И јас го имам истово прашање, колку што ме држи умот, на времето немав црвен сјај, ама после црвената шлапнав темно кафеава, една нијанса пред црна, малтене црна ми беше косата. Па лесно се покри. Сега сакам да си ја затемнам со убава кафеава нијанса, лешник, чоколадо, ама страв ми е дека ќе има последици, т.е. црвен отсјај.
Според моето (мачно) искуство, лека полека си се губи црвениот отсјај. Можеби има некое специјално средство за отстранување, ама лично мене после некое време ми се допадна отсјајот. И дава некоја побогата нијанса на кафеавата, она кога свети црвенко на сонце, откако по некој месец ми се изгуби, намерно се фарбав со кафени нијанси со црвени подтонови.
И јас се помачив 7 месеци со црвената, темно црвена ми беше затоа што неможев светло да добијам само со фарба, а несакав да ја горам со бланш. Пред 2 месеци отприлика се исфарбав темно кафеава и фала Богу ми се покри црвената, цела ми беше иста косата со црвен сјај НОРМАЛНО т.е Како бакарна ми е сега, со бакарен сјај и мене не ми смета како што вели Саја "и дава побогата нијанса на кафеавата". Мојата природна боја на коса е кафеава не многу темно ама воопшто не ми се разликува коренот од останатиот фарбан дел, нема потреба од фарбање секој месец (сега испадна малку бојата со миењето и како што пишав погоре има бакарен сјај средно кафеава) и јас сум задоволна, што е најбитно. А со црвената цело време се нервирав само шарена ми беше, коренот одма пораснал па ајде фарбање пак итн...............
еве и јас веке некое време сум црвенокоса и ја користам оваа боја за коса и ми изгледа исто како на сликата поздрав до сите црвенокоси
И јас како crazylady, ја напуштам темава, зашто ја напуштив црвената-сега од пред некој ден сум плавуша Иако според мене, а и според други луѓе, најубаво ми стои црвена, ама не можам веќе.....Бојата постојано паѓаше, барем кај мене, па морав да ја фарбам цела коса секое фарбање, а не само коренот.... Едноставно, не беше тоа-тоа. Башка, ми се затемнуваше нијансата со секое наредно фарбање, а цело време се фарбав со една иста боја За оние кои се црвени и ќе сакаат да свртат накај посветло-немате претстава колку тешко се вади ова црвеното Црната фарба полесно ми излезе, отколку црвенилово, абе страшно
преубава боја барби, овде во ГР не сум видела ваква боја од Лореал се се или плави или кафени дај Боже и јас наскоро да станам црвенокоса
коритсаки ако обожавас интензивно светло црвена боја и ако успес да ја пронајдес навистина ти ја препорацувам,бидејки имам пробано повеке бои и марки ама како ова сто има сјај друга нема.ама секако како и секоја црвена боја после две недели го нема истиот ефект според мене поздрав
Мене пак ич не ми се допаѓаат баш црвените нијанси, некако како за у циркуз ми делуваат (no offense). Долго време експериментирав со нијансите на црвено, дали да биде бакарно, махагон, топла, ладна нијанса и на крај ја добив совршената боја. На мојот тен најмногу одговарало боја со кафеава основа а богата црвена нијанса, нешто ко оваа... Кене се покажа како најдобар избор, што се тиче на квалетот, сјајот. Со секое фарбање одново се заљубувам у нијансава.
Jас ја добивам бојава со 6.53 од Кене, Dark chestnut blonde се вика и 6% хидроген. Има и многу други убави слични нијанси како dark copper blonde ама се зависи од тоа каков сјај сакаш да ти има на сонце.
според мене бојата на коса е посебна приказна за секој .Zа тоа дали му одговара бојата на некого зависи од многу неста.Oд бојата на оЧите ,тенот на кожата , на стилот на облекуванје и.т.н.Sекако дека на секој не стојат посебно светло црвените бои ,изгледат како да имат перика ,така како сто и на секој не стојат потемните црвени бои(јас сум една од тие ).затоа секој треба внимателно да си ја избере бојата за коса .еве ти сто ја имас таа боја многу ми се допага и кога ке ја видам на други ама мене воопсто не ми стои
Еве ме мене пак. Значи се решив денес да одам на фризер и да ми ја направат косата. Конечно. Па прво ме бланшираа , претходно си избрав каква црвена сакам. Косава кога ми ја изми ми беше во 3 бои , црна, плава и на некои места црвена. Па потоа зема две фарби и измеша па на деловите кај што ми беше плава стави потемно црвена а кај што беше црно , стави најсветла црвена.На почетокот имаше негативно мислење дека нема да ми се осветли како што треба но потоа за среќа добро беше. И многу ми се допадна косава , преееемногу , сега сум веке црвенокоса, и што е најважното многу ме бендисаа сите поготово свекрва ми и мм. Но исто така ми го `олеснаа` новчаникот за 60 евра еве претходно ми беше вака : а сега вака горниот дел изгледа темен бидејки се сликав со блиц ама ист е како и долниот дел
Се согласувам со тебе... Мн е битно бојата да се усогласи со тенот, бојата на очите...Дури мислам и дека начинот на облекување е битен за да дојде црвената боја на коса до израз. Непобитен е фактот дека земјените бои се најдобар избор кога станува збор за бојата на гардеробата. Мене ептен ми се свиѓаат и портокаловите нијанси, ама не ми стоеја баш најдобро.
Женски а да ве прашам нешто денес прв пат по фарбањето на фризер се измив дома , и гледам долниот дел на косата , кај врвовите косата ми е црвено-портокалова , а нагоре црвена како и фарбата што ми ја ставија. Дали така ми излезе поради тоа што се бланширав или?
Лелеее...да бе така и си мислев и сега со наредното фарбање така пак ке излезе или треба тој дел да се скрати?
Да се скрати, кај мене ми поминаа 4 месеци и пак истото се прави, едино со гарниер забележувам дека подолго стои ама пак по 2 недели е портокалова
^ Зошто ти ја ваделе бојата со бланш кога можело со деколорант? Немало воопшто да ти се оштети и најбитно кога ќе ја миеш и ќе ти паѓа бојата нема да се познава како кај бланшот. Се чудам зошто го избегнуваат деколорантот кога е одлична замена за бланшот . Јас така се правев, еме ме 11 дена како сум фарбана, се мијам секој втор ден и бојата не мрда. Од фарба ставив Игора Ројал.
Хмм да ти кажам искрено таа фризерката користеше само производи од Лореал еве ова го стави а дали е бланш или деколорант немам врска (но јас си мислам дека е бланш) иначе ја користеше 2 фарби кај што ми излезе од бланшот плаво ми стави темно црвена а кај што не беше осветлено доволно ми стави светло црвена и на крај убава ми беше бојата секаде изедначена и си реков ајде крај ама дома се измив и од прв пат што ке видам...А фарбите 2 ми ги наплати 20 евра Се надевам со тек на фарбањето ке помине проблемов..
незнам дали кај тебе е поради блансот ,ама и мене ми се слуцува така а јас не сум ставала никогас блас претходно ми бесе косата плава .незнам мислам дека некаде спомнав дека црвените бои за коса за две недели го губат сјајот .еве кај мене ја користам од лореал и покрај сто ја мијам секој ден косата буквално(поради спорт)ми трае две недели нисто повеке.мислам дека додека не порасне косата и се скрати целиот тој дел кај сто бев фарбана плаво до тогас ке ми се слуцува така