Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеално црвена коса

Дискусија во 'Коса' започната од crazylady, 26 март 2011.

  1. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.653
    Допаѓања:
    4.557
    Пол:
    Женски
    Добив ваква боја од само едно ставање на фарбава , инаку предходно бев фарбана црвена , и е еве скоро 4-та недела терам дури сега почна да паѓа бојата

    [​IMG]

    [​IMG]

    Оваа е фарбата јас земав Garnet ама бројчето не го памтам , ја има во ДМ и во Веро
     
  2. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Ете да го споделам и мојот (не)успех, малку повеќе е светло црвена на сонце ама ако. А сакав потемна :devil:
     

    Прикачени фајлови:

    • Picture_191.jpeg
      Picture_191.jpeg
      Големина на фајлот:
      168,7 KB
      Прегледи:
      481
  3. bibb.y

    bibb.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    355
    имавв дреч црвена коса ама бев на брзање и купив друга фарба и се исфарбав со неа и ми икочи мн темна... и сеа сакам да ја осветлам со хидроген и да си ја исфарбам пак со syoss... дали ке ми изгори многу?? или ке ми излезе никаква??? :^) :^)
     
  4. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Предлагам да и ставиш масло од кокос пред да и ставиш хидроген бидејќи ептен ќе ти се изгори.
     
  5. unforgiven

    unforgiven Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    aбеее моментално мие таква бојата и должината на косата па си купив evolution red booster и 9%хидроген и треба да идам на фризер да ме среди малце метило да го исчистам ова она и да ме исфарба само мие.. дали ќе ми стигне 1 фарба и дали ќе ми испадне убаво бојата значи мн сакам црвена бојааа !!!! :$
     

    Прикачени фајлови:

  6. bibb.y

    bibb.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    355


    а каде да ја најдам таа фарба??? неам видено до сега таква ??? :) :)
     
  7. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Ја има во веро, иначе ќе ти стигне 1 фарба :)
     
    На bibb.y му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Ој жени, јас веќе изгубив нерви со црвената коса, сериозно се размислувам да ја откантам и да се сторам бринета.
    Не знам веќе што лајно да ставам на главата, секоја една фарба почнувајќи од Субрина, Гарние, Палете и Аура ми паѓа после недела дена и завршувам со некоја природно кафеавкаста светла нијанса.
    Многу се нервирам, не можам да се помирам дека бојата не ми трае ниту две недели.
    Барем половина месец.
    Се мислам дали да ставам к'на, ама работата е што јас не ги сакам тие темно махагони трула вишња бои на црвено, ниту пак оние дреч црвени како ред бустер на еволушн или на ријана фарбата.
    Нападна ми се и вештачки, не ги бендисувам ама ич.

    Сакам исклучиво ваква црвена боја и ја добивам донекаде, самошто трае недела дена.
    :(
    [​IMG][​IMG]
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Си пробала со лореал?
     
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.602
    Не, не сум пробала фарба на Лореал, се наканувам постојано, ама кога ќе дојде време за фарбање, не ми се фрлаат толку пари. :D

    Инаку деовјки, џабе ви кенкам, се извинувам.
    Еднаш прашав за оваа фарба, ми рекоа брзо паѓа, ама решив да ѝ дадам шанса.
    [​IMG]

    Бојата навистина паѓа по малку на секое миење, ама сметајте дека јас ја мијам често, скоро секој ден.
    Плус, бев доста упорна и истата фарба ја ставив последните 2 пати (обично менувам постојано).
    Значи од 2 последователни нанесувања, во последните 2 месеци и многу сум задоволна од бојата.
    Ќе ја ставам за една недела повторно. Мислам дека за да бојата добие замав на некој начин, треба да се биде упорен со една иста фарба, не (како мене) постојано да менувате.
    Ваква е бојата по 3 недели од фарбањето (без и со блиц). Мене многу ми се допаѓа оваа светло кафеава нијанса со ваков црвен отсјај.
    Плус шишнав бајаги голем дел од грдото косиче, и сега дури некако повеќе доаѓа до израз бојата.
     

    Прикачени фајлови:

    • 1-horz.jpg
      1-horz.jpg
      Големина на фајлот:
      204,2 KB
      Прегледи:
      451
    На lackygirl, crazylady, koritsaki и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Трено, фризеркана моја вика - почекај да се напие косата!
    Биди упорна, мене ептен ми се допаѓа фризево! Алал мор, алал :inlove:
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    8.431
    Jas moram da se pozalam od Pallete mnogu mi ja ostetija kosata i za nepolni 2 nedeli mi padna bojata.
    (Se izvinuvam za latinicava na faks sum.)
     
  13. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    мојата тазе фарбана коса.. за да ја добијам оваа нијанса фризерката помеша schwarzkopf brillance 842 и 845
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_1193.jpg
      IMG_1193.jpg
      Големина на фајлот:
      512 KB
      Прегледи:
      330
    На crazylady, Trendafilka и Beauchamp им се допаѓа ова.
  14. clock.sk

    clock.sk Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2012
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    0
    девојки јас пред еден месец се фарбав темно кафеава сега сакам да сменам да се направам црвена, ај помош кажете некоја соодветна црвена боја за да добијам црвеа боја... :)
     
  15. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    смеѓа сум..досега се немам исфарбано
    и сакам да пробам со црвена
    дали ќе ми фати од прв пат црвена ?
    Инаку имам баајѓи долга коса под половина мие
    и колку фарби ќе ми требаат ?
     
  16. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.778
    Допаѓања:
    23.445
    Пол:
    Женски
    Да ви кажам и јас се изнамачив со ова црвенава и уште не ми е ко што сакам :envy:
    Незнам какви не фарби испробав и ниедна не ми фати уба црвена, сега пред две недели ставив чоколадно кафеава и пак ништо :lol: црвена ми е пак само коренот кафеав :lol: сега незнам што да правам. Дали црвена или кафеава :?: од март месец почнав со црвенава....и веќе пукнав.
    Еве ваква ми е (сликава е на одмор сликана на дневнма светлина).
    Аничка ако се немаш фарбано до сега ќе ти фати.
     

    Прикачени фајлови:

    • hfdh.JPG
      hfdh.JPG
      Големина на фајлот:
      95,4 KB
      Прегледи:
      262
  17. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Јас буквално полудев! Прв пат ставив сајос и ми падна за една недела ај си викам до фарбата е, потоа стаив палете и ми падна од 2 миења, се изнервирав стаив лонда и таа ми падна, а сакам црвено да блесне, сеа ми е портокалова ко цитрон сум, аман. Дајте некое чаре, че си починам млада -_-
     
  18. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Јас користам Гарниер - Color sensation 6ка :) многу сум задоволна.Бојата ми стоеше 1 месец и 1 недела,ама јас пред некој ден се фарбав повторно. :)
     
    На DragonLady му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DragonLady

    DragonLady Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2012
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    23
    Јас користам Гарниер - Color sensation 6ка :) многу сум задоволна.Бојата ми стоеше 1 месец и 1 недела,ама јас пред некој ден се фарбав повторно. :)[/quote]
    Ти благодарам многу драга, а убаво црвена е? да не е многу темна ;(
     
  20. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    ^
    На почеток ке ти биде темна во боја на вишна ама со текот на миењето ке ти се осветли.Верувај дека нема да се покаеш доколку ја земеш таа фарба :)