Еве ја мојата. Првично ми беше цела коса фарбана пред шест месеци ко кафеавата нијанса(речиси црна) на горниот дел, т. е. со 3ка од колекцијата на Evolution - Yellow. Најпрво го бланширавме долниот дел исто со бланш и хидроген 12% на Evolution, потоа уште еднаш долниот дел плус коренот. Потоа коренот го фарбавме со 10ка на Evolution, а долниот дел со 10 + 10.12. Ми се допадна како испадна, бидејќи баш ваква и сакав да ми е, само што мислам дека со бланшираното одоздоле, малку фали да пркне жолтото, така да за две недели кога ќе го фарбам коренот, ќе ја офарбам и надоле за повеќе да се убие жолтилото.
Ајде женски совет како да го средам косиштево ама Сама дома Се мислев со бланш да пробам долу во тилот и на коренот само шарена ми е многу, горе ми се свиѓа бојата ама тилот ми е катастрофа.. Мн ми се свиѓа на @wannaBeMomma таква нешто сакам, ама со фарба само си велам тешко. .
@Ketchup, ваууууууу Ти си многу кул дечко!!!! Косата ти е фантастична Предобро изгледа! Исто, поен плус за Тејлор во позадина
Здраво,јас имам темно кафена боја на коса но сакам да се офарбам плаво(русо) но ми е малце глупо кога ке ми подникне мојава боја,ке изгледам ко клован и сеа не знам што да правам
Дечки, јас завршив работа. Како смо се надали, добро смо се удали. Супер испадна, го маскирав успешно израстокот, не сум жолта, не сум шарена, секаде ми фати убаво, е само ми се усмрде душата буквално од мирисот на фарбата, ама ќе преживеам. Ја зедов Garnier Color Naturals 111 и ја помешав како за прелив со 3% хидроген. Овој го користев, од hairshop.mk. Спојлер Вадев прамени по едно видео што го најдов на youtube, ќе го ставам во спојлер и ја „украдов“ само техниката, фарбата и другото си беше по мој избор. Ми одзеде премногу време, значи стварно многу долго се средував. Саат ипол како ништо ми пројде во трткање. Спојлер Извадив 30-тина прамени од тука-таму, ги виткав во фолија, не ги делев нешто многу правилно зашто позади не ни гледав што правам до душа, ама како испадна, не знам. Или имав среќа со влакново што впива боја како лудо, или стварно не било толку тешко. Сега не можам да си се изнагледам. Ми фатија ептен и деловите одоздоле кај што скроз ми беше опадната фарбата и по сликиве гледам дека стварно се познава. Бојата влече по накај бисерно, има таков бисерен отсјај но во принцип си е бебешко русо баш како што и сакав. За тие пари толку, ќе видам како ќе биде и ако ми успее следниот пат пак, веќе сама ќе си се праменосувам.
Се фарбав последно со Igora royal 12-11 и надоле излезе ок, коренот портокалов катастрофа, по портокалов не можеше да излезе.. готово веќе не испробувам фарби, сега ако ставам Evolution 11.11 се надевам да се "оправи " коренов..
Еве ја мојата Правена ми е балајаж на фризер пред 4 месеци со бланш. Не можам веќе да чекам , а не ми се оди по фризери. Купив палете А10 i гарниер Ѕ1и хидроген 9%. Сама не сум никогаш фарбана дома и поим немам како е процесот. ја мешам фарбата со хидроген 50:50 и ставам на сува коса. Чекам 40 мин и мијам? Така? Да не ја пеплосам косата, ве молам за мислење. @wannaBeMomma @koritsaki Вашите коси се топ и сакам таков изглед да постигнам
Мора прво нешто со бланш иначе ништо не правиш, нема да биде добра. Стави прво палете дилакс уил1, или сајос 13-5 па после на мокра фарбај со овие што си ги зела Фарбиве имаат хидроген и не треба да му мислиш на тоа, следи ја минутажата од упатството. А кога фарбаш на мокра следи како поприма косата точно не знам колку држам
А и на мокра со хидроген исто да ја мешам фарбата? Ќе земам од овие што ми ги предложи, а гледав на хаиршоп.мк ја има колестон , таа добра е?
Порачав веќе ајде ќе направам нешто, ќе земам од овие мама што ги препорача, па после ќе шлакнам некоја од овие што ги зедов. Ваљда ок ке испадне
Која нијанса ја зема? Може до мојата коса е ,не мора да значи дека не е добра фарбата баш пробај ја па ќе кажеш мислење јас ја користев 12/81
Колестон немам пробано. Да да исто со хидроген. Во онаа со бланшот можеш да ставиш чичково масло, количина колку супена лажица отприлика ради помало оштетување. Не влијае на резултатите
@wannaBeMomma овие ли се тие фарби на Палете делукс? Какви се плавиве нијанси? Јас црна кога се фарбав , ставав од Палете делукс и многу убаво ми испаѓаше. Кај нас во Гр ги најдов овие нијанси , не знам дали таму јули да пробам од овие , па ако не бива да се вратам на Кене