фала ти многу за одговорот.Иначе да бланширана ми е, сум пробувала и некои други ама не ми била таквс како што сакам јас.Може ќе ми се погоди шампонов, фала уште еднаш
Враќам наназад и барам чаре за косава, портокалова ми е. Може да ми ја објасниш постапката, колку време ја оставаш на коса првата фарба, а колку време на мокра втората? Останав со силвер шампон цела ноќ на коса, не се неутрализира ова чудо.
Да во право си многу има врска влакното, мајка ми костенлива(потемна) и е косата до пред некоја год се фарбаше плава со evolution 11.11 косата и беше бела само ептен позади на крај послабо и фаќаше ама тоа ептен малку. Силвер шампон ставаше еднаш на 2-3 недели и цело време и беше таква.А јас природно сум плава ама се ишатирав и ако не ставам шампон пожолта ми станува...нема правило
Сега ја користам Сајос 13_5 ама истото е. Првата 40-45 мин Па мијам со шампон, ми стои во пешкир некои 10 мин Втората ја држам негде 20ина минути
@wannaBeMomma бидна, се исфарбав, не е светла како твојата и уште сум ко морковче на некои делови кај што не фатило добро, ама ок е, доста е посветла и понеутрална од претходно. Наредно ќе ја земам таа од Сајос за коренот, сега палете ја најдов само. Не знам само како ќе пазам да не фати и на веќе бланшираниот дел. Вака од еднаш не ми делува оштетена многу.
Коренот фаќа многу подобро сатоа што е блиску до главата па таму е потопчо и така побрзо се развива бојата и поубаво фаќа. Гледај видеа па ќе ја изедначиш. Корен коа ќе фарбаш, ќе фарбаш до сама линија и малце врз неа и кога ќе ја превртуваш косата гледај да не ја лепиш слој врз слој за да не се мачка таму кај што не треба.
Фала ти. Сакам да пробам и јас. Со Syoss се фараш уште? Да пробам, да не ставам кене. Ми е страв со нејзе два пати по ред.
@wannaBeMomma а од кога ќе ја ставиш Сајос со бланшот потоа со која фарба се фарбаш? Кене јака фарба е, па и така ќе ја осветлам па може било која фарба да ставам. На Гарниер колор сензејшн мислам најмалку ја сушат косата.
Здраво феминки се фарбам плава по којзнае кој пак ама штом ми подникне коренот се префарбувам темна, сега решив сериозно да бидам плава бланшот ми е на коса веќе еден час за да ми излезе посветла дали да го оставам усте пола час? Некое искуство?
Види колку ти е осветлена косата, ако е некоја жолто-портокалова нијанса, измиј се. Важно следи како осветлува постојано каква боја имаше на косата?