@BrokenWings16 јас еднаш напрајв таква грешка со 12% мислев дека ќе испадне платинеста ама испадна уште пожолта
А да се измиеш со виолетов шампон? Мојата фризерка вика строго не за 12% хидроген на веќе жолта коса. Пробај прво да ја тонираш со виолетов шампон, па ако не се неутрализира тогаш барај некакво друго решение, ама мислам дека со 12-ка хидроген уште полошо ќе си направиш.
А претходно што имаш правено на косата? 12ка е повеќе го убива пигментот на фарбата, така да и јас да се сложам со останатите, уште пожолта ќе бидеш. Можеби нијанса посветло жолта.
Па ја имам осветлувано со еден спреј од Дм, и еднаш користено фарба... Сега сакам со хидроген некако ама да биде платинесто плаво ако може
Кој што прави, јас си се фарбам. Да ми се забрани да припарам до рафтовите со бои за коса во маркетиве. Дали беше до слабиот хидроген, дали до мојот немукает или тоа што од страв да не се утнам не го фатив коренот од многу високо и оставив некои 5-6 сантиметри корен, ама кога подникна ептен некако дојдоа до израз деловите горе кон преминот на корените па не можев да се гледам таква и нашлакав прамени скоро па до горе со 6% хидроген. Со таков ме нијансираа и на фризер, па ајде си реков каква ќе биде таква, ваљда нема да испаднам вриштечка плава ко избланширана неистонирана. Не е воопшто лоша, изгледа природно како sun-kissed, ама некако не си се свиѓам, дали дека баеги осветли, не очекував волку светло. Како тргнало и бисерно плава ќе станам. Среќа па не испаднав сено, ко брачедот Итт од Адамс фемили, тоа ми беше најголемиот страв. Се ежам на таква plain, еднодимензионална боја на коса. Одоздоле дали од сенката, некако потемна ми се гледа (и на перфекционистот во мене му доаѓа да ја удри машинката), ама ајде битно горе супер испадна па не се замарам. Толку од моево експериментирање по дома за во наредните 2-3 месеци, таман до тогаш пак ќе ја ишишам и ќе падне речиси целото одоздоле, па ќе видам што ќе ми се сони и што ќе правам следно.
Тој е планот, ќе менувам вака со различни нијанси од љубопитност, ама ќе се задржам на тие со потопли подтонови. Многу ми се свиѓа бојата на Amanda Seyfried, следно нешто такво ќе пробам. Мојата испадна можеби нијанса потемна од нејзината, ми изгледа дека лесно ќе ја погодам па ќе кажам кога ќе пробам.
Дали имате искуство со нијансата 3001 на Keune? Тука во фризерското студио во К.Вода ја немаат , дознав каде ја има па ме интересира мислење , ако некоја ја користела. Поточно ми рекоа дека е осветлувач.
Еве го и моето искуство... последниов пат се фарбав со Garnier color sensation 111 (две пакувања искористив затоа што ми е долга косата, а мислам дека и само за корен фарбање малку ќе биде една паковка) и добро ми излезе бојата, се изедначи и коренот иако беше доста подникнат, инаку природната боја ми е смеѓа, а сум фарбана со руса боја веќе неколку пати. Надолу по косата имам бланширани прамени последен пат направени пред 7 месеци и испаднаа сиви по фарбањето, инаку веќе не користам бланш, доста тенка коса имам, сега уште толку е истенчена и оштетена од него. Бојата со оваа фарба не излегува ни жолта ниту портокалова, туку убава руса сребрено-сивкаста, после 2-3 миења секако паѓа сивкастото па ќе видам како ќе биде после некоја недела. Кога се фарбав не ме печеа толку очите (од самото испарување на фарбата) како што се случува со другите фарби, ама ме печеше на некои места на главата, веројатно е појак хидрогенот, навистина не знам дали е 9% или 12%, многу ме нервира што не е означено на амбалажата. Балзамот што оди заедно со фарбата многу убаво мириса, па ќе си ја обожавате косата по фарбањето. Извинете за долгиот пост, но ете вака опширно објаснато може ќе помогне некому. Поздрав П.С. кликнете на линкот подолу за да ја видите фарбата h//m.emag.bg/boja-za-kosa-garnier-color-sensation-boja-za-kosa-111-ultra-srebristo-ruso-c4096500/pd/DZGZM8BBM/#product-gallery
Ja пробал некој оваа нијанса. Јас имам лошо искуство со Palette, одамна не сум ги користела, па не знам овие нови нијанси какви им се.
Имам исфарбано само два прамени со бланш и руса фарба. Е сега, по 2 недели ептен ми пожолтеа. Дали ако купам силвер шампон оној на балеа малку ќе осветли жолтилото или нема?
Штом се претходно бланширани прамените, да , ќе фати. Ама не ти го препорачувам тој на Балеа, буквално ништо не прави
Го имав земено ова силвер шампонче од дм и го имав буквално заборавено, но кога го пробав мн се изненадив прилично добар ефект имаше и доста интензивен. Мало пакување е и околу 30 ден. Мене ми е косата до рамена и комотно можев до 3 пати да ја користам количинава од ќесичката бидејки е прилично интензивен. За некој што сака да проба го препорачувам.
Имам шатирана коса скоро до коренот, но мојата природна коса е многу темна со портокалов подтон. Сакам да почнам да се фарбам од корен, па препорачајте ми фарба со која најбрзо можам да ја изедначам и каков хидроген.
Ставив бланш и излезе жолта, кажете некоја фарба да ставам на цела коса некоја потемна плава или да оди накај сиво за да го покрие жолтиот дел.