За бела дефинитивно треба прво да се бланшира косата па одозгора фарба , да не те лажам , бела никогаш не ми испаднала само некоја сивкасто медова кoга се фарбав со Keune 1517. Јас од оваа бев најзадоволна и ако не се бланширав често можев да ја одржувам плавата. И јас така се зезнав кога се фарбав плава , менував милион фарби секој месец. Еве сега пак се премислив да се вратам на плавото ама овој пат нема да терам на бело
Шо е разликата меѓу силвер шампон и сив ехотон? И има некоја разлика меѓу виолетов и плав силвер шампон? И дали има само сива нијанса или може и со некоја карамел/медова да се спречи пожолтување? Пред скоро извадов црвена фарба и имам плави прамени (балајаж, сомбре, омбре ич не се разбирам). По препорака на фризерката зедов силвер шампон на субрина и ми рече да го користам преку едно миење на косата. Преубава нијанса добива после миење со него ама на наредното ми се пожолтени . Препорачајте ми други препарати, не само против пожолтување, туку и за одржување на косата.
Јас сакам да ми кажете како сте задоволни од Аура експлицит плавите фарби? Читам одлични коментари низ интернетов па ме интересира и ваше мислење
Ехотон купив од ДМ , не знам дали јас правилно не го користев ама и немав резултат и косата ми беше крута од него. Силвер шампон имам користено на Fanola од оваа фирма има и плав и лилјаков (плавиот е наменет за убивање на жолти тонови , лилјаковиот е за портокалови ) Мене сите силвер шампони што ги имам испробано ми делувале само на коса бланширана и тоа на бланширана коса треба да се внимава колку ќе го оставиш да стои. За фарби, Keune 1517 ми била најјака фарба што ми давала резултати , порано и Evolution 11.11 ми даваше ок резултат, но последно кога бев плава , таа на Еволушн не ми ја даваше посакуваната нијанса. За одржување на косата јас би ти препорачала само професионални препарати како Keune, Schwartzkopf, Kerastase, Revlon итн , зошто и самата коса плава е хемиски третирана и и се потребни хемиски препарати , а не на природна база зошто ќе им треба многу повеќе време да делуваат... Еве како ми беше косава со фарбава на Кене
Здраво, сакам да прашам дали знаете колку% е хидрогенот во Гарниер S1 Platinum blond, бидејќи не пишува?
Твојава е баш идеално руса боја. Секоја чест. Бланширана ми е цела коса за да се извади црвената фарба, ама имам нијанси со темнокафеава, светлокафеава боја и дали само бланш или руса фарба не знам. Како поминува време ми осветлува, ама и ми пожолтува, убава ми е само после миење со силверот. Значи да си земам плав шампон, ќе барам во дм некој. Океј е на секое миење и од него да ставам или многу ја оштетува? Исто и кондиционер ќе треба да сменам, оти ставам од оние 98% натурал маските на гарниер. Додуша премека ми е косата, ама морам да ја заштитам на долгорочен период.
@IRBBB фала ти, сега низ истиве "маки" ќе поминувам Земи си силвер, само тој од Балеа не го земај ,може е евтин ама слаб е, ништо не прави. Можеш и на секое миење , се користи по твоја потреба , но обавезно нанесувај регенератор или маска зошто малку ја прави крута косата
Јас црвена се фарбав со субрина профешнал и бев презадоволна. Трајна и сјајна боја, не ми ја сушеше косата. Ја земав прво преку фризерка, а потоа од продавница за козметика во Прилеп.
во hairshop ги има на нет читав дека лорвен вадел добра плава боја, сакав кафеава да земам ама во космо слаб избор на бои имаа
Да , баш видов на ул.Македонија се наоѓа hairshop. Во фризерницава кај што ќе одам работат со Кене , ама мислам да земам неколку фарби Subrina и секој месец да фарбам корен, на женски.д.муабети читам убави коментари за фарбава, како убаво вади плава боја. Ја имаш пробано? Правев глупости што не ставав една фарба туку секој месец различна, сега не менувам веќе или Кене или другава Лорвен пробав едбаш ама брзо ми се испра Вака сакам нешто да добијам , ама оддеднаш од црнава ќе видиме Девојката на сликата ја користела 11/1
Не ја немам користено. Убава е бојава ама за плава мислам ќе треба два пати да те бланшираат на суво и плус фарба.
Здраво дечки, Сакам да се нијансирам сама дома, односно да си извадам сама прамени (без корен). Дали некоја од вас знае да ми објасни како да направам идеална бланш смеса? Што да купам, во кој сооднос да мешам, итн.?
Исти проблеми, и сега сум ко искубана во косата, секако ми е многу ретка, па ја оставам портокалова некое време оти ја изгорев и фризерката ми рече малку пауза да правиме. Некое решение имате ли? Инаку 10год се фарбам плавуша
Јас повторно планирам од утре плава да се вратам, секако на фризер ќе одам , проблемот беше кај мене што сама се бланширав често и ја изгорев така косата. Сега планирам на 3 недели дома да фарбам корен со фарба од ист производител , а на фризер ќе одам на 3 - 4 месеци за вадење прамени/нијансирање. И не планирам да ја пуштам долга косата , ќе ја одржувам фризурата шишајќи се на 3-4 месеци.