Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Идеално црвена коса

Дискусија во 'Коса' започната од crazylady, 26 март 2011.

  1. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Од засега непознати причини Bluetooth- от на компјутеров ми е зафркнат и неможам да најдам начин да ја прикачам сликата.
    Во најскоро можно време сакам да ја исфарбам косава. Е па најскоро можно е веројатно за 2 недели, порано не би можело.
    Сакам да ја затемнам малку, во потрага сум за фарба која нема потрокалов ( топол ) тон за основа, затоа што сум убедена дека ладните основи подобро ми прилегаат.
    Моменталата е добра, но е со топла основа и ме нервира.
    Сепак сакам да е црвена, а не розова.
    [​IMG]

    Оваа е нијансата на која целам.
    Што мислите да измешам Evolution rb i Syos intense red ? :?: Ќе биде ?? Или со некоја од Garnier да ја измешам ?
    Дали е точно дека постои тонер за коса за домашна употреба и која е неговата улога ? Дали содржи бланш и дали ја оштетува косата ? Дали се комбинира со бојата за коса ?

    На крај, мислам дека сепак ќе земам ред бустер и ќе ја измешам со прелив и тоа ми е некоја алтернатива...прифатлива.

    Совет ?
     
  2. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    9.470
    ^
    Јас би ти препорачила да ги пробаш фарбите на Лореал линијата преференс,да не ти велам на првиот оти велиш дека си бринета ама на вториот пат ќе ја добиеш посакуваната боја.Јас на неколку пати се имав зезнато со некои потемни тонови на црвена од други фирми и пак ќе си ставев од Лореал и повторно ми се добиваше уште првиот пат таа интензивна црвена боја што ја сакам.Има најразлични бои ,најверојатно ги има и во мк.
     

    Прикачени фајлови:

    На XstrongerX и koritsaki им се допаѓа ова.
  3. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    И јас станав црвенокоса, само што еве веќе трета недела помина откако се исфарбав и скоро ми падна црвената боја. :(

    Како подолго да се задржи бојата?

    И некој предлог фарба за оваа нијанса?
    [​IMG]
     
  4. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Miss-Angie92 која фарба ја користеше и дали претходно ја бланшираше косата?
     
  5. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Palette K16, ја користев.
    Првата недела убаво фати боја, не баш ко на сликата, потемна ми дојде, ама сега...
    Пред да се офарбам со оваа, имав медена основа на косата. И не ја бланширав.
    [​IMG]
     
  6. Antoninaaa

    Antoninaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    839
    Допаѓања:
    9.470
    Mожеш да ја пробаш оваа верувам дека нема да те разочара,но сепак кога се работи за посветли нијанси на црвена ви те советувала да си посетиш фризер.Затоа сепак колку и да испадне убаво секогаш тука се корените да ти ја зезнат целокупната слика што ја очекуваш.
    А за паѓање на фарбата,незнам колку имаш искуство со други фарби пошто велиш дека скоро си станала црвенокоса ама според мене црвената коса е најтешка за одржување.Се разбира доколку сакаш да изгледаш како што треба,мораш редовно да се фарбаш.Еве јас од искусто ти кажувам дека се фарбам на секои 25 дена(понекогаш и толку не издржувам) инаку неможам да се гледам.Има и некои што по ретко ја фарбаaт ама според мене не е тоа тоа,се разбира тука влијаае и влакното кај секој не е исто нели.Имај во предвид и не очекувај големо траење на која било фирма на фарба особено ако претходно си имала посветла боја.
     

    Прикачени фајлови:

    • 3600521367643.jpg
      3600521367643.jpg
      Големина на фајлот:
      19,6 KB
      Прегледи:
      364
    На Miss-Angie92 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Se izvinuvam za fontot nema na ovaj kompjuter makedonski.

    Inace jas od lani sum crvenokosa, sega sum potemna nekolku nijansi ama ko mi bese idealna crvena spored moi standardi bese vaka nesto.

    Ednata slika e odma posle farbanje i vo potemna soba, a drugata e po nekolku mienja i so blic slikana zato izgledat tolku razlicni. Farbana sum so Keune i sum mn mn mn zadovolna oti stvarno e preuba farba.
     

    Прикачени фајлови:

    • kosa.jpg
      kosa.jpg
      Големина на фајлот:
      13,8 KB
      Прегледи:
      413
    • kosa2.jpg
      kosa2.jpg
      Големина на фајлот:
      17,1 KB
      Прегледи:
      413
  8. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.498
    ^^ Каде поточно ја има оваа фарба на Лореал?
    Јас досега ја немам забележано, и таман сакав да порачам да ми донесат, најдов друга фарба.
     
  9. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски

    Кое бројче ? Сакам да ја добијам нијансата која ја имаш на втората слика.
     
  10. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Претпоставував дека одговорот ќе биде Palette. До сега од оние кои ги знам кои се фарбале црвено со Palette, бојата многу бргу им опаѓа. Во рок од една недела бојата веќе е бледа и воопшто не личи на нијансата која треба да ја има.
    Кога бев црвена, од сите испробани, Londa беше една од ретките фарби која ми фати како што треба, а и не ја менуваше нијансата па немаше потреба од дополнитлно оштетување на косата со ново фарбање. Ти ја препорачувам да ја пробаш. Ако се одлучиш, пиши го резултатот :)
     
  11. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски

    Значи објаснав дека истата боја е на двете слики :D Само втората слика е попресна, и е во потемна соба. А другата слика е сликана со блиц и зато така свети. А бројчето е мешавина од Кеune 7.44 -бакарна црвена, и Keune 7.46 -црвена. Така сакав јас :D Поздрав :$
     
  12. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Новости..
    Денес после 4 то миење на косата откако станав црвенокоса решив малку да ја освежам бојата. Земав колор шампон, од аптека ( и по парфимерии има ) со интензивно црвена нијанса.
    Ова е одличен начин за освежување на бојата и одмарање на косата од честото фарбање.
    Бојата е убава, косата сјае. Го купив за смешна цена од 55 денари. Имаше и од 250, но за тие пари се купува солидна фарба.
    Мислам дека влакното многу добро ми го прими пигментот, толку добро што баш и немав повод да ја освежам бојава. Не ми паѓаше, не ми осветли, немаше 'рѓа нијанси, барем за сега нема.

    Со оглед на тоа дека сакам да испробам и ваква нијанса...

    [​IMG]

    ...можеби следното фарбање ќе ми е со ред бустер.

    Фризерката ми советуваше да пробам Субрина, кое е бројчето незнам, но бојата и покрај тоа што на почеток е супер, како што паѓа станува се поубава. Комшивката ја фарбала со неа, ја видов на дело. Корените и беа излезени ама бојата... :!: Прекрасна !!!

    Сега се двоумам :?:
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Luciano

    Luciano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    223
    Епа конечно добредојде и за мене во светот на црвенокосите... :devil: Ми се допаѓа како ми стои ама бидејки е потемно црвено ме прави малку бледа.. :?: Сакав да ми препорачате за следно фарбање Сајос или Гарниер?
     
  14. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    дефенитивно сајос, мислам дека поквалитетна фарба не сум користела....
     
  15. seasopraime

    seasopraime Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2013
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Најди си убава фарба
     
  16. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Сајос е добра, бидејки е на природна база НО еве после 3 недели место махагони браун добивам некој лила сјај на косата...Мислам дека ке се префрлам на Кеуне.
     
  17. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.823
    Допаѓања:
    23.461
    Пол:
    Женски
    Јас немам црвена коса,но имам црвени омбри вака нешто само јас имам пократка коса:
    [​IMG]
    И незнам,многу ми се допаѓаат.Сум размислувала цела коса црвено да правам,ама не посимпатични ми се омбри,но сепак сакам црвена коса,многу кул изгледа 8) :emo:
     
    На Maria.Vampire му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    3.626
    Пол:
    Женски
    Девојки, јас од скоро сум црвенокоса и сакав да ве прашам со веѓите што правите?
    Моите се црни, но ме интересира кои најубаво стојат..? Да ги направам кафеави потемни или...
    Вашите какви се?
    Се фарбам со Гарниер без амонијак, deep red 4.6 мислам дека е.. И, совет што да правам? :?: :?:
     
  19. UnknownLadyDi

    UnknownLadyDi Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2012
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    951
    совет..не ги чепкај :)
     
  20. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    Апдејт, утре или денес ќе ми е второ фарбање со ред бустер. Испаѓа супер, ама косата ми е портокалова некое време меѓу фарбања. Искрено, абе не ми смета кој ме сретнал ми дал комплимент дека ми стои бакарната боја :D Размислував да се фарбам ко анабелка, ама сега на друго ме тера, да ја осветлам. Уште некое време па ќе видиме.

    За веѓите, мој совет е ако се ептен црни како моите мора осветлување. Ужасно изгледаат црни веѓи во комбинација со друга боја на коса, упадливо е ептен. Јас моите ги осветлив со 12% хидроген, не многу до кај средно кафеави па поубаво изгледа.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.