HMMM fala ti mene edna drugarka mi rece moralo 1 god bidejki so blansot uste tolku ke ja izgoramm....
Кажете ми како да дојдам плава без да ми стане косата како мастика за џвакање? Природно сум кафена, имам веќе плави прамени, ама умрена сум да сум плава од корен. Три различни фризерки прашав, ми рекоа можело од одма плава ама ќе ми се изгорела многу ради бланшот. Ми кажаа имало некоја нова техника омниаплекс?Нешо ,,ОXXXXXплекс" се вика Ми рече да сум прашала во Скопје кај прават така, и ако ептен сакам да правам така. Да ми препорачате салон во Скопјево ако знаете?Или фризер шо ќе ме направи плава ама да не ми ја изгори. Ваква ми е природно
Со Олаплекс, за заштита, ама пак ќе се оштети, не до толку ама сепак ќе има последици од бланшот. Постепено да пробаш да ја осветлуваш само.
Ке ставаш мешавина од 9 и 6 хидроген, портокалова со 12 хидроген ќе биде. И не одма со плава фарба, некоја медова прво.
Во Hairdo Skopje може да го добиеш тоа што го бараш. Врв се! Ама да си спремиш поприлична сума пари затоа што се скапи. Ако сакаш да си плавуша со здрава коса само кај нив и понатаму за одржување кај нив. Можеш да ги најдеш на Инстаграм да разгледаш и да поминеш да се консултираш и да видиш ценовно дали ќе ти одговараат. П.С. Мој совет никако да пробуваш сама дома, ем ќе ја уништиш неповратно ем дупла работа на крај пак на фризер ќе мораш(ова од искуство).
Јас сите бои на виножитото сум се фарбала освен платниум плава, а умирам по бојата! Имам страв дека ќе ми падне косата од бланшот, затоа што ми е тенка и сензитивна. А дали после бланширање може да се стави плава фарба? Или само со бланш мора? Не знам како иде процесот.
Само коренот го фарбаш, не цела коса. Како ќе го оштетиш другиот дел ако не го бланшираш? Може, ама не мора. Најчесто после бланширање има преливи/тонери што ги ставаат на косата за да добие одредена нијанса.
Косата ти е убава кафена и со најсветлата боја на фарба со 9% хидроген би имала плава коса. Ако не првиот пат сигурно вториот пат (барем да поминат две недели) ќе ти испадне каква што сакаш. Ако ти стават бланш која и техника да ја користат ќе нема да можеш ни да ја исчешлаш по миење, зашто имаш тенко влакно ќе ти се оштети. Ќе мораш маска буквално на секое миење и регенератор и виолетов шампон (ќе ти биде жолта по неколку миења) да користиш. А потоа и да ја фенираш или пресаш.
Јас после бланширање се фарбам обавезно, ама утредента или за два дена. Зошто одма истиот ден не ми фаќа бојата. Јас морам фарба зошто мн жолта накај портокалова ми излегува од бланшот,таков ми е пигментот. Се зависи од пигмент, на другарка за 15 мин со бланш бела и излегува. Од едно балнширање нема да ти стане како мастика, освен ако не ја оставиш 2 саати. Јас ја бланширам, па утредента ставам фарба. Мене со вланшот ми излегува портокалова, после ставам Еволушн фарба 11.21 број и се е ок. Понатака си правам прелив со црна боја, пошто шампоните виолетови не ми помагаат кај коренот.
Девојки како да дојдам до бела коса? Сега сум сива се фарбам со еволушн 11.11 ама сакам уште посветла на кај бела, имав пробано со бела фарба од еволушн ама ништо не излезе
Извини ке може ли да објасниш како правиш прелив со црна боја? Јас имам прамени вадени и со бланш и со фарба, користам виолетов шампон и тие прамени што се со бланш се супер а тие со фарба на сонце или на некое светло кога ке се видам мава на портокалово.. не знам ова како да го оправам.. некој ако знае хелппппп
Шампонот барем мене не ми фаќа на фарба,само на бланшот. Преливот се прави вака Ставаш црна фарба малку отприлика истискај 2 цм, стави шампон,маска,хидроген и вода,јас во мало шишенце ставам и го мучкам. После ставаш на мокра коса протриена со пешкир од преливот, и масирај ќе пени од шампонот, за некоја минута миеш кога ќе ја добиеш посакуваната нијанса. Spoiler: Еве разлика во боите пред и после прелив
Доколку купам фарба во тубичка без хидроген ( сакам да ја искористам како прелив над бланш), и земам 3% хидроген, кој сооднос се меша, дали треба да ја употребам цела туба хидроген? Хелп, скрос сум збунета досега имам користено само комплет фарби
Ќе прочиташ на фарбата како пишува па ќе ставиш и од хидрогенот. Или е 1:1 или 1:2 @Nikolovska09 бела боја само со бланш. Јас лично не ти препорачувам освен доколку не си природно плава
Земи барем 6% зошто преливот се раствара со вода, 3% да не ти се изгуби скроз. Не се замарај за сооднос стави малку фарба, малку хидроген, малку шампон и малку маска, додај вода и измршај. Не е толку битно како кај фарбање, јас никогаш не мерам за прелив.