Ме удри во главата од пред неколку месеци да пробам да се фарбам вишна боја, е мерак ми е многу, и конечно се решив да се исфарбам вишна, па шта буде, нека буде
Здр..дали некој знае каде можам да најдам спреј за коса во боја во Велес? пред 2-3 недели ја правев со колор шампон, на врвовите само ми испадна и на главата ама некако не се познаваше толку. Сега конрчно почна да се враќа мојата боја на коса и сакам пак да си ја направам црвена, овој пат со к'на али ми е страв немој пак да не ми се фати убаво бојата, и на главата црна а доле црвена Некои што се имале исфарбано со к'на каков бил првиот резултат Позз
Јас почнав да се фарбам со Гарниер Олиа и сум презадоволна, не ја оштетува косата и дава убав сјај. Само замерка е што нема избор на многу нијанси .
Ми недостасува мојата црвена боја ама мораше да се збогувам со фарби за коса. Сега ми се присака после сликиве
Гледам долго време не се разговара во темава но ајде да се пробам. веќе 3-4 пати се фарбам црвена ама почнав од плава основа и првиот пат ми беше совшрено црвена а наредните пати дека врз црвена основа дури и најсветлата нијанса ми идеше темна. предлог за супер црвена фарба? со нормална цена и долго траење. досега се фарбав со ellea и сум презадоволна, бојата ми стои до месдц и пол, два.. само ја немам повторно обожуваната нијанса на боја..
Купи Revolution RB 300ден е со хидроген 6ка,јас долго време се фарбав со таа фарба и ми беше совршено црвена,сега пред неколку месеци ја сменив во потемна црвена
Да, ама не е фарба него е маска. Се става на мокра коса, се држи кратко и се мие. Мене ми беше плава основата па кога ја ставив маскава бев дреч помаранџесто-црвена. После тоа ја мешав со обична бела маска за да добијам нежна нијанса. Трае неколку миења и не ја оштетува косата.