Па таква ти е. Само начинот на шатирање е различен. Многу ти е убава нијансата јас мислам да не ја чепкаш.
@fana супер ти е косата, воопшто не ја менувај. Јас прелив не сум правела никогаш дома, само на фризер, затоа не ти одговорив
Косата природно ми е посветла кафена а неодамна ја исфарбав со плава боја. Резултатот е како на првата слика. Ми пречи тоа што на моменти како да има жолтеникав одсјај. Плус сакам посветла да ми биде. Дали без бланширање со обична фарба има шанси да дојдам до некоја нијанса (на врвовите што и е) како на втората слика? Немам искуство со плава коса и секој совет е добредојден. Значи сакам да биде по пепеласта нијанса без црвеникав или жолтеникав одсјај.
Каде да ја барам? Ја има ли во ДМ? Може смешно звучам со прашањава ама немам искуство а ме фати мерак за плава коса.
После неколку миења само со шампон, без силвер шампон, за да ти падни сивилото и за да делува преливот/фарбата шо да е. После тоа, ставај Кене 15/17, та е нијанса каква шо сакаш баш, бело бисерна. За прелив не сум сигурна колку ставав по мл, пошто ставав после фарбање од фарбата шо че ми останеше, додавав само шампон, регенератор и масирав низ цела коса после миење на фарбата. Оставав пола саат и пак се мијав. Со Кене че средиш работа жими се, најубај нијанси имаат, а 15/17 е една од најприродните плавушки нијанси Бтв, јас знаев и после бланш да ја измијам косата, да ја исушам и одново со фарба, во ист ден. Ама така практикував еднаш на 4 месеци.
Дали на некој начин е возможно да се оддржува плава коса со должина до рамена? @Ketchup гледам ти се разбираш ептен Имам кафена коса нефарбана и мислам да ја фарбам плава на фризер секако, ама ете сакам таа должина да ја оддржавам , да ја кратам по малку на месец, два нели да биде колку толку здрава... Сакам платинеста коса да добијам или ете предлог некоја нијанса на плава што нема да морам да ја бланширам често. Благодарам
Ако сакаш платинеста без бланширање, 1517 на Keune со 9% хидроген, ама обавезно фарбање корен на 15 дена. Ако оставаш подолго време, нема да го добиеш посакуваниот резултат. Е сега првиот пат, не знам фризерот како ќе направи, дали ќе ти извади прамени, дали цела ќе ти ја избланшира, зависи, ама да си знаеш за понатаму како да ја одржуваш. А должината е супер за одржување и шишање на два месеци е доволно да ги одржуваш врвовите здрави.
Се офарбав со keune 1517 со 9% хидроген и ова е резултатот. Дефинитивно жолтиот одсјај се изгуби. Ми се допаѓа како испадна само што јас сакам уште малку посветла. Дали да очекувам при наредните фарбање да се осветли или нема да може повеќе само со фарбање без бланш?
Дали постои готов прелив за коса некаде пример ДМ или некој да каже како точно може да се направи дома за да се тргне жолтилото од фарбата?
Еве ти на природна дневна светлина внатре. Претходната е сликана исто внатре ама навечер при жолтеникава светлина.
Ја пробав Кене 1517 ми дојде жолта катастрофа. Се префарбав со Пакете C9, косата доби прекрасна беж нијанса по цела должина. Кене никогаш повеќе.
Денес отидов ксј друга фризерка во маалово, другата каде што одев нрмаше др начин да ми ја осветли косата освен со бланш. Последниот пат многу ме печеше скалпот и ми се направија рани и решив да се тргнам од бланшот. Денес ми стави крема осветлувачка како таа што ја користев порано на Schwarzkopf и да бидам искрена супер излезе. Не знам понатаму како ќе биде како расте косата... Фризерката ми рече дека нема да биде како што била со бланшот, ама и нема да е жолто како кога е фарбан коренот со фарба. И др позитивно што не ја гори воопшто косата