Да,тоа било. Мене на портокалово ми маваше со 9. Со 6 па и со 3 подобро. Леле, да знаат да ни зборат косиве ќе има што да кажат. Се исти пишуваме тука
И мене ме бендиса фарбата. Косми да каже која е точно. Се изнаекспериментирав и ја и сеа не знам како ќе ја опраам. @koritsaki мене малку ми е чудно што не ти осветлила повеќе. Знам црвена е обично најтешко да осветли... Небитно, сеа само фарба некоја со која ќе ги неутрализираш црвенкастите тонови да одмори до следно одење на фризер.
@Yowannty , тебе каква ти е сега фризерква ми рече црните фарби имаат црвен пигмент и тоа е нјтешко за вадење. Што да кажам. Дури сум во Мк викам да си купам фарби ова на Косми и мене ме бендиса @wannaBeMomma @Cosmi викатевако ја земам фарбава со 6ка нема шарена да испаднам?
@koritsaki никаква моментално. Последен пат во Август бев на фризер и ја во мк, ситно шатирав ама ич не ме погоди. По само неколку миења ми се изгуби скроз бојата. Се шишав кратко до раме ама ми порасна веќе и само собрана ја носам да не ја гледам. Имам и ја секакви тонови сеа и се мислам како да ја неутрализирам. Некоја аш да земам со слаб хидроген. 6ка ми заврши супер работа пролетта дома кога експериментирав, сега се мислам за со 3ка и некоја аш нијанса.
Јас до кај март мирна ќе седам. Ептен ми паѓаше,ја оправив со тоа па ќе почнам со самофарбање. Се сама сакам да муќкам бои А и искусна сум богами,читам по интернет и пробувам,фризерка ипол. Оваа Кеуне е. Инаку има и од еволушн истава комбинација 8.21. И Од други можеш само да имаат.21или .12 зад запирката. Да убие жолтило и портокалово. Земи си 6 % и пробај на еден прамен како ке излезе. Ако уште удира на бојата што ја фарбаш разблажи го хидрогенот со вода, ќе стане 3%
@Cosmi фала многу, изгледа ќе ја земам таа на Кене и ќе пробам на прамен како ќе е. Ама сега не правам ништо , здравје да порасне малку коренот. Ќе видам и како ќе паѓа бојатa...
И нешто друго ме интересира. Колку пати треба да се фарбам со фарбава доколку излезе ок , па да ставам потоа посветла? Јас април пак ќе доаѓам за Мк , па сакам до.тогаш да си земсм фарби и хидроген од тука , Keune фарбите во Грција ги нема.
Тоа не знам, не успеав да видам ама бланшот ми стоеше на коса точно 2 часа , претпоставувам послаб хидроген имаше ставено
@Cosmi @wannaBeMomma Нигде ја нема фарбава што ми ја препорачавте ја барав потоа 9.21 на Еволушн слична ко таа од Кене , ама и таа ја нема. Да кажете некоја друга марка на фарба ?
8.21 еволушн? од космо лиса и дм к.вода ја купував. ама те видов на инста, нема да ти ја ни осветли ни покрие црвеното. ако не го сакаш тоа мислам 7ца да стаиш па после да видиш што со бланш или како
Фала ви женски. Ќе видам ајде ако ми фати око нешто ќе земам ако не, крај на февруари ќе отидам на фризер пак нека средуваат.
Црвениот сјај тешко излегува (освен постојано да ставаш преливи и да ја неутрализираш, но пак ќе е тука). Подобро ти е да ја направиш некоја кафена/медена нијанса, па постепено да целиш накај плава.
Ова ми е моменталната боја на косата , некоја 8мица да кажам, а имам уште некои прамени портокалови, утре закажав да вадам прамени ќе успеам од оваа боја да добијам плава? И сакам да прашам од кога ќе ми извадат прамени дали ставаат одозгора фарба? И потоа ќе нема ли да имам проблем доколку сама се фарбам дома? Зошто не планирам секој месец да вадам прамени, на 3-4 месеци
Ова е резултат на таа фарба измешана со аура 11а.После прво миење изгледа вака а веднаш после фарбање е посива надолу а коренот пожолт, но после си доаѓа на место.Баш како што сакав.