dushiche мене ми беше иста како од сликата и тоа после првото фарбање со таа фарба (со претходно фарбање но со други фарби), ама ставив малку повеќе хидроген (зошто мојата коса не е change friendly ). Наредно фарбање сиурно таква ќе излезе
Не загледав колку посто беше хидрогенот, но мислам дека е 6% следниот пат можам и јас да земам 9% па можеби ќе биде подобро. Се имам фарбано со гарниер,имав само убав сјај и многу убаво ми ја правеше косата, воопшто не ми ја оштетуваше, немаше да престанам со користење доколку несакав уште поинтензивно црвена коса, инаку сјајот на косата ми стоеше дури по месец ипол, два.
Јас се напрајв еве сега чекам да се исуши Сјајот невероватно се познава на уште водена коса, ќе бидиме ко ќе е скроз сува
Јас барам совет за да ми предложите фарба за добивање на некоја слична боја како на оваа од сликава И уште едно прашање бидејќи имам посветла кафеава коса дали ќе ми фати фарбата или прво ќе треба да ја бланширам? Бидејќи не сакам да ја оштетувам косава со бланширање, и тоа многу ме предомислува, а ептен сакам црвена коса
Evolution red booster! Не ја менувам за ништо. Завчера по 3 пат се фарбав со неа.Каква Палете,каква Сајос.Баш каква што сакав-таква искочи.
Ако ти е косата темно кафена , нема да фати може само коренот па потоа да бидеш шарена ов косата најубаво со бланш , косата си расте и такам ора да се потшишува често ако сакаш да ти биде долга и убава јас баш вчера се бланширав дома и ни малку не ми се оштети косата
Купи еволушн и појак хидроген (9%) пробај така, немој со бланш, ја гори и како метла ја прави косата. со неколку фарбања ќе бидеш црвена, и од како ќе ја добиеш основата после полесно ќе ја добиеш посаканата нијанса.
Црвенокоси, ајде малку помош Сакам да добијам нешто слично на овие бои. Дајте некоја препорака, моментално имам ставено субрина tabasco, но со миење не ми се допаѓа како избледува, многу осветлува . Ми треба некоја боја што не паѓа многу брзо, да изгледа бар малку поприродно, нека е потемна само да не вришти на сонце Постојат ли бакарни нијанси што со миење одат кон кафеаво место кон 'рѓа/русо? Моменталнава како што паѓа излегуваат некои вакви одблесоци.. Спојлер
Ти препорачувам да одиш во некоја парфимерија да ги најдеш фарбиве на еволушн , еве да ги видиш сите можни бои ,можеби некоја ќе ти се допадне http://shorthairstyle2013.biz/alfaparf/ ... -60ml.html
Плус 30, 40 денари хидроген. Но вредат за секоја пара, плус бидејќи се трајни немора секој месец цела фарба да се става, иако сум црвена фарбам само корен со еволушн(пола фарба) а надолу бојата неодмиена. А со гарниер после месец дена бојата беше целосно одмиена.
Многу е глупаво според бојата на косата да судиш дали некоја е ефтина или не. Познавам девојки за кои може да се каже дека се ефтини а не се црвени.
Не мислев на бојата,напротив бојата си е ок,ама на првата слика таа црвена ми изгледа вештачки и омртвена ете затоа реков евтино.
Женски,предложете ми црвена фарба што ќе испаднам жар црвена со неа,ама да не биде Еволушн.Многу брзо ми паѓа бојата,ептен,пред да ми потпорасне коренот дури,портокалова сум со нијанси на плаво,ужас. Сајос и Палете не,не ми се допаѓа бојата..