и мене ми светна сеа црвена да се фарбам сигурно ја купила во Грција зошто кај нас ги нема повеќе Колестон ах koritsaki ах само не залажуваш тука со фарбиве и шампониве
хаха јас пак каснам со одговор да овде во гр ја има фарбава но не ја купив оваа туку на Рилкен Синемакс , иста нијанса како и на сликава што е. Инаку и јас запнав да се фарбам црвена па другава недела ке се офарбам
да секако ке ставам слика само што не верувам дека одма ке ми фати црвена како што е на сликава бидејки косава ми е црна - фарбана а јас со намера отидов да купам бланш да се бланширам па една моја прјателка што работи во продавницата од каде што ја купив фарбата ми рече дека ке ми фати бојата и да не се бланширам никако (ако се бланширам може шарена да ми излезе). Па сега ке ја послушам па ке ја исфарбам така да видам како ке излезе. Ако не фати од прва сигурно по 3-тото фарбање ке фати бидејки и бојава веке ми падна , а мојата коса е кафеава.. едит - премногу сакам ваква боја да добијам
Девојки, препорачајте ми фарба како природна црвена коса, како со бакарен сјај, или така црвено - кафенкаста. Да изгледа што е можно по природно, не како вино боја или пак накај розево Имам темнокафеава коса,и мн светол тен, не знам дали воопто ке фати, ама пусти мерак вака нешто :
Женски Јас се исфарбав сабајлево (не се бланширав ) , шлапнав на црнава боја црвена и ми се офарба коренот и целава коса ми доби само сјај црвен , на светло изгледа како да сум шатирана Ама ај за прв пат тоа е. Сега нека поминат 2 недели па пак ке се изфарбам па ваљда подобро ке излезе
Може еден совет од паталец? Нема да ти фати црвено, и јас така се залажував Тоа црната фарба бре ништо живо не ја вади, освен 2 работи: деколорант и бланш. Ако навистина не сакаш веќе да бидеш црна, сакаш црвена, пробај една од двеве работи. Јас најтопло би ти го препорачала деколорантот. Лани некаде во Октомври месец и јас бев во твојата ситуација со бојата на косата-oд црна сакав црвена. Отидов на фризер, ми стави деколорант фризерката, стоеше некое време-ја гледаше до која нијанса треба да осветли за да може да стави фарба-и после ме офарба со фарбата, конкретно јас сакав и ставив Syoss Intense Red. И немаше ни трага од црното, косата ми беше совршено црвена, баш како што сакав Деколорантот кај мене лично се покажа одлично, воопшто не ми ја изгоре косата како бланшот. Сум се бланширала 4-5 пати во животот до сега, и немало утка-секогаш ми се уништувала косата, буквално. А деколорантот само малку ја исуши косата, не ја изгоре воопшто. Ќе си користиш регенератор или маска, што повеќе ти одговара. Затоа, ако сакаш да бидеш од црна-црвена, моја препорака ти е место да се фарбаш црвена врз црно а секои две недели-за месец дена стави деколорант и црвена фарба-многу помалку ќе ти ја оштети косата.
И јас се мислев што да правам , инаку си купив ваљда е деколорант ова истово но мислев да не ми ја оштети косата. сега јас незнам дали ова е бланш или деколорант Пишува прашок дека е. Се промешува со хидроген нели? Ама сега мене врвовите ми се црвени да не смета ако ставам бланш на нив?
Спрема она што го пишува, би требало да е деколорант. Не знам, искрено, оставив се' на фризерката, она имаше деколорант, каков користеше појма немам, јас само фарбата ја однесов, зашто она фарба со Ревлон фарби кај неа во дуќанот. А да појдеш кај фризерот/ката и да го/ја прашаш? Немој сама да правиш експерименти Ќе знае точно сооднос колку да се стави деколорант, колку хидроген, освен тоа, прво се става на краевите (зашто најтешко осветлуваат), па дури на крај на коренот се става....Подобро е некој добар фризер да ти ја среди косата. Барем да ти биде изедначена, секаде да ти фати и да ти биде иста боја.
јас немам храброст да ја направам косата црвена може за едно 10 години не сум некоја што сака многу да експриментира со косата
Јас женски 3-4 пати оваја ја кладов После ми беше малце спадната и му кладов кафеава и добив невероватен сјај преуба ми беше, сега ми се скроз паднати двете бои и сум ни ваму ни таму, сега планирам нов стајлинг Да ја ставам пак оваја? или од Гарниер има некоја посветла нијанса?? ај поставете слики или предлог од некоја друга фирма
Се немам лично фарбано црвена но имам фарбано неколку души и имам околу 5 црвенокоси околу мене. Бланш не би препорачала многу ја оштетува косата. Од фарби би ги препорачала овие, бојата излева прекрасно. За одржување на самата боја а и за малку подигање на нејзината состојба со нешто на природна база пробајте со сок или чај од боровинки. Бои прилично многу а и косата особено ако е сува има да се освежи веднаш.
Jaс ве напуштам од темава, официјално решив повеќе да не се фарбам црвена, бидејќи многу ми беше тешка за одржување косата, немав никаков сјај, едноставно безживотна ми беше... Сега сум фарбана темно кафена и не ми изгледа лошо, ама мислам дека никоја боја не ми стои толку добро како црвената. By the way се`уште го имам тој црвен сјај, знае некој после колку фарбања ќе станам целосна кафена?