Јас се бланширав ама ми беше многу тешко сама да се фатам позади каде што не гледам. И огледала ставав ама пак ставав од бланшот и таму кај што треба и таму кај што не треба.
Здраво девојки. Ми треба совет која се разбира. Јас во глобала се шатирам, вадам прамени. Потоа едно време ја израснав малку мојата боја па омбре правев и летото се направив нај светла, плавуша. Е сега не сум во мк некаде 6 месеци, од кај мојата фризерка си земав фарба и хидроген и си мачкав корен, а надолу ја растварав со вода и ја премачкував целата по совет од фризерката за да не ги изгорам прамените. Е сега може некаде ја оштетив малку каде што е дојдено до прамените ама тоа е. Потоа си купував од тука фарба на Лореал, колку да ја одржувам и да не шетам со црн корен. Вчера купив на Гарниер фарба. Сега ја отварам гледам има и прашок-бланш. И се' се меша во едно шишенце. Мене може и добро ќе ми дојде, пошто имам израснато од коренот и тоа е и жолта-портокалова боја. Ама малку ми е страв. Да ставам само на коренот и каде што претходно нема бланш, туку само фарба? И дали смејам после тоа исто да ја растворам со вода и да ја намачкам целата коса? Страв ми е да не останам без коса, а ми е доста слаба и ми опаѓа многу. Совет некоја што да правам, како да постапам ?
Јас би ставила на се што е портокалово. Бланшот ќе те осветли само на корен и ќе биде смешно и неубаво на око. Но, ќр ти треба и плус фарбање на мокра кода со подакувана нијанса зошто со бланшот се добива некоја банана боја
Моментално сум баш таква, банана Маж ми отиде по фарба сега, па ќе се фарбам пак. Ќе те послушам на мокра коса ќе фарбам. А, што ми предлагаш, само коренот да фарбам, а надоле растворена со вода или пак целата коса да фарбам ? Ох Софи ох...
И фарбаното ова што е портокалово го напраи со таа со бланш? Заштити ги со некако овие со бланш, намачкај им некое масло. Немам искуство добро со растворена фарба со вода сум немала резултати. Секаде каде што правеше со бланшот треба и со фарбата. Немиј да држиш премногу долго, прати ја цело време како ќе фаќа Пушти слика кога ќе е готово
Која е таа на Сајос фарба ? Убаво ти фатила, само кажи дали пожолтува по миење ? Сите фарби по првото фарбање ми се супер, а потоа постепено со секое наредно миење, на жолтеникаво ми тера.
Не жолтееше косата, само јас направив грешка не ја оставив повеќе фарбата да остане на косата, ми беше страв да не ја изгорам. Потоа ставив фарба и ок ми беше
Со бланшот фаќав до кај ми се прамените и тоа портокаловото. Е сега замисли се фарбам со четка за заби бидејќи никаде не најдов тука четка како што треба. Од позади го натерав маж ми да ме мачка кога му кажав да внимава на прамените дека може да ми изгорат, тој се испаничи и веднаш веќе јас не те фарбам бла бла... Вториот пат ме остави сама да мачкам, држев некои 20-25 мин од страв да не ја изгорам. Некако не ми фати нај нај, има понекаде жолтенило. Можно е и фарбата да ја утнав, т.е маж ја бираше на лице место јас преко камера. Јас едвај мачкав лом се направив. Ќе видам утре на дневна светлина, ама има големи шанси за некој ден да префарбувам корен. Иако тој тврди дека многу ми е убава, ваљда ме теши
Kако мислиш фарба растворена со вода? Само фарба и вода,или фарба измешана со хидроген и потоа додадено вода?
Денеска ќе фарбам пак, жолта ми е многу во коренот, а надоле сивкасто. Како ми е попаметно на мокра или сува коса да мачкам? Леле дај Боже да фати Извини што те замарам.