Џабе ќе ја најдете идеалната црвена фарба, кога пак за 2 недели ќе ви падни , најмногу ме нервира што првите две недели ми е сјајна преубава косата, а после то не ми личи на ништо, нема никаков сјај, како оштетена делува а користам маска за коса, кокосово масло.... Едноставно многу тешка е за одржување. Да ми препорачате нешто за го вратам сјајот на мојата изморена црвена коса ?
Може ли да ми кажете ако знаете која фарба би можела да користам за ваква коса? Плавуша сум би требало да ми фати лесно
И јас така имам слушано, тешко е црвена да ти остане, брзо паѓа и станува бледа неубава. Можеби постои шампон за црвена коса. Во ДМ има ама тие на Балеа не би помогнале, нешто поинтензивно побарај од фризер. Сигурно постои, или црвен прелив прави си од фарба,вода и не знам што друго се меша, прашај фризер и ставај за да не се фарбаш толку често.
Ima kapki/pigmenti od Subrina, i davaat slicna nijansa, zavisi od vlaknoto i bojata na kosata.Izmegju dve farbanja, se stavaat kapkite. Davaat sjaj na kosata,i mozes sama da gi stavas. Traat do 4,5 mienja.
Здраво девојки. И јас конечно се одлучив да се фарбам црвена некоја strawberry blonde или ginger никанса сакам. Моментално косата ми е како на сликата и сега дали да ставам фарба или треба претходно да се бланширам?
Ако сакаш да ти фати убаво бојата, ќе мора бланш, инаку многу лита ќе ти биде косата. Имаш и црвени дирекни пигменти, можеш и со нив да пробаш како ќе ти фати, траат околу 5-7 миења
Имаш право! После еден куп изгледани видеа на ју туб се бланширав па се фарбав и супер ми дојде баш како што сакав Не сретнав никаде црвени пигменти каде можам да ги набавам ?
Ги имам постирано тука, само во друга под тема. Ако не можеш да ги најдеш, кога ќе дојдам дома ќе ти ги пратам
Здраво, би сакала да прашам за искуство. Прашав во другата тема, но сега видов дека имало и ваква. Косата ми беше шатирана, но паѓаше шатираното, 4 - 5 прсти ми беше испаднато. Шатираните прамени ми беа жолти. Се исфарбав со Гарниер Олиа 6.66 (Вивид кармин) ,долу фати убаво црвено, а горе потемно, што беше и очекувано. Сега сакам да ја осветлувам, видов и некои розеви нијанси кои ми се свиѓаат. Сакам да прашам дали да ја земм истава фарба на Гарниер, само со 9%хидроген или да пробам со Еволушн РБ да почнам да ја осветлувам?! Ама ова во домашни услови Фризерката кога ја прашував претходно, не ми даваше никакви совети(додуша тогаш за плава ја прашував), дека она си мешала повеќе фарби и не знаела за дома што да ставам ПРИКАЧЕНИ ФАЈЛОВИ:
Совет од една бивша црвенокоса(бев со години) и на крајот дури ја открив „тајната“... Откако ќе ја постигнете посакуваната боја и ќе почне да „излитува“, пожолтува или станува кафена, ставајте семи перманентна боја за коса или прелив по нашки. Ја освежува бојата, станува поинтензивна, немате потреба да ја префарбувате косата повторно и да ја оштетувате(освен на нараснатите врвови) и трае неколку недели.
Ај прашање од понеискусна црвенокосаКој е тој прелив? Мислиш на колор шампон или има други? Јас да прашам, една членка овде ми пиша за некои капки кои се ставаат измеѓу фарбања и даваат убав црвен сјај. Ги барав во Веро и ДМ. Дали знаете каде ги има? И да пишам дека сум многу задоволна од Аура Експлицит 7.66 (feiry red). Претходно за прв пат се исфарбав со Гарниер Олиа и ми беше изгубен сјајот. После 3 недели се исфарбав со Аура и даде многу убава црвена боја со убав сјај
Еве кои јас ги имам користено, има и други нијанси. Се надевам барем нешто од предложеново ви е достапно во Македонија. Мене на почеток не ми беше, па нарачував преку интернет.
Овие три на сликата се дирекни црвени пигменти... Капките од Субрина ги земам од кај мојот фризер, околу 600 ден се, и траат сигурно 6,7 месеци. Секој месец ставам јас по 2-3 пипети измеѓу фарбање, и многу убава црвена боја даваат. Прашај на страната на фб Субрина кај можат да се најдат.
Последнава Live ја има во ДМ, ја гледав претходната недела, ама миѕслев дека е класична фарба. Другите не сум ги видела. Фала ти, ќе ја земам таа. @Ева33 фала ти. Ќе им пишам, ќе прашам.
Многу смрди таа на Аура. И јас ја користев, супер боја дава. Ама после вежбање од потта многу лошо мириса. Сменив неколку фарби, ама ниедна не ми се погоди како онаа со која почнав, Keune 7.46ri. Го нема тоа бројче никаде, ни во ДМ ни во маркети, а на фризер скапо ми е искрено. Сега ја зедов Кастинг на Л'ореал да ја пробам, ама изгор е, иако на попуст ја зедов, скоро 400 беше.
Да, ја сум фарбана пред 3 недели и после секое миење мириса на фарба. А ја па домаќинкакога ќе правам ручек, а пример, вчера миена ми мириса неубаво Ама ми е ок (само еднаш ставив) дека не бледее наеднаш, туку некако рамномерно. Јас сакав и некоја розева фарба да се фарбам, ама ич не знам како да ја добијам, односно која фарба да ја земам. Јас се мислев сега да побарам од Еволушн, ама не знам како ќе ми фати. А и мене ми е многу 400д за фарба, посебно па ако стеаваш некои преливи или капки измеѓу 2 фарбања. Јас пред да се фарбам ставив колор шампон Бургунд и ми дојде лиљакова и ми се свиѓаше. Сакам и таква, ама морам то а на фризер. Ама, искрено немам ни време ни пари за одење многу често по фризери, бидејќи многу брзо паѓаат овие нијанси. Најубаво си е на фризер, ем нема секој месец разни нијанси да имашама не бива