Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеална руса фарба

Дискусија во 'Коса' започната од Trendafilka, 28 декември 2009.

  1. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Ни ум, ни кум. :wasntme:

    Се исфарбав јас со Keune 1517, вака добра изгледа, малце сивкасти ми се предните прамени кај што држела најдолго бојата, а коренот за нијасна подобар од со другите фарби. Нема некоја позначителна промена инаку, пак како на жолто да удира. Ке видиме после неколку миења. Инаку пола фарба со едно пакување хидроген ми стигна за цела коса. :lol:
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Добро е што се сивкасти, мене слично ми фаќаше кога бев плава и со миењето бојата се развива и стануваат прамените уште поубави.
    Само на почетокот делува сребреникаво-ванземаљско, ама поминува.
    Вака нешто ми беше на почетокот, абе ТОП.
    Кога е сребрено радувајте му се, кога е жолто - покакајте му се.
     

    Прикачени фајлови:

    • 1.JPG
      1.JPG
      Големина на фајлот:
      665,1 KB
      Прегледи:
      390
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Ooп.
    Јас дојдов да побарам помош од вас,плавуши.
    Имам кафена коса,средна боја некоја,ни темна,ни многу светла.

    Сакам да ја осветлам косата,да биде некоја плаво кафена боја,можеби повеќе накај плаво,ама не цела.
    Е сеа,не сакам да ја шатирам со бланш,зошто така ми е ептен сељачки,и некоја глупа боја добив последниот пат,кафена со бели прамени. :^)

    Сакам некоја ваква
    [​IMG]

    Или ваква евентуално
    [​IMG]

    Помош?
    Да се шатирам со оној жутион бланш,па да направам прамени од обична фарба,или? :?:
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Маца, па таа што ти вадела прамени е за стрелање. :^)
    Вакви нијанси обично се добиваат со вадење прамени со бланш, и евентуално во друга боја, посветло кафеаво.
    Па се става прелив, ко некоја смеса му доаѓа да се изедначат, т.е. да се слеат боите да не штрчат само вадени прамени, ко линии.

    Јас не би бланш на цела коса, па пак врз нив фарба во друга боја.
    Дупло третирање на косата, дупло хемија, ќе проплака таа коса.
    Пак мислам дека со едно шатирање, прелив и добра фризерка ќе се сврши работата.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    После ова секој месец ќе морам истава постапка да ја правам?
    Или само на коренот?
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Само коренот на корекција, мада на добро изведени прамени може да се истера и добри 2-3 месеци без корекција.
    Финтата е како на сликите, да изгледа се' слеано.
    Што знам, бланш на цела коса ставив еднаш, од оние во прав, за 15 минути косата инстантно беше метла.
    Се опоравуваше можда 6 и повеќе месеци, "пиеше" силиконски капки ко ненаситна.
    Целото влакно дехидрирано. :(
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Знам,јас мојата малку што ја ишатирав,беше ко слама, а и пред тоа сува ми беше.
    Не доаѓа во предвид да ставам бланш на цела коса.
    Ги меркам и овие на Лореал што ги зборите,мислиш дека од едно фарбање може да се осветли вака косата? :^)
    Без да и ставам триста глупости.
     
  8. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Глеј, на Џенифер Анистон косата имам читано дека е целовреме третирана со не знам какви се глупости на фризер постојано за да не и ја горат, не кажува што и ставаат но знам дека едно време читав дека била најпосакувана коса + најтешко се добива таква. Знам девојче на фризер се шатираше со 1 боја повеќе накај жолто, потоа се шатираше со боја сивкаста и на крај дојде шарена многу глупо и се офарба скроз. И не ми се допаѓа сега и е жолто-портокалова сивите прамени се изгубија скроз. Ама што, и да ја направиш со шатирање со бои и преливи пак на коренот кога ќе расте ќе треба да го фарбаш. И така ќе расте косата и ќе доаѓа да ја фарбаш се повеќе и повеќе и ќе ти биде полуфарбана полушатирана без врска. Исто како девојката што ја знам, ја фати склет 3-4месеци го фарбаше само коренот ама многу глупо и дојде, надоле шарени прамени сиви, жолтеникави а коренот портокалов (зошто од прво фарбање со која фарба и да ставиш на кафена основа не се добива баш плава боја туку најтемна па со секое фарбање се осветлува) и се офарба цела. И сега како и секоја почетничка плавуша се надева на секое фарбање дека ќе и биде се посветла и посветла. Затоа не сум за овие работи, остајте ги славните тие се постојано по фризери постојано само горе им ги шатираат пораснатите прамени итн а мислам дека според мене тоа е тешка работа и мачно е и пак не е тоа-тоа. Како и да е, како сакаш така или едноставно можеш да се шатираш со светлокафеави медова боја прамени или па пепелјасто плави, темноплави прамени ако не сакаш понатаму да се фарбаш плава многу убаво стои :) Едит: кога ќе паѓаат ако не планираш да се фарбаш косата ќе ти биде слична на ``омбре`` фризура горе кафена доле темноплава :)
     
  9. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    MacaLove јас имав слична коса ко на Џенифер, во однос на бојата со тоа што да се разберем мојата не сјаеше ко нејзината :lol: Џенифер беше избрана за девојка со најпосакувана коса, па сеа види ти :)

    За бојата така да излезе јас се шатирав со фолии, со фарби и со бланш многу малку колку за нијанса (а погрдо нешто од бланш нема до ден денешен имам остатоци од бланшот и после 2 години нефарбање) и ќе земев едно 5-6 бои кафени од медова, од чоколадо, од капучино ... и имав на мене значи неколку слични бои и тие кога се прелеваат така нешто доаѓа.
    Само со бланш не испаѓа ич убаво косата, бабска :)
    Пробај со повеќе слични кафени нијанси.
     
  10. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Абе знам, остај славните тоа, туку сакам некоја слична боја,моооже потемна, ама нејќам да ја третирам со 500 работи.

    Не знам дали ќе може да ја осветлам за нијанса две, со оваа пенава на Лореал, да не ја шатирам и глупости...само со ова.
    Па сеа ако фати фати,ако не тоа е.
    Не знам да не се зафркнам,па некоја морков да ми излезе. :lol:
     
  11. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Маца ама викаш третирање со 500 работи. Што мислиш подобро е една фарба на цела коса? :)

    Дали ќе ставиш фарба на цела коса или ќе ставиш 30 фолии со 5 фарби на 50% од твојата коса за да се прелива e речиси исто, дури со фолии не ја правиш цела коса :)
    Ти си знаеш.
    А и бланшот не фаќа боја, зборам за оној што веќе го имаш на косата, освен може многу малку али одма ќе падне.
    Плус со фарба добиваш посветла нијанса, ама нема да добиеш преливање на нијанси, тоа со една фарба е невозможно ;)
     
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Aјт, ќе видам што ќе правам.
    Инаку размислував за оваа,зошто рекоа дека не ја гори толку косата, и не е толку штетна како обичните фарби.
    Може со оваа ќе се исфарбам,па после со бланш неколку праменчиња.Да се разликува малку.
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Ми кажуваа за девојка ја осветли косата со маска некоја за осветлување, првпат слушам. Ја видов, и испадна нешто вака и со секое миење се побледа и побледа и станува

    [​IMG]

    Само оваа е со фарба и посветла е секако, и немаше такви светли прамени туку само жолтеникавото дури накај портокалово пролив боја и е кога се прелива, сакам да кажам - грдо. И со секое миење паѓаше бојата и се побледа стануваше и не знам, не е тоа-тоа пак и коренот расте ииии многу несредена изгледа косата. Не ја знам лично, да ја знаев ќе ја прашав како ја осветлила со маска за осветлување иако за таква првпат слушам, слушнав само муабети дека постоело и она ја напраила така демек како доказ дека има. Распрашај се, може тебе ќе ти се погоди што знам може има различни:) Јас пак мислам само да и ставиш прелив :)
     
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Мерлинке,не се секирај ,ќе ти падне сивото со миење,после 2-3 миења,ќе ти биде бојата супер.А стави ли од чичковото масло пред фарбање.
     
    На Marilyn-Monroe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Ставив, да. Одличен рецептот. :lol:

    За сите што не прочитаа претходно, 1 час пред фарбањето нанесете чичково масло на целата коса. Косата не пројавува оштетување од фарбањето, а сјајот на косата е максимален.

    Фала Орхидеја за советот. :*
     
    На <3 pleza4e <3 и ph.orhideja им се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Гледам не ми било само мене тешко да се биде плавуша, секоја со својот проблем :P . Инаку, какво е тоа чичково масло, кај се набавува (аптека или супермаркет?) и по која цена ? :)
     
  17. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Јас ги користам маслата на Фитофарм, ги купувам од Зегин. Ова беше 69 денари. :wasntme:
    Инаку има и во маркетите, на Галафарм, во пакување од 50 мл.
     
    На ph.orhideja и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  18. bonbonka17

    bonbonka17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    8
    Више ми се смачи од експериментирања!! Ама тоа е, дур не ја најдам таа шо си ја сакам ако треба и без коса ке идам хаха шала на страна! Него ја само шо си го избланширав коренот золт ми се нервирам. имам неколку фарби еволуњн 1111 ми рекоа бела била, еволушн 000 sss, и палете делукс 230 white gold, и сеа незнам која да ја ставам, а сакам бело да ми излезе.. Ч) Ај совет ваш, дали некоја има пробано со овие фарби :)
     
  19. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    A треба да се измие косата после од чичковото масло или само се упива и директно на фарбање?
     
  20. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Јас се фарбам со гарниер 111.
    Косата ми излага сива, после недела ипол ми е светло руса.
    Бидејќи сум природно плава немам проблеми за осветлување. Ама сакам место сива, да ми биде бела.
    Не сакам да ставам бланш, а други фарби не сум пробувала.
    Чаре?