Јас затоа мешав 1517 и. 1511 за да не биде портокалова. Мораш со 9% хидроген. Мешав да двете заедно наеднаш ,по пола од двете. После хидроген дупло нели ,сооднос 1:2. Прашав фризер прво. Јас се фарбам од позади кон напред. За да изедначам боја. Коренот ми е иста боја со должината на цела коса. Оставив за на крај боја ,и десет мин пред миење направив прелив со вода и шампон .
@wannaBeMomma @koritsaki женски дали знаете каде можам да ги најдам keune semi фарбите? Дали можам да ги купам од фризерски салон или мора таму да се фарбам? Еве резултат од Кене 1517 мешана со Кене 0/11, 9% хидроген
@UnordinaryOne, семи колор се за бланширана коса и не се користат со хидроген, туку со активатор. На твојава нијанса не би фатиле воопшто. Наеднаш со фарба не можеш да добиеш руса боја. Јас би ти препорачал еднаш да извадиш прамени и после да си се фарбаш на две недели со 1517 коренот.
@Ketchup може пошто не сакам светло руса сум задоволна од резултатот, за семи прашав пошто се без амонијак и сакав да ги пробам. Ова е нијансата на светло, дарк блонд нијанса,посветло нема ни да ми стои...
Бојата ти е многу убава. Јас мислев сакаш скроз плава затоа што видов дека си се фарбала со 1517. Понатаму со која планираш да ја фарбаш? За семи нема потреба да трошиш пари, ем поскапи се, ем се повеќе ко прелив, отколку фарба. Нема воопшто да променат нешто на твојата нијанса.
Се согласувам со @Ketchup брзо паѓаат тие бои и скапи се , нема потреба пари да даваш за тоа. Супер ти е бојата
Обично користев темно плави нијанси, ама пошто се со 6% хидроген скоро со сите излегував портокалова...затоа се решив за кене 1517 и 9% хидроген, претпоставував дека нема да осветли премногу, а кога бирав нијанса само кај keune најдов ash blue коректор за боја (0/11), па баш ме интересираше како ќе испадне комбинацијата. Задоволна сум, не знам дали пак би се решила за истата комбинација пошто е прилично јака фарба. Стварно ме интересира дали има кај нас други фарби што имаат коректор за неутрализирање на несакани тонови (од оние што се додаваат во фарбата), или да пробам осветлување и прелив одозгора...ако имаш предлог пиши
Незнам дали си активна уште на темава. Каков бланш ставаш. Од кој? И само корен претпоставувам бланшираш,но користиш ли фолии? Сакам цела да ја бланширам на фризер ,и после сама да продолжам да бланширам корен. Ставаш ли олаплех за да не ја оштетува?
Здраво женски, сакам да ве прашам околу мојава коса. Неколку години ја штирам косата на фризер и супер ми е бојата, но израстокот многу ме нервира.Несакам да ја шатирам многу често дека сепак бланшот ја оштетува а сакам долга коса.Мојата природна коса е смеѓа, но сите фарби ги имам пробано на некои прамени само на израстокот ама сите до сеа ми излегле на портокалово или прежолто.Фарбите ги имам користено со 9% хидроген. Сакам да ве прашам дали може треба појак хидроген да ставам или послаб и воопшто дали е возможно без бланш косата да посветли во некоја нормална нијанса, да не е портокалова ниту па прежолта нешто како бебешко плава што ќе можам да се фарбам дома ?
Ако не е бланширана косата т.е. ако ставаш само фарба по некое миење косата ќе ти пожолти. Можеш и со 6% да пробаш, ама без бланш не е тоа тоа. Бланшот не ја оштетува косата, ако ти го нанесува фризер , и ако ги шишаш почесто врвовите.
Здраво девојки. Сакам да прашам како можам да знам дали во фарбата има графит за да знам дека нема да фати жолто? Пишува тоа некаде дека содржи графит?
Јас сум стварно изненадена од резултатот и морам да споделам...купив palette фарба без амонијак и немав некои големи очекувања ( сакав само да ми го изедначи коренот со остатокот од косата), ама многу убаво излезе...да напоменам ја користев само фарбата, не се бланширав претходно па затоа не е толку светла. Ова е резултатот:
@UnordinaryOne да не имаш слика од фарбата? Или бројче каква е твојата природна коса? Јас таква нијанса се фарбам сега, ама од многу фарби не ми излегува тој пепеласт сјај на коренот, повеќе накај портокалово оди.
Palette naturals 10-2, super ash нијанса е и стварно не очекував да излезе толку добро,природна ми е светло кафеава со многу изразен црвен подтон
Дали на светло медова нијанса би фатило дарк аш блонд со 3% хидроген? Дали би се неутрализирал портокаловиот сјај?