Вчера ме фарбаше золва ми. На фарбата што ја земав бројчето си беше стандарт 666, ама ко за чудо никаде не прочитав ред бустер а сепак ја земав. Откако ме намачка сфатив дека е дарк интенс ред Се шокирав од прва но после се помирив, не ми е лоша убаво стои ама ни по мерак не ми е
До сега се фарбав со Гарниер и добивав ваква боја Но би сакала уште поцрвена нијанса, со која да пробам а да не е палете??
Црвенокосии, ќе сака ли некоја што се фарба со Еволушн да ми испрати слика од тоа како излегува бојата?
Лонда или Субрина, се решив да ја сменам Гарниер со една од овие две,ќе видиме на која ќе падне изборот, Еволушн не и не, страв ми е да не биднам ко Зорица Брунслик хахах.
За убаво црвена коса, од мене да ви предложам бидејќи ја носев години црвена, покрај фарбата, морате да користите и шампони, регенератори и маски специјално за фарбана коса. Така ќе ја заштитите бојата и во миењето нема да паѓа многу. Како и помалку миење, со млака вода. Редовно фарбање. За фарба пробајте повеќе, која ви одговара повеќе таа. Јас најмногу од палете ги користев за убаво црвена боја и сјај.
Многу сакам да се фарбам црвена,но мајками не ми дава хаха. Ми вика да не сум си ја уништувала мојата природна боја,бидејќи после никогаш нема да ја имаш истата.
Убаво е да смениш боја, јас тоа сакав да го постигнам и го постигнав. После години фарбање сакав да се вратам на старата природна боја на косата, еве ме сега уште малку ми остана, тешко е да се ослободиш, со бланш почнав затоа што ништо не можеше да фати, ни црна кај мене не фати идеше некако црвенкасто кафеава. Со бланшот ми успеа само, но многу се оштетува. Бланштот ја гори многу косата. Потоа ми дојде жолто портокалова, па ја префарбав црна. Многу ми се оштети и тоа црното од фарбата не трае многу, па пак мораш да ја фарбаш оти се познава жолто. Потоа само се кратење, како што расти твојата коса така природната боја ќе си ја добиваш. Мене ми се брзаше сакав да ја вратам природната боја оти долго ја носев затоа одев на бланш. Црвената е тешка боја за вадење, ама и многу интересна
Во тинех ја земав денес, повеќе неможев нефарбана да се гледам. До сега ја немам купувано. Дали има некој со фарбава позитивно или негативно искуство?
dushiche последниот пат кога се фарбав беше со оваа фарба и таа нијанса. Како што мојата коса ништо не прифаќа, мораше да ставам повеќе хидроген и прилично добро фати но ми требаше многу време да ја отстранам од мене. Точно е дека црвената најтешко се вади, но со мојата инаетлива коса беше уште потешко. После неколку обиди, на крај ја оставив да си порасне косата и да ја отстранам кратејќи ја. Инаку фарбата изненадува за разлика од останатите од оваа марка (бидејќи ми е испробано речиси се' што се наоѓа по рафтовите ). Ако не планираш да менуваш боја, изборот ти е добар
Долго време се фарбам црвено но неможам да најдам идеална фарба, би сакала баш нијанса како на сликата. Од еволушан ми е страв, а оваа прв пат ја гледам и некако имплусивно ја купив бидејќи не најдов субрина сатен. И од гарниер сум задоволна но не доволно, ќе видиме утре што ќе направам со оваа.