@koritsaki аииии ама соленки цениве мислиш позлатени се. А неколку ми фатија око. @wannaBeMomma леле не, мене од калос страшно ми паѓаше косата едвај ја опраив. Едно време пантен многу беше добар ама го расипаа и сега нон стоп менувам со надеж дека ќе најдам нешто што ќе ми одговара. Овој на @NarCis@ ми фати око, валда го има овде.
Мене ми е одличен. Пробај го и ова на Елсеве, исто сум многу задоволна. Го купив шампонот, исто е предобар, а денес и регенераторот да го пробам.
Да, а секако има многу подобри за помали цени го следам фризеров што ја има странава , на едно од видеата на јутјуб спомнува дека за негувана плава коса , не помагале природните шампони и маски бидејќи им треба време да дејствуваат, а на плавата коса и е потребна голема хидратација бидејќи од честото фарбање и бланширање се оштетува нели повеќе косата.. срга не знам што да верувам од др страна па , јас имам слаба/тенка коса и шампони со силикони ми ја мастат повеќе косата , ми ја "отежнуваат" да кажам
Земи си сув шампон и прскај си кога ќе се измрси, тој ионака остава малце бело како тонер ќе ти дојде Ако си природно светла колку лесно ќе ти биде...што сакаш можеш да направиш, можеш и само со фарба и да не ти се оштети ич...
Сувиот шампон ми е најдобар другар, без него тешко да издржи и толку косата. Мислам дека го сфатив штосот со прамените, имаме напредок, ама се плашам да не испаднам шарена и да не не ми фати како што треба па да имам одоздоле потемно како оди кон коренот и уште посветли делови кај што имам остатоци од веќе осветлените прамени. Тоа ми е додуша најголемиот страв, другото и не ме плаши толку. Ќе гуглам уште малку па да видиме.
Да го раскажам пак моето патешествие Купив 12% хидроген и еволушн 11.11. Измешав осп, 11.11 и дупло хидроген и држев 50мин. Испадна нешто посветло, ама топла чоколадна боја. Значи дефинитивно од мене не за осп. Шатираното испадна убаво, ама другово Фарбата ќе ја искористам за прелив, ама понатаму, пошто ми се смачи на 3 дена да ставам фарба. Не ми е јасно како не осветлува осп-то, кога пред години се фарбав со 11.11 со 9% хидроген и ми осветлувала косата скроз. Ова, ко ништо да не делува. Среќа само на еден прамен пробав, инаку ќе шетав жолта.
@NarCis@, за плава коса, само 9% хидроген. 12% е наменет за бланширање. OSP нема голем ефект, единствено ако веќе ви е плава, па сакате надоле да ја освежите. Иначе во корен чисто се сомневам дека би испаднала бела ко девојката на сликата.
Истото го помислив, може била смеѓа, па испаднала таква бојата. На сајтот на Алфапарф за осп пишува дека осветлува 5 нијанси, јас сум темно смеѓа, ама не сум имала проблеми со осветлување никогаш, па затоа ова ме чуди.
Дека мајка ми е фризерка и знам OSP го користи генерално за да добие одредена нијанса на црвенo, но подлогата мора да е светла. Ако на темна коса ставиш црвена и OSP, нема да фати нешто многу. Затоа и ко што кажа ти, само на шатираното ти фатило убаво.
Не знам како со плава фарба си добила чоколадна, чудно мн Јас земав палете е20 таа е со бланш, и горе ќе и ставам прелив а10 од истата. Јас сум веќе плава ама сакам да има бланш за да фаќа лила шампон, преливи итн. Ова предниве прамени толку упиваат пигмент тоа е чудо
Топло чоколадо Посветла е, ама не е плава. Не знам, може дека најназад на косата, па таму потешко осветлува. Баш после ќе сликам пак. А шатираното преубаво излезе. Да ми беше цела коса со бланш, не само прамени, ќе ја добиев баш посакуваната нијанса. Јас со Палете имам лошо искуство. Дури и со темни нијанси, многу ми ја гореа косата тие фарби.
Ради бланшот, после ќе видам. Еве па и оваа еволушн 11.11 толку фалена, по прво миење жолт коренот. Стварно не знам која веќе
Јас се што научив беше од youtube ама само од видеа на професионални фризери ги има многу еве една за пример https://www.youtube.com/channel/UCQRi9AqAtLRkzzmxcdc5kKg Нез што да кажам.. очигледно само со бланш кај тебе. Можно е исто пошто само на еден прамен ставаш па да не развива доволно топлина да се развие целосно или да се суши.. нез стварно. Ни јас не се потпирам на фарба за осветлување ама па ако си смеѓа па со 12% требаше бар некоја плава нијанса да е не чоколадна баш ми е чудно. Тоа е мислам друго за црвена е бустер 000SSS повеќе ги има. За ова осп си пишува за што е намената... еве линк. http://www.alfaparfmilano.com/en/color/evolution-of-the-color/super-rinforzatore-schiaritura/ Мада не сум го пробала па да не тврдам. Иначе бланш може со било кој хидроген да се користи, хидрогенот ја одредува и јачината но и брзината на осветлувањето. 12ка е најјако и ја искрено го избегавам пошто за пола саат може да ти исчури косата. Мене на пример доволно ми е бланш со 6% за корен сега, а првиот пат со 9% за цела коса кога пројдов. Порано на фризер ми вадеа прамени со 12% и секогаш ми чуреше косата и ми се кинеа после... така да бегам јас од 12% бар за бланш, за фарба е друго.
Помислив да не има врска и дека е еден прамен. Не знам колку постотен хидроген става фризерот, ама не ни седам долго со фолии на глава, одма ми фаќа бланшот. И да, се суши одма праменот, ама не помислив дека тоа има врска. Сега ми е криво што уште првиот пат не ја бланширав цела коса наеднаш, па само преливи да менувам.
Јас ко тебе пред да се осудам да шлапнам на цела коса исто тестирав на прамени ... ама тогаш реално и појма немав што правам хаха и ставив на прамен плава фарба и ништо не се случи ама се исуши скроз колку што памтам и си го чував така сув си чекав да се развие хаха. Уствари штом се исуши престанува да дејствува ама толку знаев тогаш.. сега незнам кај тебе кој точно случај бил. Јас кога решив шљапам па што сака нека биде тогаш видов што е и како е, со искуство се учи. Размисли си ај хаха да не те форсирам па и ја па да се зезнеш. Едит: исто се утепав од гуглање и видеа гледање дур да сконтам, не е за потценување реално не е толку просто
Па не сум фризер ќе ме јаде совест ако дадам совет па не искочи ко што треба, а и мн непредвидливо е ионака дури и на фризер а камоли вака со совети на форум
Женски, дали некоја правела прелив со фарба и наместо да се додаде обичен шампон, да се стави силвер? Фарбава на Гарниер што ја ставив минатата недела е крш и косава ми е ептен жолта , па викам прелив да ставам.