Женски , ставив бланш и излегов портокалова со банана боја. Дали ако ставам фарба ќе се покрие или пак да ја поминам со бланш? Да не си ја потрошам фарбата за џабе ?
Имам банана прамени. Со блиц е затоа така изгледа. Како и да е , прелошо е. Бланш купка па фарба , м ?
Не знам дали ќе успееш доволно да ја осветлиш со купката но и повторен бланш па фарба може да ти се оштети многу
Да бидеме реални, патот до плава коса е долг и напнат додека да се постигни саканата нијанса. И најнормално е да има морков моменти, то ти иди како отскочна даска. Е сеа твој избор е дали сакаш да поседиш така со косата пример неколку дена, барем додека убаво да ти се измрси косата и да и ставиш фарба со сиви тонови (сувото го неутрализира жолтото). Ако на морков коса ставиш фарба со сиви тонови, нема да добијаш сива коса туку би ти помогнало да го неутрализираш портокаловиот сјај. Мој совет ти е почекај 2/3 дена да ти се измрси косата (на мрсна коса многу поубаво фаќа фарба или бланш). А ако си нестрплива, стави фарба уште утре, па по 2 недели пак фарба. Не си играј со бланш повеќе оти да не ја пеплосаш косата набрзина, барем постепен нека е процесот.
Среќа не ја пеплосав , малку е дехидрирана. Ама бојата ми е страшна ако може да се нарече боја. Имам многу јак црвен пигмент , ниту на фризер ми немаат извадено плава на природна боја. И кај Октај бев се изнадавав пари не ми направи ништо. Е сега се думам луѓе помагајте што фарба да ставам да го ппкријам хаосов.
Сакав загушлива плава некоја но не иде никако. Хаос си створив и не знам која фарба да ја ставам да го средам ова што го направив прикачив слики во коментар горе. Ако би знаела помагај
9.27 земи ја. Ама намачкај ја во коренот и држи ја пола саат, потоа домачкај низ цела коса и остави уште 15 минути. Кога велам корен, мислам на пола коса во должина. А не буквално само на коренот. Пиши претходно дали имаше боја на косава пред да и го ставиш бланшот вчера?
Ќе те послушам . Се надевам ќе излезе нешто нормално Имав прамени светли и корен убаво подраснат со многу бели влакна.
Затоа така ти е. Ако те фарба некој друг, нека не брза, убаво да те помини до кај шо е портокалово влакното, другото немора. Приота срди на топло, не шртај додека не ти дојди време за миење.
За прв пат се исфарбав во life color plus 10, косата многу жолта ми испадна, со каква фарба-нијанса да се префабам барем ова жолтово да го ублажам До сега сум користела гарниер, експлицит, и понекогаш кене ама премногу ми ја суши, а гарниер не ми е тоа што беше
Обиди се со лилјаков шампон. Или префарбај се со пепеласта фарба со лилјаков тон од типот на Keune 1517. Немора таа, имаш многу такви фарби.
Пробав со ваков шампон никаква промена, скапи се некако не ми се ми купува и друг да не нема пак ефект. Да земам од оваа фарба на палете, или нешто уште потемно
Силвер само на фарба не делува. Само претходно ако е бланширана. Кене 1517 или Еволушн 11.11 со 9% хидроген земи ја и држи 50мин
Пред една недела, втор пат како ме фарбаа со таа осветлувачка крема и некако , што знам, не сум задоволна.. Спојлер: Коса Спојлер: Коса 2 Има разлика, доле е бланшот, останатото е како би била косата додека би ја фарбала секој месец вака. Не можам да се навикнам на новава нијанса , бланш си е бланш. Нареден пат се враќам кај старата фризерка да продолжи со бланшот, имав на моменти проблем со скалпот, но тоа е Косата ми изгледа малку лилјакова ама ја заборавив силвер маската подолго време