Светло смеѓа сум, меѓутоа сите обиди досега за осветлување ми беа неуспешни ( вклучувајќи и фризер), поради тоа што имам црвен подтон...бев решена овој пат да пробам со фарба со бланш и пепелест прелив одозгора, ама барајќи фарби ја најдов оваа на Кене и ме копка да пробам да видам како ќе биде...иако многу ми е страв да не се зезнам, ептен ми е преку глава од портокалови/ жолти нијанси кои ништо не ги спасува отпосле. Инаку, да, планирам цела коса. Можеби имаш искуство или совет? Секое мислење е добредојдено Погоре е слика од нет што ја најдов за фарбата, а и најблиску до резултатот кој сакам да го постигнам.
Верувај дека само со фарба ништо нема да направиш, само ќе се нервираш а воедно Кене се јаки и само ќе ти ја исуши косата. Искуство имам, и мојата е светла ама без бланш од доле не биваше. Е сега, тоа прави го на фризер зошто од прекопување си ја спржив. Си заработив хемиско шипање и морав пикси да ја скратам
Фала ти, и јас имам слично мислење....ако ептен се предомислам и ја пробам, ќе си земам и резерва потемна нијанса за одма да се префарбам, да го избегнам срамот од шетање по продавници со портокалова коса ко последниот пат И ќе прикачам слика тука, без разлика на резултатот Фала ви многу на двете за помошта
Keune 1517 i 1511 ,со 9% хидроген. Сооднос 1:2 . Подобро од што очекував. До сега ниту една фарба не го постигнала ова кај мене. Оштетена не е воопшто,но јас имам доста здрава коса . Ќе видиме во иднина
Само фарба користам . Бланш не. Темно кафена накај црна ми е косата ,со изразен портокалов пигмент. Еве ми ја пред фарбање. Немам друга слика сега во телефон
Женски како ја одржувате плавата да не пожолте. Значи многу брзо ми пожолтува јас сум платинум и не знам како да го спречам тоа.
Не сум веќе плава, немам слика. Има во ДМ Pro voke се вика, јас тој го користев а има и други. Се става после обичен шампон на села коса да постои неколку минути и се плакне. Колку време и колку пати месечно ќе си видиш сама според тоа колку брзо ти жолтее косата
Јас од кај фризерот зедов на Wella колор маска, бисерно руса. Се става на две/три недели (во зависност колку ја миеш косата) и со мојава должина (краток боб) ќе можам да ја користам минимум 10 пати. Е цената е 1200 или 1800. Исто имаш и колор шампони во ДМ, види ги и нив дали ќе ти делуваат. Мене лично про воке шампонот баш и ми немаше ефект некој.
Ваквиве шампони уште поделотворни се на сува коса. Последниот пат се фарбав на фризер и не ми погодија нијансата. Па на сува коса намачкав про воке после си стана баш платинеста бела
Незнам ,не ми е земен од ДМ.Од локална парфимерија ми е земен. Нема ДМ во мојот град за да проверам ,ќе кажат други членки каде има ДМ дали го има.
Со силвер шампон или силвер маска. Има голем избор , но само ако е бланширана претходно ќе ти помогне. Еве ја моментално мојата последно фарбана пред 13 дена
Кај мене со 1517 и 6% хидроген испадна портокалова...ама ставив прелив со кене 0/11 и е ок, само не ми осветли многу...нареден пат пробувам со 9% хидроген, феноменално ти испаднала И мене не ми ја оштети премногу косата, очекував да биде полошо според коментарите што ги читав Задоволна си како испадна коренот? Мене секогаш посветло ми испаѓа таму, па затоа последен го фарбам...и уште нешто, фарбите по пола ги измеша со два хидрогена или? Ме фати мерак пак да пробам, многу ти е убава косата