Ваква ми останува 3 недели доколку ја мијам 3 пати неделно. Сега сум во текот на третата недела и уште ми а ваква Ова е мешана Garnier со Evolution Red Booster тонерот. Не се зафркнувајте само со тонерот да се фарбате, си ја правев таа грешка ја неколку месеци. И коренот само со 9% хидроген, останата со 6%. Со 6% повеќе трае, но не на коренот, тој секогаш бар појак хидроген за убаво да фати бојата. Јас пак, дека со Garnier во пакет секогаш има 6% хидроген, си купувам 12% и со го мешам со тој за да добијам 9%, да не е за џабе. Пантен шампонот за фарбана коса заедно со регенераторот ми ја прават косава соворшено сјајна црвена. Ма да сликава ми е пред да го откријам пантенот Ваква боја си бара многу грижа и фарбање цела коса секој месец, ама сум изненадена што не ми се оштетува повеќе отколку вообичаено. Можеби минимално повеќе само. Ама вреди.
Долга постапка за фарбање Ама вреди да се проба А кој е бројот од Garnier фарбата? Јас сега сум фарбана со оваа фарба ама не сум задоволна воопшто ..
Девојки хахаха, јас денес решив да се фарбам но бидејќи се фарбав пред една недела ај за да не ја оштетам, отидов да најдам алтернативно решение во парфимерија. И таа ми даде нешто како прелив за коса од некоја италијанска фирма, ставив и навистина се зачудив од резлутатот.
И јас сум во екипава на црвенокоси Со сајос започнав и 6% и феноменален сјај има косата, па сменив Палете и ја осветли една нијанса, и се зафркнав со Гарниер од америка демек ја порачав и темна испадна. Е сега со РедБостер ќе пробам (ако ја најдам) и ако испадне како на сликата погоре ве частам
Луѓе јас решив да не се фарбам веќе. Можеби ќе пробам со колор шампон понатака. Инаку пред 10 дена се вратив од Америка, од кај што се снабдив со фарби затоа што колку што памтам баш тие бројчиња тука ги немаше. Па ако некој е заинтересиран нека ми пише лп, ако сака да ги купи за да не ми стојат дома Revlon Colorsilk Luminista Haircolor, Red 150 И две од оваа Revlon Colorsilk Beautiful Color, Bright Auburn 45 Не сум јас ова , на интернет ја најдов
Извини, а каква боја на коса имаше пред да ја исфарбаш со ова комбинација? И која количина на фарба и тонер ја стави, пола-пола или ... ? Бидејќи ептен убаво ти фанала, го најдов тонерот во ВЕРО ЦЕНТАР и земав Палете Делукс рубин црвена. Па утре кога ќе се фармав ќе ви кажам што испаднало
Типична кафеава. Темничка. Јас го користам пола тонер и цела фарба. Малку скапа алтернатива, но дефинитивно вреди! Сепак, за мојата коса може да се рече дека е густичка, долгичка, така да ако тебе ти е пократка можеби не мора толку боја да трошиш!
Така и јас мислев. Цела фарба користам, косата ми е подолга 10cm од сликата и 5 влакна Ако испадне баш како на сликата вреди за тие пари бидеќи излегува еден тонер на две фарбања.
@Hayley фала многу за комбинацијата што ја сподели со нас и еве резултат со мала измена. Користев Palette 575 + Evolution red booster + 12% хидроген + чичиково масло Цела фарба, пола од тонерот, цел 12% + додадов уште од 9%. (Пред тоа бев по грешка темно црвена (како нечиста крф)) Спојлер Сликата е од 3px телефон, инаку ептен е убава.
DeVoJkaTa999, баш убава ти испаднала, мило ми е дека што ти е од корист комбинацијава. Инаку следен месец фарбање, коренот со 9% а остатокот со 6%! Затоа што колку е појак хидрогенот, толку побрзо паѓа бојата! Колку ја сакам таа твојата должина да си ја вратам. Ја имав пред да ја скратам (5-7 сантиметри појдоа, виде колкава ми беше на сликата, тоа од летоска) ама никако да ми нарасне и само се оштетува. Не мислам дека е од фарбањето, затоа што секогаш многу брзо ми се оштетувала.. ај, барем бојата е ко што ја сакам. Косата ти е прекрасна!
Одамна планирам да престанам да се фарбам, додека не ми паднала цела коса. Нема сјај повеќе косава, преку 2 месеци обавезно морам да се шишам бидејќи многу ми се оштетува косата, ненормално многу почна да ми паѓа косава. Не можам се поднесам повеќе, како кокошка сум во косава. Ме мавна филм да се фарбам кафена, ама веројатно до утро ќе се премислам. Pallete е убедливо најлошата фарба што сум ја користела досега. Очајни ми се.
Дали воа само мене ми се случува Се фарбав со ред бустерот, ми фати убава боичка нит мн светла, нити темна, таман некако ми дојде, ова ми е втора недела како сум фарбана, а јас во коренот станувам веќе кафеава Зар сега побрзо и текнало да ми расте косава или фарбава не ја бива? И секогаш, ама баш секогаш, со било која фарба да се бојам, уште на првото миење ми се мие бојата кај оние влакненца што доаѓаат во ред со очите шта се дешава
Женски јас нареден месец ке се фарбам црвена (а претходно ке се бланширам) па ме интересира за фарбиве Сајос , добри ли се , јас имам користено црна фарба и бев задоволна а за црвениве незнам. Поточно ме интересира за овие две не сакам косава да биде дречливо црвена еве нешто вака сакам и сега која од двете фарби да ја земам? Таа интенс ред да не е пресветла? А другава па многу темна?
Ок тогаш , ке ја пробам вторава се надевам нема да е темна многу , инаку и твојата коса ми се допаѓа супер е , само незнам дали мене ке ми стои ке пробам па ке пишам како ке испадне т.е. ке ставам слика ако не па нареден пат интенсе ред ако оваа ми е темна. Фала на одговорот
Спојлер Фантастичен сјај има со сајос бојава црвенава (првата на сликичката) супер нијанса е не е многу дречлива баш онака како на сликичката... јас година дена со неа само се фарбав, но подоцна почнав да експериментирам....
женски дали сте ја пробале оваа боја? Јас се мислам мегу оваа и сајос интенсе ред. И оваа нијанса ми се допаѓа многу , и плус внатре има едно пакетче како прелив е и се става по 15-тиот ден и косата е како свежо фарбана. Па се по се оваа ке ја земам за прв пат изгледа