Имам таков, ама тој не врши работа во мојот случај. Целиот израсток ми е медов. Тој неутрализира само по некаде ако има портокалово жолто сјајче. Сакам да го стемнам коренот, ама не сум сигурна што да напраам, по должина ми убава.
Zdravo devojki za prv pat ke se farbam doma sama kupiv farba kane 1517 I 9% hidrogen kako da ja rastvoram i kolku vreme se drzi na glava farbata?
Цела, или само коренот? Ако е само коренот, пола фарба ќе ти биде доволна. Хидроген ставаш од око, да ја покрие фарбата што ја имаш ставено во канчето. Да не е многу густа, да не е многу ретка.
Дали е можно да се постигне dirty blonde нијанса со постепено фарбање секој месец со посветла и посветла фарба меѓутоа БЕЗ бланш? Или да идам на фризер да ми ја средат и избланшираат, да не пробувам залудно ако не е можно првово. Некој поискусен ако може да ми одговори.
Ако појдиш на фризер, неколку бланшови ќе ти стават хахаха. Каква нијанса е таа dirry blonde дај ми слика, па ќе те советувам. 10 год бев плава/руса/сива, и тоа во домашни услови.
Женски имам едно прашање , природно сум светло смеѓа темно плава и се фарбам со Лореал 03 блонд светла нијанса е сеа ја имав доста време оставено не се имав фарбано околу 2 и пол 3 месеци и коренот ми беше доста израснат обично ме фарба некоја другарка овој пат се фарбав сама и бојата е супер само што горе каде што ми беше порасната мојата е пожолтеникава отколку долниот дел , сакав да прашам што би можела да ставам за да ми се изедначи бојата на пример готов тонер од ДМ да ми препорачате или дали пак да си го исфарбам коренот бидејќи силвер шампон не ми помага многу затоа пто мојата коса е тенка мека и многу впива и кога ставив purple шампон долниот дел што ми е веќе убава светла нијанса ми се бои лилјаково. На фризер не ми се оди бидејќи разликата е мн мала и не е катастрофална а за еден обичен прелив колку што прашав земаат од 800 нагоре а за моите две влакна коса не ми се дава , ќе дадев да беше катастрофална ситуацијата ама не е до тој степен само ми треба да ми се израмни горниот со долниот дел , каде горниот е блонд ама удира накај жолтеникаво а долниот ми е перфектен ash blonde. Pls help И да заборавив да напоменам косата до сега ми е само фарбана не ми е бланширана воопшто , бидеји природната коса не ми е темна па од 2,3 фарбања ја добив посакуваната нијанса
Друг совет за сега немам, освен да продолжиш со purple шампон и маска, или да ставиш ехотон тонер голубиje сива. Но, при следното фарбање, фарбај ја косата обратно, т е. почни од позади а заврши напред на темето/патецот. Според описот, твојата коса е тенка и брзо впива боја како мојата, па затоа брзо се презаситува косата и последно фарбаниот дел испаѓа најубав затоа што таму најкратко делувала фарбата
Дали хидроген за фарба разредување би осветлил коса? Или кажете која плава да ја зеам Ми ја видоа некои косата од вас во друга тема, сакам дома од пола надоле бар уште поплава да се направам. Со која фарба и како степ бај степ, за да не станам жута? Обично одма ми прима боја косата, и со бланш, прелив коа ме прават убаво искача
Само хидроген не, ќе ти ја пожолти косата само и ништо друго. Мора да се измеша со фарба некоја ама немам совет околу тоа која боја да ја земеш. Нека кажат некој совет поискусните.
Фала ти Ајде плавуши на главна каса. @koritsaki знам ти беше плава едно време, некој совет да не имаш? Друг кој е плав фак
Јас и сега сум плава т.е бела , имам ставено слики во соодветната тема. Сега секој месец ја фарбам на фризер , бланш на коренот па прелив, меѓутоа пред 3 години кога ја фарбав сама дома успеав да имам некоја плаво беж со keune 1517 и 9% хидроген. Има внатре лила пигмент и нема да излезеш жолта. Хидроген само ништо нема да ти смени, или хидроген и фарба или бланш со хидроген оди Пред 3 год со Кене 1517
Ууу Шо ти е убава бре Сакам и јас ваква. Епа да земам таква фарба ко шо кажа, да се нашлакам од пола надоле Доле сакам скроз плава да сум А најплавите прамени шо ми се, ми се доле.Горе не се поплавени скроз… Затоа сакам плаво да ставам.
Косата ми е шатирана со бланш само и сив шампон. Дома сакам сама да ставам прелив. Каков ми препорачувате? Како да го направам, со каков хидроген и колку да држам на косата? @koritsaki @wannaBeMomma @CarrieBradshow @Ketchup
Од прва, нема да ти испадне ко на неа. Мора бар 4-5 фарбања за таа нијанса. Плус, фарбање на 2 недели за да ја одржуваш таква. Јас прелив имам правено само со малку фарба, малку хидроген, помешано со шампон и нанесување после првиот шампон, кога ја миеш косата. Ја држиш додека не видиш дека го нема жолтото. Е сега за нијанса, зависи каква сакаш?
Немам правено јас прелив, директ се фарбав врз бланш. Фарба, хидроген 3% и шампон и регенератор, мачкај на мокра и после миј чим добие сив тон (таков сакаш претпоставувам)
За да бидеш како оваа треба на наситно цела коса прамени без да се гледа твојата боја. А и кога ќе ти дојде до допир со хидроген твојата боја има шанса да ти пожолти иако е слаб и плус разреден. А за нијанса не знам, јас сивкасти купував цело време