Јасно. Муабетот беше дека на плава основа, бојата ќе биде посветла и многу пластично (превештачко) ќе изгледа. На природна основа секоја боја фаќа нормално, додека на претходно третирана има потешкотии.
Чекав да ја донесат фарбава и тек сега ја купив и сакам да се фарбам со неа денес. Сакав да те прашам нешто друго.. гледам пакувањето на фарбата е 60мл, земав 6% хидроген и гледам дека пакувањето е 90мл. Го ставаш целиот хидроген во фарбата, нема гајле количински толку или имаш друга процедура? Поздрав
Обожавам ваква боја на коса, ама премногу сум мала за фарба, па... еве некои момичиња со црвена коса.
Да да,го ставам цел хидроген со фарбата А исто зависи колкава ти е косата,ако ти е подолга ќе ти треба цела фарба (тубичето) и хидрогенот цел,ако ти е пократка пола тубиче стави го,но цел хидроген. Јас без разлика на количината на фарбата го ставам цел хидроген за да излезе поцрвено Со среќа фарбање,ме интересира како ќе ти излезе бојата
јас ја користев од Syoss intense red фарбата, одлична е и ми стои прилично долго. По препорака на фризерката земав излезе прилично темна ама сега се оствелува (второ миење) и е ок (види слика) . Но, дефинитино нареден пат кога ќе се фарбам ќе си земам од Syoss.
Јас да се пофалам дека се исфарбав денес и премногу ми се допаѓа бојата Голема благодарност до Beauchamp, таа ги има заслугите за промена на мојата досегашна фарба Во прилог и слики
Ахх го заебав по не знам кој пат мојот обид за црвена коса,се исфарбав со фарба која требаше да ми искочи вишна боја за на крај да добијам темно кафена со отсјај на црвено т.е бордо,барем ме теши тоа што не сум шарена во косата како што бев
Директно на сонце ми е многу поцрвена, ама немам таква слика сега за сега! Се мислам дали да ја фарбам поќе кон портокалово..
јас ја имам онаа портокалова коса не толку мн морков боја. Природна ми е бојата, порано ептен сакав да се фарбам црна ама незнам, се смислам. Ја имам онаа боја на коса како Christina Hendricks. еве ја мојата еве ја на Christina Hendricks
Јас имам црвена коса веќе цели 2 дена ама ми излезе малку по темна од очекуваното. Некаде прочитав дека ако се фарбаш со Мис Меџик нема да има некој многу добар ефект, а јас токму со неа и се фарбав.. Сега ќе по чекам да помине една недела и сакам пак да се исфарбам зошто имам многу долга коса и за ова фарбање потрошив 2 ипол пакетчиња (заборавив да напоменам дека ова ми е прво фарбање) и не ми е добро исфарбана на сите делови. Е сега моето прашање е: Сакам малце по светла нијанса од оваа што сега ја имам и дали следен пат кога ке се фарбам да ја користам истата марка на фарба и истата боја или да земам за нијанса по светла? Од друга страна не сакам да ми излезе на крај морков боја..
Јас сакам црвена да се правам, само не знам што фарба да земам. Не сакам да ми испадне виолетова, а ниту пак дреч црвено. Еве вака нешто. А косата ми е ваква.. Ај препорачајте ми некоја добра фарба .