Леле како не се тие јас денес оваа ја купив , ја немаше хл9 ама мислев дека од истата линија горе долу исто се што ќе правам со олку фарби 4 ги собрав, а уште не сум се решила каква комбинација да направам. Мислев прво со Палете 230 да се исфарбам, па на водена коса да ставам Гарниер Ѕ1 со 6% хидроген и на крај Олаплекс 3 го имам дома Ок е комбинацијава?
Пробај да ја вратиш, чим нема бланш внатре ништо. И една ти е малце за толкав корен Сајос 13-5 го дава истиот ефект, ист производител е
Ја немаше ни таа кај што барав ајде ќе видам што ќе направам, се изнададов пари за фарби , ама ваљда ќе можам да ги користам понатака за преливи со 3% хидроген Почна процесот, слики после
Вака Ставив сајос 15-0 таа има ќесичка со бланш внатре. Држев 30 мин, ја измив па после ставив палете 230 со 6% хидроген. Исто држев 30 мин. Во коренов сум портокалова, надолу е ок. Како да се спасам? сега само коренот да го поминам за 1 недела со 9% хидроген и гарниер 111 ок е ?
Јас само со фарби стигнав до посакуваната руса боја, пресреќна сум Ваква ми е нијансата, нешто измеѓу light ash blonde и pure diamond, повеќе накај второто, зависи од светлина:
@wannaBeMomma ја земав palette xl9 ја пробав, и солидна е навистина ама за жал не успеа мојов корен да го крене до плаво.. изгледа мојава коса е сепак потемна од твојата. Успеа да го крене до некоја светло портокалова боја..што е топ ама сепак морав пак да го пројдам со бланш. Секако е мн понежна варијанта од чист бланш па за некој со светло кафена или смеѓа коса ќе биде таман. Ја земав и garnier s1 ама уште не сум ја пробала еве баш сега се спремам да ја ставам па ќе пишам. Ама добар производ си открила во секој случај Ок garnier s1 е нешто како полајт варијанта на еволушн 11.11. Само јас тешка грешка направив што ја шљапнав на цела коса...а бланширана ми е и врвовите се оштетени..не ми иде памет. Овие фарби што им пишува lightener сигурно се со 12ка хидроген..ич не ми требаше тоа
Ја прави светло жолта и мора од горе фарба. Баш како бланшот Јас сега ќе ја фарбам на месец ипол, не знам како да избегнам преклопување на веќе фарбаното. Фарбам колку што е корен и на крај многу повеќе е фатено. Ќе ми падне косата
Ама мене ми е баш темно кафејава накај црна природната па и треба поише да крене. За да не се преклопи буквално тапкав со ивицата на четката баш на самиот корен и толку ...ама тоа со бланшот мада џабе ми беше пошто бланшот набабрува па пак фаќа повеќе од тоа. А со фарбава хл мислам не набабруваше толку можеш така. Иначе ова ми е последно бланширање готово..ја уништив косата веќе како ќе расте некоја кафена боја ќе ставам на корен и ќе терам shadow root варијанта. Мн се опуштив со бланшов забегав не ја чачкам мин 6 месеци ... се надевам хаха све исто викам и пак подлегнувам хаха зависно е Иначе има едни маски на гарниер, некои органски нез.. битно можат да се остават на коса без да се измијат. Јас тоа правам, ја оставам на мокра коса, и кога ќе се исуши реално косата ми е мрсна од нив но бидејќи ми е толку сува после неколку саати се упива скроз и косата ми е баш мека. Мртва коса си е мртва дур не ја ишишаш да не се лажеме ама ова некако помага да не изгледа толку суво, ме бендисаа
Фарбана пред пола саат, со Palette A10. Ова е на дневна светлина, а инаку ми е за нијанса потемна Можно е со миење да осветли?
Па не ти е лоша ако пак се офарбаш со истава фарба нареден пат може подобра да биде., Само корен фарбај ако ти се допаѓа. Фарбава има бланш внатре? Јас со косава не знам што да правам. Треба бланш да ставам на корен , тој дел и подоле ми се портокалови , од април не сум ставала бланш на корен. А последно кога ставив на корен Еволушн 11.11 коренот ми стана портокалов , што многу се изнервирав. Знам дека треба да се неутрализира тој дел , ама некако бланш не ми се става , ми ја пресуши косата. Да пробам некоја фарба што содржи бланш? Од кај да знам тука во Гр копи фарби имаат бланш , кои не , како ги распознавате
Не, нема бланш оваа Првпат користам palette, досега ја фарбав со garnier или subrina, ми беше посветла но по неколку миења со златен, жолтеникав отсјај, а јас сакав со бело/сив. Силвер шампон не помагаше. Е сега Палете ми го уби жолтилото ама за нијанса ми ја потемни. Инаку за бланшот, не пишува на амбалажата?
@koritsaki, јас двапати на две недели го фарбав коренот со Evolution и некако ептен темно ми испаѓаше. Вчера бланш и 6%, потоа фарба со 9% и супер фати. Не знам со колку % хидроген си го бланширала коренот, ама пробај со послаб доколу не си пробала. Коренот полесно фаќа, така да не мора баш со 12% да се прави ко останатиот дел од косата.
@Shpagetta прочитав на темава дека некои Палете имаат внатре и бланш, изгледа во фарбата @Ketchup коренот тогаш со 9ка хидроген го бланширав. Може да пробам и со 6ка фала ти Некоја да не користела фарби на Палете делукс?кога бев црнокоса бојата ми беше одлична, а ме интересира какви се плавите нијанси
@koritsaki јас се имам фарбано со палете делукс два пати, еднаш кога бев потемна плава ( медова). Тогаш не испадна убава и воопшто не испадна ни како на каталогот ни како напишаната нијанса. Вториот пат кога сакав накај платинум плава. Тогаш веќе бев многу светло плава, ни тогаш не испадна како што треба. Тоа е моето искуство. Од палете само тие во лиљаковото пакување-интензив колор ми испаднале океј.
Имам жолта коса и дали ако измешам хидроген 12%, ќе ми биде платинесто плава? Па да целам кон сива фала однапред
Мислам не,со 12% хидроѓен жолтилото повеќе е изразено,ова од искуство.Секако нека дадат мислење и другите членки...