@Yowannty 1:1 пишува на кутијата, е сега бидејќи има 250мл , а тоа е премногу да го ставаш цело, ако ставиш 60мл хидроген , 60мл ќе ставиш и од бланшот. На Коррес немам пробано хидроген , на Апивита да хидроген е хидроген , сите ми се исти а ова со пакетиве остај , вчера бев чекав ред пола саат и кога дојдов на ред ми викаат пакетот не ти е тука , ќе ти го донесат дома Денес порачав фарба на Korres,имаат фини плави нијанси, тие немаат абер Еволушн да ми ја пратат не можам да чекам многу коренот ми е подраснат морам да се фарбам. Нивни фарби имаш пробано? Едит: @buba4e89 видов дека не сум ти одговорила за косата како ја направив плава, повеќе разлистај низ темава , имам се пишано Blondor мене одлично ми се покажа кога се работи за осветлување на коренот, тоа е бланшво вид на крема што не ја гори косата како др бланш и препорачано е да се користи до послаб хидроген , на пр 3% , зависно од основата на косата
@koritsaki со години на фризер се средувам па поима немам од фарби сега. Последниот пат шлапнав 12% хидроген сама, па прамени ми се откинаа и престанав по дома да експериментирам. Ама сега ситуацијата така налага. Од тебе прв пат прочитав за Апивита дека имаат фарби, а јас слаба сум на брендов, веќе имав нарачано, ама за следен пат ќе разгледам од нив. Блондорот е 200мл, ама преливот што го земав е 60мл, сега се мислам дали е доволно или да нарачам уште еден. Се собрана ми е косава, па заборавам колку ми е порасната. Уште да најдам како да измерам 60мл од хидрогенот и таман. Ќе сликам пред и потоа чисто да си видам што сум напраила. Пред експериментот со 12ка хидроген знаев што праам и добро се снаоѓав, па валда сега со 3че нема да ми падне косава. А би требало да е многу подобро од ова каква е сега. Ех што ќе си се средував денеска, ама не стигнаа маме им јебем. Денеска не очекувам да стигнат, значи останува за другата недела.
ACS би требало да ти ја достави нарачката, имаш тракинг број и можеш да ја следиш нарачката каде е, ако ACS ти е близу според бројчето можеш да ги прашаш ако не ти се чека. Да , Блондорот е 200 мл , моја грешка. Во некој мерник измери си од хидрогенот со тројка нема шанси да ја изгориш , само ќе си проверуваш колку сакаш да ја осветлиш косата, треба некоја жолтеникава боја да ти дојде. А тој дел фарбаниот , каква боја ти е моментално? Каков прелив потоа ќе сакаш да ставиш?
@koritsaki да да, ми проверува маж и еве сега покажува дека се во Солун. За мерење хидроген најдов шише од бебла што веќе не го користи, па со него ќе се послужам. За после блондорот од оваа линија на шварцкоф го земав toning ice Спојлер Последен пат пред точно година ми е третирана косава, балајаж со сивкасти тонови. Ама бев трудна и не беше баш од корен туку 2 прста од корен и највеќе ме нервира што доста ми порасна и изгледа ко пресечена. Иначе мојата каде што веќе е третирана нема толку нападен жолт сјај Спојлер Ама е доста порасната и тоа што изгледа ко пресечена и новиот дел што не е третиран од коренот до третираниот дел многу ми се мрси, светлите делови се потсушени и тоа страшно многу ме нервира. Е сега за blond me стои дека е тонинг што значи тонира, а негде стои дека е фарба, и пишува дека оди на сува коса, ама тој лукзуз не знам дали ќе можам да си го дозволам после блондорот да ја чекам да се исуши. Па мислам да го шлапнам на водена, па што биде биде. Верувам веќе третираниот дел фино ќе го дефинира, е за другиот ќе биде или џа или бу.
Зависи Мислам ти шатирана си така? Ако си шатирана, неколку опции имаш: 1. Шампон Фанола - најбрзо и најлесно 2. Ехотон, зависно од желбата, сребрен, голубје сиво или пепел сиво. Кој и да одбереш, измешај пола ехотон со 2 лажици маска за коса, нанеси со четка за фарбање или со раце, триј малку. Држи пола саат, миј се нормално. Пепел сива ти е најтемна од овие. 3. Колор шампон црн на Викториа. Стави на глава, држи не повеќе од 3 мин. баш метално сива испаѓа
Шатирана сум, имам виолетов шампон, ама имам и две фарби кои завршија неславно, па да ги искористам за прелив сакам. Знаеш, да се не баци И имам 3 6% хидрогени, па дали може да ги искористам за прелив, или да си купам утре 3%.
@NarCis@ јас ко се фарбав плава правев прелив со фарба со ash тон, некоја капка хидроген 6%, малку вода и регенератор за коса. Оставав дури да почне да фаќа сивкасто и ја миев. Сега се шатирам 2 години скоро и не ја гибам, последно се шатирав февруари ама секако терам по 5 месеци, ова пресно ми е. Му ветив на фризерот дека нема да почнам да се фарбам пак.
Ќе ти се најдат за другпат, стојат ништо не им е. А зема ли бланш да пробаш на праменче? И дали сакаш коренот да ти остане природен.. пошто на сликата викаш само на средината си ставила. Ако си се предомислила не се секирај за фарбите ќе се најдат, а ако се решаваш... може да се искористат само и двете ти се за во комбинација со друга фарба, осп за да зголеми моќ на осветлување, а аура 0.00 како филер можеш да ја искористиш кога сакаш да разводниш некоја нијанса. Ти фали класична фарба, ќе ти треба нешто што има пигмент да ги покрие топлите тонови, затоа ја зимаат 11.11 или јас 11.20 што е како лила. И појак хидроген ако сакаш да осветлуваш со фарба. Еве гледам препораката за осп е пола фарба (30мл) осп плус пола плава платинум фарба (30мл) ова дали 11.11 дали некоја друга која сакаш и тоа со 120мл 12% хидроген. Па после 6% можеш за прелив или за оддржување со остатокот од фарбата да си го искористиш. Стандардните еволушн фарби се мешаат 1:1.5 .. фарбите се по 60мл идат со 90мл хидроген.
Не зедов, нели викендов во карантин Сакав да купам, ама вчера ми излегоа фејлови со бланширана коса, и некако се премислувам Инаку косата на горниот дел ми е со ситни прамени и нема некој голем корен, а долниот дел и внатрешноста се мојата природна боја, на врвовите имам бланш, како на сликата. Јас сакав цела да ја осветлам, ама не сакам лешник и чоколадни нијанси. Дури се мислев да ставам бланш на цела коса, па прелив од фарбите, ама веќе се премислувам. Знам порано една другарка ставаше бланш во шампон и така ја бланшираше косата, ама јас сум веќе бланширана, и не знам колку е паметно тоа. Вчера на прамен ја пробав Аура 0.00 со 6% хидроген, ама ем не ја осветли, ем некако како пооштетена да дојде косата.
Јас сама ја бланширам косата ама два дена процес е тоа и пипаво е ... има реално ризик и да се утне и да се оштети. Таа на аура не е за тоа, за разредување е на други фарби. Таа другата осп на еволушн е за осветлување ама со фарба... нез јас не сум ја пробала ама вика до 5 нивоа осветлувала, а бланшот е до 6-7 нивоа така да ко за продукт што не е бланш мн ветува ама нез колку исполнува не сум го пробала. А дека ќе се оштети тоа сигурно нема бегање тука.. само да не е премногу да има простор да се врати. Нез ај види што ќе одлучиш па сподели
Ќе ми снемаат прамени за пробување Најверојатно ќе ги искористам за прелив со друга фарба. Не сум ја пробала Еволушн 11.20, па може да ја измешам со осп, 6% хидроген и регенератор и така да ја нанесам врз цела коса некои 10 мин. колку бланшираниот дел да прими боја. Али ум за другпат, ако ја бланширам косата, цела наеднаш на природната боја, без вадење прамени. Мислам дека е многу полесно за одржување.
Не не, ако користиш осп ќе си земеш појак хидроген и ќе си чекаш 55 мин по упатство. Со 10 мин ништо нема да се случи. Овие фарби не се како оние течни тонери не функционираат исто. А после ако сакаш пак можеш да се исфарбаш само со фарба и 6% хидроген ама пак си чекаш 50 мин. Строго по упатство. Иначе нема да го видиш ефектот на фарбата. Ако чекаш само 10 мин или пак мешаш регенератори итн ќе добиеш пак таква каки боја.. Бланшот е друга приказна, ама со фарбиве строго по упатство
Е нез не сум го користела.. ама мислам дека тоа нема пигмент туку само за осветлување е. Ако сакаш само на бланшираниот дел да ставиш можеш фарба да земеш со 3% хидроген и тоа да ставиш на нив, ич нема да се оштети само ќе се тонира.
@koritsaki женска ми стигнаа фарбите. Арно ама, јас мислев дека во нив ќе има од оние мали професионални балсамчиња, оти ниеден балсам/маска за коса што го имам користено го нема тој ефект како оние што доаѓаат со фарбите заедно. Да нарачувам допрва нема шанси да стаса неделава, а прашање е и дали ќе стаса и следната недела со оглед на тоа што е празник. И сеа не знам на што сум. Ја суши ли многу косата блондорот? Беше остра? Што користеше за измивање? Ќе си пукнам, се прерадував кога стигнаа утрово, а сега цел ден се мислам и премислувам што да праам... Ги читам инструкциите за блондорот стои да се употреби на неизмиена коса и се мислам што значи тоа. Не ми се смеј одамна сама не сум се шлакала по дома. Неизмиена како неколку дена неизмиена и малку мрсничка или се мисли на неизмиена како сува да е?
Оо да, нема внатре балзамчиња само во фарбине во кутија што содржат и хидроген и фарба , само во нив има. Па не знам , јас да ти кажам одма ставив маска по блондорот, пожелно е да ставеш било маска , било да е балзам. Тркни до аптека купи од тие маските во ќесичиња на Апивита што се Да ,на сува , неизмиена коса се става (да не ја имаш миено неколку дена, така мрсничка да е ) ајде со среќа, па чексм да пишеш што ќе направиш