Многу ми е жолта катастрофа морам. Е сега имам друг проблем. Маж ми земал на друга фирма, ама пак без да загледа дека со блнаш е. Дали ќе има ефект само фарбата и хидрогенот да ги ставам, т.е незнам што се и какви се овие фарби со плус прашок.
Многу сакам ваква боја. Порано се знаеше-колестон 311/1 о добиваш. Сега 100 фарби испробав и ја бланширам и пак неможам да постигнам ваква боја. Прво ми е сива од преливот, после 3 миења почнува накај жолто да тепа.
Користам. Ама ништо од него. Ехотон купив,прскам ама не е тоа тоа. И еден спреј има од Балеа за да прикрие жолтило, ама ја прави сива косата. Незнам како на пример на Миа Костова и ја бланшираат и и излага бела.
Досега само на фризер ме бланширале, ама никогаш не сум обрнала внимание што муќкаат. Се повеќе сум на ум дома сама да се бланширам. Гледав туторијали, и се храбрам сама да го сторам тоа. Арно ама незнам ни каков бланш да купам, ај хидроген 6% (смеѓа сум природно), ама после???...фарба со 3% хидроген , шампон и млака вода? Секој совет е добредојден
Зошто не ја земеш таа фарба од Сајос што ја спомна @wannaBeMomma поназад, со кесичка бланш внатре? Можно е и други брендови да имаат вакви, ако не ти се свиѓа Сајос. Полесно ќе ти биде како за прв пат сама зашто сe си е дозирано, ти само ќе си измешаш. Па после дополнително само стави си ја на мокра коса фарбата што си ја одбрала. Мене ме интересира какви се овие Палете фарби. Нешто ми се присака да извадам некои прамени, а нијансиве се преубави. Ги користела некоја?
Како сте задоволни од сиво-белите тонови на keune и од фарбите воопшто? Прочитав дека се појаки, меѓутоа јас до сега цело време со бланш ја шатирав, на 3 месеци прамени вадев, па се надевам дека се далеку послаби од бланшот. После породувањето, многу ми паѓа косата, а и немам толку време за да се правам на фризер, бидејќи дојам. Благодарам.
На сликите преубава ти е бојата, ама не сфатив дали ти е со кене или сајос, колку постотен хидроген стави и нешто ко бланш да прочитав?
Луѓе, дај бре кажете дали некоја од вас се фарбала со Палете? Ме интересира какви се боите од go blonde линијата, гледам оваа 10-2 во Стоко е стотина денари и на раб бев да ја земам. Да не ми ја извади ептен ashy пепеласта бојата, тоа ме плаши малку. Ама и да ме направи таква, веројатно ќе падне по некое миење, само да не ме ожолти ептен кога ќе избледи? Не знам дали да си седам мирна или да експериментирам.
Здраво девојки, јас пак. Нијансата на косата ми е ваква и дефинитивно одлучив да ја фарбам со кене фарбите плава, со тоа што, сакам да направам комбинација од две нијанси. Имам и седи влакна и црвенкаст сјај, па некоја поискусна блондинка, која ги употребува овие фарби, да ми посочи кои две нијанси да ги земам? Сакам да ја направам бело плава, но да не употребам воопшто бланш. Знам дека е тешко да се постигне тоа, па си велам сепак да пробам да добијам нешто што е најслично на посакуваната боја. Види го прикачениот фајл 666825
Предлог фарба која фаќа како оваа? Спојлер До сега само Аура имам користено но различни нијанси, а гарниер еднаш пробав и косата ептен жолта ми испадна. Со Аура сум немала таква утка. Нешто ме фати мерак да сменам фарба, само се плашам да не ми испадне жолта. Сите препораки се добредојдени Инаку еве каква ми е бојата која ја носам Спојлер
Според мене Палете се катастрофа. Мене многу слабо ми фаќа, и то шо е фатено многу брзо паѓа. До сега само Субрина најубаво ми се погажа.