Јас денес прв пат се фарбав црвена, имам долга коса и ставив 3 фарби Претходно ми беше темно кафеава, е сега во коренот ми е црвена како што сакам ама надолу е темна Моето прашање е: После колку фарбања вие ја добивте вашата црвена боја??? 2-3???? Колку? Сега сум шарена и ич не ме бендисува ваква да се шетам А ја исфарбав црвена, затоа што сакам црна да се правам, ама си реков во меѓувреме да пробам и црвена да сменам малку, да видам како ќе ми стои, а убаво ми стои на тенот ама како да ја направам иста боја да ми е цела коса. Лореал се убави ама мене ми требаат најмалку 2 фарби а може и 3 е неможам толку пари да давам-немам фала однапред
Јас лично рвена боја уште и уште не успеав да добијам. Пробај ги Рубела или Аура, во Зегин ги има. Инаку луѓе, дај бе кажете некоја јака фарба, да блисне црвено! Мутава ми е косата, тешко фаќа боја, а кога ќе ја фати не паѓа со месеци. Иста сум ко од пред еден месец ебаго.
А ја имаш пробано новата фарба SYOSS бројче 5-29? Јас со таа се фарбам и ептен сум задоволна. А инаку пред тоа се фарбав со Palette RI5 и од неа бев задоволна, но сакав да сменам малку
Gunshine,ред бустер дефинитивно би ти одговарало на џиш црвено,што викаш ти да блесне Ако сакаш светла,ова ти е дефинитно според мене најдобра. Јас сепак ќе си се вратам пак на оваа,незнам што експериментирам само без врска... те ваква фарба,те ваква нијанса,и ниедна посебно не ми прави филинг како оваа RB. Така да,си се враќам на оваа за некој месец
После разгледувањето на темава се одлучив следен пат да ја пробам SYOSS 5-29, изгледа најмногу ,,ветува,, Пак да ве прашам сега: После колку време пак да ја исфарбам? (ми е страв да не ја оштетам многу со фарбите) btw денес се фарбав 1 недела 2????
Јас се фарбам на месец дена... Тогаш веќе ми е подникнат коренот, и бојата ми е малку падната, а еве веќе терам месец ипол моментално
Фала на одговорот ама јас нема да издржам 1 месец вака шарена ми е срам да се појавам надвор ќе мора побрзо поздрав
Фала за советот, ама немам пари периодов, кнап сум ептен. Овој пат Гарниер, Трендафилка што ми ја кажа, па следечи пут, новчаникот и право во веро. Ај па ќе пишам, може и слика ќе ставам да се пофалам ако испаднала убава.
Девојки, ја пробала ли некоја оваа боја на Аура? Многу привлечна нијанса, си ја меркам подолго време, едвај ја најдов сега вртејќи по некои каталози. Јас се имам фарбано еднаш на времето со Аура, ама русокоса, и не ми беше многу по ќејф. За црвенава коментар?
Јас се фарбам на месец дена, а некогаш и малку покасно. Од причина што не сакам да ја оштетувам косава сега во зима, го фарбам само коренот. А инаку сакам да направам промена на фарбата, гледам ја фалите RedBooster - како изгледа, каде може да ја најдам и колку пари е? Вака бојата ми се допаѓа, ама откако ќе ја испробам ќе ја долови вистинската боја на косата
Red Booster-Evolution ја има во Веро Центарот,Парфимериите Џоана и Јаготка,незнам колку ти се познати,во Кисела вода се наоѓаат. Таму барем секогаш ја има,а во Веро или пак некој друг голем маркет или парфимерија исто така ги има,но мнооогу тешко ја наоѓам таму.. Речиси никогаш.. Затоа секогаш си ја земам тука од кај мене А,и да ја нема ни оваа парфимерии јас најчесто ја порачувам да ми ја донесат,зошто не ја купуваат баш оваа нијанса многу,и не им се исплати да ја носат за џабе нели.. Иначе 220 е ,некаде 250,зависи каде ќе ја најдеш, и не се продава со хидроген Mене волку светла ми беше со блиц ако се сликав.. а ништо поразлично и на дневно светло. Ептен е светла,ни бланш не и треба.
^ Ауу ептен ми се допаѓа бојата Не е скапа воопшто, следно фарбање обавезно ја купувам оваа Не ми се познати овие парфимерии .. Па богами слабо црвенокоси има, ептен е смела оваа боја на коса па ретко се фарбаат. Инаку и јас и мајка ми сме црвенокоси, многу ја сакам оваа боја и не ја менувам со никоја друга. Ти благодарам на информацијата и уште нешто со колку % хидроген ја мешаш? Поздрав
Па го земам најслабиот хидроген со оглед на тоа што е прилично светла,несакам да ризикувам со појак сепак доволно е светла и вака Иначе,6ка е хидрогенот на еволушн мислам дека тој беше најслаб,и околу 60 денари е ако не грешам
Ја имам пробано, не бев баш воодушевена. Имаше сјај косата, ама брзо падна бојата -едвај 6 миења. Инаку косата ми труеше на амонијак 3 дена...
Вчера пак ја фарбав косата, сега му ставив потемна црвена фарба на коренот (затоа што ми беше многу џиш црвен а надолу темно и ми се изедначи малку, па после месец ќе пробам пак за посветла црвена, сега за сега арна е
Идеална црвена коса за мене би требало да е природната црвена коса. Џиш црвената боја на коса не ми се свиѓа,делува емо или готх.И боиве ме печат на очи,многу се нападни Јас си имам природно црвена коса.Порано ми беше портокалова но со тек на време потемне и сега едвај се познава дека сум црвенокоса.Сеа сум ала Ема Стоун
Благодарение на Beauchamp и нејзиното споделување на најубавото нешто наречено Red Booster, само од едно шлакање со фарбата, дирекно на кафеава коса без претходно бланширање и ред такви уништувачи на косата, та даааааааам: (се извинувам во името на ветерот што косата ми е разлетана)
Луѓе помагајте. Се фарбав пред некој месец и ми беше убава, ама сегами се одми бојата и ми е шарена, коренот темно кафеав, па црвена а на врвовите многу светла, скоро портокалова. А сега за една недела ќе се сликаме за табло и не сакам да бидам шарена и не знам што да правам. Ја сакам црвена, ама ме мрзи да се фарбам на 2-3 недели, и сакам да се ослободам од црвенава боја. И сега се чудам што да правам, ама си викам ај уште еднаш да ја направам црвена за таблото, па летоске ке експериментирам со кафеавата некако да си ја вратам. Ама ми е страв да не ми испадне на шарена. Што да правам? Или дај препорачајте некој добар фризер во Скопје ...
А каква фарба ставаше кога се исфарба?Чисто ме интересира.. Инаку ако не сакаш да се фарбаш има едно средство кое се порачува од фризерските салони(сега не знам дали има секаде али добро ке биде да се распрашаш само што името му заборавив)тоа е како пена за коса во боја која ја нанесуваш после миење и ти стои се до следното миење на коса Убаво е јас го користев долго време а богами и дава убава боја на косата и сјај.Јас сум задоволна од тоа и пак ке си порачам. не е скапо,ефтино е 250 денари чини.