@koritsaki Епа таман денеска ми е стасана за фарбање. Имам маска нa Le Petit Marseillaise, ќе ја остаам подолго да ми стои кога ќе завршам. Ќе ја шлакосам денеска па што биде биде. Тенкју, ти дужам фарба.
Да ,да епа добро каква и да било маска можеш да ставиш , држи ја повеќе време во пешкир па измиј се. Нема проблем Јас да пишам дека ја чекав фарбава да ми ја пратат на Korres, ама дека касни и кој знае кога ќе дојде ме фати инат и земaв фарба на Garnier color sensation 10.1 Ја шлапнав на глава, не сум нешто задоволна како излезе, по на беж-жолто излезе , а јас си сакам по бело , Keune си е Keune , ама што да правам кога немаме овде Од овие Еволушн која е ко таа на Кене 1517? Наредно ќе се фарбам со 11.11 ако не евентуално со оваа 11.10, најслична ми е некако со 1517
@koritsaki завршив со блондорот само. Не сум задоволна, ама моја грешка. Место 3%, требаше 6ка хидроген да земам дефинитивно ќе беше топ, и плус соодносот не го подесив баш како што пишуваше. Се мислев утре да повторам постапка со 6% хидроген ама ќе оставам за нареден месец, да не ми дојде премногу. Ќе земам 6% хидроген секако за тонирањето утре. Добив некоја медова нијанса, ама недоволно светла за да не ми изгледа ко пресечена. Пак сум на нула.
Јас 9ка ставив, ама во упатствоѕо пишува дека и послаб може да се стави.. Колку време го држеше бланшот? Ништо, сега не ја чепкај косата, нека одмори малку, па нареден пат пробај до појак хидроген. @Yowannty
Farbaj ja so boja kako sto sakas, ili povtori pa toniraj. Slab hodrogen si stavila i si trebala podgo da drzis i da pratis beleenje
Не ми стигна никаква нотификација, случајно видов нови мислења реков да прочитам, па видов сте коментирале. @koritsaki во инструкции стои од 6% нагоре. Мене искрено ми е многу страв за поише да не почне да ми се кине пак затоа земав 3че. @wannaBeMomma не само што беше слаб хидрогенот туку и не стаив доволно. Моја грешка е признавам. Не тонирав денеска, мислам дека нема поента, горе сигурно нема да ми фати воопшто. Да ми одмори, па ќе пробам викендот после Велигден да повторам постапка со 6% хидроген и дозирање стриктно по инструкции овој пат, да не си играм играчки. Едит: корицаки, видов стигнала и таа на Корес па да пишеш како ќе те бендиса. Иначе и сега не ти изгледа лошо на сликата.
Добро е битно виде Не не тонирање не ти врши сега работа. Мораш да ја избланшираш пак па да тонираш, ичи врз тоа да фарбаш сега. Мада мислам првото ти е подобра опција. А каква фарба зема? Не знам дали пиша
Земав ваква на шварцкоф toning ice, Нешто меѓу фарба и тонер е. Имам трауми од откинување на коса па ми е страв баш баш фарба да стаам одма после бланш.
Те разбирам. Не би требало. А и оваа се меша со хидроген така? Поагресивно на скалп и на коса е акп се става фарба врз бланш, ама вака ко прелив т.е на мокра коса е поок. Ај ваљда кељави нема да останеме
Да да, се меша со хидроген. Абе пишува дека тонира и корегира жолтило, така делува ко прелив, а од друга страна пишува дека се нанесува на сува коса. Го немам користено претходно на ризик го земав... Валда нема да ми се кине пак косава. Ја планирам на водена да го нанесам.
Немај гајле не се уништува така лесно. Јас пред година ипол правев деколорирање (значи бланш) ша 2 пати на тоа фарбање, па во ист ден 2 пати вадење ситни прамени за балејаж јер првиот пат нешто утна и бев кафеава и од тогаш навака на 3м вадев прамени, а на цела коса прелив. Е сега што реѓив да сум скроз плава па немам тепение да е постепено. Едно 2 3цм ми се за шишање се друго е ок
Ејј познато ми е и деколорирањето, го поминав пред некоја година и ја. Јас бев и сум во план да шишам 4 прсти сигурно, само како тргнала работава и тоа ќе да биде во домашни услови. Да не случајно знаеш какви професионални балсами за коса користат по салоните? Или некој ако знае нек сподели инфо да се опремиме.
@Yowannty Тука кај нас во Грција барем во неколку салони што имам одено, гледам користат доста од Loreal, Moroccanoil, Kerastase, Schwarzkopf professional На Kerastase и на Moroccanoil имам користено шампони, маски , балзам за коса, поготово на Мороканоил се врв, само доста се скапи ја имам пробано поточно колекцијата за волумен. Од тука порачувам јас https://ikonomakis.gr/collections/treatment
Од темава, уште на недочитано човек да го фати желба за да се зашлака со фарба, бланш, прелив, силвер шампон, коктел-микс. После ќелавата пејачка репрезент. Јас ветив дека нема да правам експерименти по дома, ама нема да пропуштам прилика да си се пожалам. Ме нервира израстокот и тоа ептен, последниве неколку недели исто ми се фаќа дали сум миела коса или не, коренот изгледа лошо уште наредниот ден, а остатокот нема мака. А не дека ептен драстично дели, ама сепак по толку време и на таа должина која ја имам, пола коса одоздоле ми е израсток и многу ми се мрси нефарбаниот дел. Горе на горните прамени не ми се познава нешто многу. Заборавив на овој детаљ, дека фарбањето ептен ме спаси од прекумерното мрсење на косата и сега се оправам со демони од минатото. Природно плава сум, некој микс од caramel & honey blonde, вадев прамени во ноември и ми испаднаа отприлика две нијанси посветло, како што и сакав. Без бланш, само со фарба ми вадеше прамени фризерката, ама мешани се повеќе нијанси и ме фаќа паника дека нема да ја погодам нијансата и дека ќе се пожолтам или ќе испаднам шарена ако правам нешто сама. Ставав прелив Fanola no orange на три недели отприлика, амаааа ми се потроши како за беља и сега чекам да се случи чудо и да почне со работа фризерката. Планирам да ставам платинум блонд колор шампон, чисто така да ми се освежи бојата барем малку. Дали дека и природно сум светла, ми прави мала разлика шампонов, но кратко трае ефектот. Ама со коренов (поточно, со пола коса) шупраиме. Требаше месецов да се шатирам, ама прц. Стварно ми е смачено од мрсната коса, а ич не се осеќам вична да земам сама дома да се средам. Други праменуши има ли? Наздравје мрсна косичка за слабаците како мене.
Шварцкоф најчесто ама ништо посебно. Јас ја користам калос цело кило за 200 денари хаххаа одлична е Јас да сум на твое место цела ќе се праам платинум блонд
Нема да ми стои на тенот мене, многу сум бледа, уште сивкаста коса ми фали. Нешто малце потопличко, како кај оваа женскава од аватарот ми е топ. Ама џабе ќе се силам, не ме бидува баш за овој спорт, ново ми е ова со ваков-таков хидроген. Ќе гуглам уште малку па ќе видиме што ќе испадне на крај. Колор шампонот ќе ми држи наредните десет дена, ама мрсниот корен утре ќе ми иде со чупалица да го кубам.
Можеш и така. Отвори на српскиот форум и ќе докторираш ко мене, верувај @Yowannty сега се сетив, доколју ти е страв дека ќе ја спржиш, или во блондорот или на косата стави некое масло за коса. Тоа читав и гледав по јутјуб кога се бланшираат по дома
Јас ја користам маската за сува коса на Алфапарф, косата ја прави памуче. Вчера баш читав за нанесување масло пред бланширање и пишуваше не за тоа. Маслото го намалувало дејството на бланшот и бојата може да испадне лошо. Баш пак ќе прогуглам после да го побарам и ќе постирам.
И јас ради тоа немам ставено, а пишуваат дека ставаат и на јутјуб отвори ќе видиш ја топи цела кпса во масло па бланшира Која е таа маска?