби
Ако ставаш бланш, само со 6 хидроген. Можда и 3-ка,зависи каква ти е во живо бојата. Ако ставиш појака, ке бидеш пожолта. Ова искуство од паталец И преливот ке го ставиш на мокра коса со кило маска на тебе. Исто како фарба, и држи десетина минути. Немој на цела должина, само корен
Баталете ги аура велвет тон, особено таа 0.00 ништо нема да направи и греота е да ја мешаш со еволушн само квалитетот на еволушнот ќе и го спуштиш. Со фарба каква год да е неможе да се осветли толку како со бланш секогаш ќе биде топла боја ако основата ти е темна. Бланш сама да ставиш на цела коса е малку ризично пипава работа е и најверојатно ќе си ги изгориш врвовите што ти се веќе бланширани. Ако сакаш да смениш тон земи потемна пепеласта фарба 8ка или 7ка и 6 хидроген. На бланшираните врвови со неколку миења секако ќе осветли па може да добиеш интересно омбре. Или ако сакаш да ја осветлиш можеш со 9 или 12 хидроген и пепеласта светла фарба или со таа осп пак да пробаш евентуално незнам.. бланш сама е тешко стварно. Незнам кој најдобар совет да ти дадам... Инаку, само фарба без хидроген неможе со вакви фарби не се така формулирани ништо нема да направи без хидроген, мора хидроген за да ја активира.
Нема совет, фризер ме средуваше, сега нешто експериментирам Се фарбав пред неколку години и со Кене 1517 и Еволушн 11.11, ама пак ми беше жолтеникава косата. Ќе ги искористам фарбиве за прелив.
А која ја препорачуваш? 11.11 еволушн жолто ми фати со 12ка, исто и кене 1000 со 9ка Не сакам сива, не скроз бела нешто баш измеѓу, убава плава
@koritsaki на 60мл фарба колку мл хидроген оди? И мене не ми ги доставија фарбите, а стои дека се стигнати тука. Маж ми земал хидроген на korres си користела претходно?
Фирма и бројче ми требЕ Имма еволушн 11.02 дома за следен пат ама више неам памет. Пред 12ина години со палете се фарбав цела жолта не бев. Овие волку извикани како канаринец, среќа прамените ме вадат
Јас немам убаво искуство со Еволушн, ама ајде си реков да пробам. Кене пепел ми ја направи косата тогаш. Сега ми доаѓа пак природна да ја пуштам, и одново цела со бланш да ја направам како омбре, само прелив да ставам еднаш месечно. Ама долга ми е, кој ќе чека толку. Уште Аура ми остана да ја пробам. Може од понеделник да тркнам да го земам бланшот што е во ќесичка и да извадам некој прамен сама. Чисто ме интересира како ќе испадне тонот, па за да си знам понатаму дали сама да се правам.
Епа и јас тие кесичките од дм ги користев... за некое праменче тенко напред колку да пробаш може не е страшно само замотај ги во фолија да не ти се допираат до косата. Мене еволушн ми се топ ама бланширана ми е основата па затоа е лесно. Бисерна баш ни јас не сум нашла ја користев 11.21 што е светла со розеникав сјај и 11.11 сивата ама па после некое миење не е толку сива веќе шознам... аура велвет тон не се мн квалитетни брзо паѓаат и се примеќа дека се ефтино направени како разводнет им е пигметот. Друга мене ептен ми ја осветли гарниер 111 со хидрогенот со кој иде во кутија ама и доста ја оштети мислам 12ка е хидрогенот што го ставаат иако не пишуваат.. истата и како прелив ја имам ставено со посебен хидроген 3% и тогаш излезе поприлично посива. Како и да е не се ослонувам премногу на фарбата за осветлување туку повеќе како тонер/прелив ги користам, ама за ниво до две и тие осветлуваат. @wannaBeMomma[/USER Едит: може не беше 11.21... platinum irise се викаше знам може не и беше баш таа бројка Такви тонери за на мокра коса јас не сум нашла кај нас, па класичните перманентни фарби ги користам како тонер што идат на сува коса. Инаку и јас кога бланширам корен обавезно ми е лом скалпот ...може и до две недели да ми требаат дур ми се опорави. Едино што приметив ако ставам фолии чисто да нема слоеви и слоеви бланш да ми го допираат скалпот помага да не ми го гори толку. Пробај бе една друга ќе видиш како ќе се заразиш безвезе ви одговарам не ги читам по ред постовите..