Да не биде многу жолта затоа ја држам повеќе инаку 9% е хидрогенот Имав плава, па темно плава и сега пак бланш
Доволно е да пожолти, па да ставиш фарба одозгора. Не го држи премногу , да не ти се истенчи косата. Прочитај погоре има пишувано @wannaBeMomma
@wannaBeMomma имаш пробано со друга фарба над бланшот, пример малку потемна? За ваква каква да ставам, некоја 9.1 или 8.1? Да не ми дојди темна Сега се преплашив и ќе експериментирам Брзо ми падна некако сјајот, ептен сум жолто портокалова на сонце, иако се мијам со силвер шампон.
Коренот ми е супер накај бело, па следува жолтеникава, па повторно супер, па пак жолтеникава, ама ќе купам некоја средно плава сакам
Јас конечно си ја добив бојата што ја сакам и тоа сосем случајно, не мислев дека ќе ми фати толку зашто ја направив како прелив. Гарние S9, ја спремив со 6% хидроген (тој од кутијата го фрлив, шубе ми е да го ставам него дека не ја пишува бројката, сакам да знам што ставам и што правам ), додадов шампон и млака вода, мачкав на мокра коса, држев во кеса 15-тина минути. Вака ми испадна и славам. Ептен некако жива бојава, 111-ка ми ја вадеше на сивкасто малку, оваа топ. Сега може мирно да се спие, до наредно фарбање.
Оваа од сликава, а косата и од претходно ми беше доста светла, речиси иста, отприлика за нијанса потемна само. Бојава ми направи lift-up и ми ја освежи косата.
Каде додде шампон и вода во фарбаата внатре и .колку А косата миена мокра или само намокрена Дали рамномерно секаде исто излезе
Измиена коса и исушена со пешкир. Ставав од око, пола доза од фарбата и половина доза од хидрогенот. По ова видео одам кога си правам прелив, само овој пат држев 7-8 минути подолго. На темна коса и со 5-6 минути држење не верувам дека ќе смени нешто. Исто и на корените, слабо фаќа ама мене ми одговара така зашто воопшто не паѓа во очи тоа што коренот ми дели малку. Ма да овој пат и коренот убаво ми фати, него обично не го ни мачкам. Пробај па ќе видиш дали ќе ти се допадне.
Женски помош мала , ако е тука и @wannaBeMomma нека пише. Ставив од сајосот и ми осветли , да се измијам или мора 45 мин да чекам? Од позади се натапкав , гледав на огледало ама ми се испозалепи цела коса хахах. Се надевам нема без коса да останам инаку кога ја измиваш фарбата пред да ставиш друга фарба , ставаш нормално шампон маска или?
Тоа сајосот бланш има внатре? колку хидроген стави? Дали е жешка косата? Ако ти осветлила веќе нема што да ја чуваш. Ако си ставила 9ка тоа може да ја испука цела сила за 15-20 мин и после ништо да не прави веќе џабе ќе го чуваш. Ако е жешка значи уште делува. Провери позади колку можеш и ако осветлила изми ја. После шампон норамално темелно па ако сакаш и маска стави малце да ти живне не штети ништо тоа секако само помага Сега видов што имаш ставено.. ова е нешто слично на таа палете хл, со додаток бланш ама го мешаш со фарба. Ако е истото, не оштетува толку мислам како чист бланш ама и не е толку јако, не е страшно мислам и да го оставиш 45 мин. Ај со среќа
Фала ти, вака хидрогенот не знам колку беше јас мислам 9ка беше, а да фарба е ова па и гледам косата не ми се оштети. Е многу почна да ме пече кога ставив од Кене, реков да одам да купам Гарниер ама времево лошо истура и не ми се излегуваше. А 6ка хидроген ставив. Е една грешка направив, фарбата ја држев 15 мин а не 55 како што секогаш ја држам на глава. Некако позади не ми фати убаво внатрешниот дел портокалов ми е мааалку.. Не знам дали да купам фарба па за 4 дена пак да се исфарбам? Што викате вака бела ми е и задоволна сум ама од позади внатре ко да не ми фати ок фарбата, брзо се измив од страв како ќе испадне Еве слики на собна светлина Да бидам искрена очекував бела бела да биде како на @wannaBeMomma