Стави фарба што е сива, иначе можеш и така ама нз колку ќе биде ефикасно Инаку јас изедначив коренот со остатокот, Палете е20, а палете а10 како прелив но само фарба и хидроген без шампон
@koritsaki женска, ја којзнае што сум напраила. Минатиот пат божем хидроген 3% на него стои 30. Маж ми го имав пратено. Арно ама не приметив што стои на хидрогенот. Пред некој ден го пратив по 6% ми вели по аптеки му рекле дека нема таков. Па подоцна ѕирнав јас некоја аптека што беше отворена, немаше никаков и на крај пак во оваа што ми е близу најдов само на Коррес, прашувам да ми покаже кој е најслаб имаше 20, 30 и 40. Што е со бројкиве да не знаеш? Зарем лупнав 30% хидроген на глава минатиот пат?!
Volume 30 е 6% хидроген. 30 постотен не постои Значи ако сакаш да купиш најслаб т.е 3% треба вол20 Извини вака неповикана
Тука ако кажеш сакам 6ка хидроген или 9ка или 12ка не се разбираат , не знам зошто.. се водат според степен ли се вика 6ка - 20 вол. (Они го викаат икосари) 9ка - 30 вол. (Триандари) 12ка- 40 вол. (Сарандари) И јас ги правев грешкиве со хидрогениве сега ги научив веќе Значи ти 9ка си ставила
Лелеее среќа кратко го држев, а и не стаив многу. Еј едвај се разбравме што барам, овде оксиџено го викаат, бар така се разбравме. Ама поима немаа од колку посто, кога ќе речев 6% мислеа барам некоја фарба со тој број. И на крај земав уште еден 30ка.. Да се симнам утре да побарам 20ка ако не, помалку од тоа не најдов. Леле бе леле бе 9% сум лупнала на крај, а од него и 12% бегав како од ѓавол.
Денес пак ставав бланш , од Wella blondor кремата еве слики пред и потоа да видите како ми излезе на горната слика сум нефарбана и потоа откако го измив бланшот Тука се фарбав на влажна коса ставив Еволушн 11.11 со 9% хидроген , 45 минути Edit: на дневна светлина
Дали со ова,плус Ехотон ќе можам да дојдам до плаво-сива коса,меѓутоа веќе ми е фарбана и ми е освлетена од фарбата
Задоволни сте од subrina profesional 11/2? Keune 15/17 ...? Се двоумам каква фарба да земам, сакам сива,pearl нијанса..
Не се озјаснив доволно хаха После бланш, да не ставам премногу јака фарба, затоа се двоумам. Знам дека се и двете преубави нијанси, ги имам користено. Ама за посла бланшов се двоумам да не ја пеплосам косава.
Keune 1032 презадоволна сум Сакам сега посветла плава, ама топла нијанса повеќе жолто отколку сиво. Која да ја ставам?
3011 можеби. Ма да јас кога бев во ДМ да ја земам 1517 , оваа 3011 ја немаше во каталогот ако одиш во Космо баш ѕирни дали таму можеби ги има овие броеви во каталогот..
Едно време ја користев и добра ми беше. Убава сива нијанса добивав. Сега повремено за прелив ја користам и супер е