И јас ако би второ би затруднела за 2год макс тогаш би имала 30 Да не бидам сфатена погрешно и на 40 имам роднина што роди Ама не ми се остава голема разлика. Вака наеднаш двете нека пораснат па на 35г кај бабите и тетките на спиење таман пораснати а ние со мм на шетање Многу ми се јаки плановите
И јас сакав поголема разлика, сум мислела и до 10 години. Да му се посветам на едното, па кога ќе ме откачи за друштво, јас да си родам. Сега се 7 години разлика и некогаш ми е мнигу тешко.На големата до сега и е посветено сето внимание и од нас, прво внуче и од двете страни на бабите и дедовците и на тетките. Не била разгалена , многу умно дете е и послушно, но тешко и доаѓа овој период. Си ја сака сестричката ја гушка и се радува , но јас се чувствувам поделена на две. Уште го немам тоа чувство на единство во семејство со две деца. Или сум целосно посветена на едната или на другата. Со неа учиме, играме некои игри навечер, спиеше сама, сега бара исклучиво јас да лежам со неа додека заспие и ме гушка баш онака како некој да ме зема од неа. Ноќе доаѓа кај нас во спална ме стиска за рака и заспива. Јас во средина бебе од една страна таа на друга. Ако се свртам на кај бебето се лути и лежам на грб. И зборуваме и покажуваме дека ништо не и е одземено ама и треба време да сфати. Кога сум околу бебето навечер, таа бега кај баба и дедо и. Така со помала разлика може било и подобро.
Не постои идеална разлика. Чим се две ќе биде тешко и со мала и со голема. Работа околу дете има нов стоп. Дали ќе мењаш пелени или ќе седиш домашна да пишуваш со него,исто ти е.
Се сложувам. Мислев бидејќи се 4 години разлика ќе биде многу полесно, ама дете како дете, психолошки не прифати баш најлесно што не е веќе центар на внимание. Убаво го кркав првата година. Инаку јас почнав да ги оставам кај баби и дедовци на спиење со навршени 2 години, но сепак да спомнам дека бабите и дедовците беа секојдневно инволвирани во "растење" деца уште од нивното раѓање и никогаш не сум имала проблем да ги оставам на причувување уште од бебиња. Сега сме веќе фри за да искачаме без проблем, но пак е ретко зашто многу повеќе сакаме со нив заедно да шетаме. За жал многу брзо растат, не сакам да ми одлета тоа време. Има родители што постојано се сами, децата кај бабите и уживаат во слободата, и јас мислев дека ќе бидам таква но едноставно сум се сменила, децата ме смениле
Јас не би сакала во исто време да менувам пелени на две деца. Тоа е мое лично видување. Синко е екстра темпераментен, не можам да замислам да имам бебе сега. Тој бара 100 % внимание, некогаш го гледам а тој прави беља, додека да стигнам до него тој вклучил рингла. Не можам да замислам како би функционирала да имам и мало бебе. Синко имаше грчеви 3 месеци. Го сфаќам концептот 'на една мака две' ама не е тоа за мене.
Има и далеку помирни деца, сум видела со свои очи. Ке се заигра со играчки во едно место, ке гледа цртани со часови, синко не. И кога се игра, пак е во движење.
Има ли тема за мајки што имаат две три четири деца? Сакам да прочитам нешто повеќе, посебно кога доаѓа ново бебе во домот, да прочитам пред да ме сместат во лудница, после џабе ќе читам нема да разбирам. Ме интересира што да правам со првото за да му биде ок? Всушност да се преиспитам, да додадам, да одземам на време, да прочитам искуства и совети од други мајки.
Природно се ќе си дојде, џабе ќе бараш совети затоа што секоја мајка е различна, секое дете е различно, секој различно живее, кој има многу помош, кој има малку, кој нема ич... Ќе си се водиш по детето и својот инстинкт Гледам си ми лајкнала пост од 2016 Никогаш не би го сменила тоа. Второто почнавме да го правиме Август, се фати Февруари, децата ми се разлика 2г и 6м, моментално се 6г и 3ипол накај 4. Беше повеќе тешко годината кога малата вадеше заби, од 1г до 2 некаде. Супер се сложуваат, си играат заедно, имаат убава заедничка игра.. Нормално како сите деца знаат да се закачаат Е третото што ми е во план, сеуште не сум се одлучила... Веќе како и да е помина доста време и од второто, за друштво веќе е голема разлика.. Па ќе си почекам (имам и време), да ни биде маза на сите
Сакав онака искуства да прочитам, згоди и незгоди. А ќе ти пребарував низ мислењата за третото ама немав време, те немам одамна сретнато низ темите.
има од се. Мојава со многу љубов ја прими Само ја гњави и ден денес. Не сум на чисто дали знае дека не е кукла Сепак, едвај чека да порасне да си играат. Ја влече по дома каде сака она да ја стави, и зема се, па и дава глупости да не плаче Скоро почна да ја удира. Каде видела, појма немам. така да има и ќе има се