Последно се фарбав со оваа фарба и можам да кажам дека сум презадоволна, во однос на тоа како испадна бојата. Не е баш како на сликата, малку потемна испадна, но добра е, ми се допаѓа. Негативна страна е што малку ми ја исуши косата, што не беше случај со фарбите на Гарниер кои ги користев досега. Ама за парите добра е. 95 денари ја зедов.
Ваква боја на фарба да ми препрачате?? Гарниер или еволушн гледам ги фалите која боја најмногу би била блиска со оваа?
Сакам ваква боја, ама со кна слушнав правеле и нели нормално ќе излезе за брзо време. Значи сакам само да пробам, каде да се обратам, во кое фризерско студио би ми ја исфарбале со кна ?
Со кна не верувам дека ваква боја ќе излези...затоа што излегува многу потемна. И баш и не паѓа за брзо т.е по одредено време исто како со фарба да си фарбана...ќе почни во коренот да се забележува твојата боја секако ако не продолжиш да ставаш кна
Кај мене само вака успеа да фати убаво црвена: Еволушн ред бустер (Evlotution RB) мешано со Еволушн 7.66I и 9% хидроген. Пробував секакви фарби и комбинации, само ова помогна за убава боја Еве ми ја мојата коса, од многу темна кафена до ова на сликата:
Јас се фарбам црвена користам еволушн и презадоволна сум бојата ми трае подолго и секако користам шампон кој е наменет за тоа да бојата трае подолго и да има сјај како да сте се фарбале пред неколку часа
Hair Х Colour protect од орифлем го користам пишува дека е за заштита на боена коса но воедно и даба сјај на косата и бојата трае подолго сеа ги има 400мл 250ден евтини се не се многу скапи. а еволушн не приметив за тоа дека ја суши косата бидејќи постојано користам и регенератори, масла и капки за коса,
Јaс бев презaдoвoлнa oд евoлушн вo врскa сo бoјaтa нo мене мнoгу ме гoреше и пликoви ми прaвеше нa кoжaтa и престaнaв дa јa кoристaм
Мене од еволушн почна многу бρзо да ми паѓа бојата, наκај поρтоκалово одев, сега субρина земав и за месец дена κаκо сум фаρбана добρа е.
Јас прв пат се фарбав со еволушан ама некако многу брзо ми падна бојата а нема две недели од кога сум фарбана, на почетокот имав убав сјај сега некако како беживотна ми е косата........
За идеална црвена коса може да се користи на Палете-Руби ред, исто Сајос имаат добри црвени фарби и Експлицит, интензивна црвена која многу трае, но тешко се вади.
Еве ја мојата црвена коса првите фарбања беа со Гарниер, и тоа комбинации од две нијанси, а после се фарбав на фризер и апсолутно ја обожавам фризерката Зависи колку светлина има, сонце или сенка, или блиц уз сликањето, така и нијансата изгледа Ама ептен си ја сакам
Косава што не ми претрпе пред да дојдам до посакуваната црвена нијанса Јас имам природно светло кафеава коса, и многу многу имав желба да се направам црвена. Имав пробувано со колор шампони, ама не беше тоа тоа. И пред скоро две години отидов на фризер да се фарбам. Ама ми кажа дека нема да ми фати убаво на мојата боја на коса и дека ќе треба да ја бланширам. Нејќев толку да ја оштетувам, и мајка ми ме убеди да ја офарбам плава. Ова беше една од најдобрите одлуки на мојот живот, затоа што после година дена беше совршена основа за црвена коса Испробав неколку нијанси на црвена боја, ама највеќе ми се допаѓа потемна црвена коса. Многу ми се оштети во процесот, па сеа треба да ја кратам и ампула да и ставам, ама барем конечно си ја сакам бојата Првиот пат кога ја офарбав црвена. Моменталната боја