За жал паѓаат. И јас меѓу фарбање ставам колор шампон во ќесичка (на Palette само најдов), ама не е тоа тоа. Мене ми се свиѓа интензивна црвена, па само барам такви нијанси. Сите од ДМ ги пробав, само Garnier, Palette и Olia не, оти од нив од претходно не сум задоволна. Па сега уште Кастингов да видам како ќе се покаже.
И јас сакам таква интензивна нијанса. Со Олуа првпат се исфарвав и многу потемна ми излезе и побрзо падна фарбата. Сега со Аура. Но, јас 2 месеци како сум фарбана, па не аум ги пробала другите. На интернет читав и некоа фарба, не Кене, сеа ќе побарам која беше, многу ја фалеа, ама, се купувала од фризери и многу ја посочија. Ај пиши за Лореалот, како ќе се погоди Едит : Фадиам се викала фарбата
Ovoj preliv Deep Red, od Revolution, ne e losh. Mozes da probas, okolu 350den e, za dva pati na sredna dolzina kosa.
Јас се фарбав со Фадиам фарбата, бојата е неон розева/црвена и многу убаво испаѓа. Само повеќе ја оштетува косата од другите фарби(барем мојата коса) Еве ја фарбата..
Точно, ваква испаѓа бојата. Ја суши косата, и има чуден мирис, мене на мрша ми мирисаше искрено, ама најдолготрајна е од повеќето фарби што сум ги ставала. Мислам околу 350 ден беше, без хидроген. Може не се доловува убаво бојата и интензивноста на сликава, но скоро иста е нијансата како ти што имаш погоре постирано. На сликава со Фадиам се имам фарбано.
@flower30 а да пробаш со Inebrya боите за коса? Нив ги имаш на hairshop.mk, по 390 денари се. Другарка моја се фарба жар-црвена и одлично ѝ изгледа косата. И бојата е супер, влакното не е оштетено. Ќе прашам за бројчето ако сакаш. На фризер ме фарбаа (руса) со овој бренд боја за коса и презадоволна сум. Косата воопшто не ми се оштети. Си нарачав пред скоро, следен пат со Inebrya ќе си извадам прамени и јас, фини ми се боиве.
Ајде ако не ти е тешко види за бројче па ќе видам. Ако си ја скратам косата како што планирав, може и на 2 пати да ја користам.
Еве која била: Inebrya Color 8/66F – Light Blonde Red Fire Од стандардната колекција е оваа. Имаат и некоја друга линија бои за коса (Bionic) без амонијак и малце им се поскапи. Внатре има 100мл. Мене како што ми е кратка косата (боб до над рамена), ќе ја користам мојата 3-4 пати секако.
Е фала ти многу. Штом толку ја користиш, и мене ми е боб, само треба, да ја скратам. А и поретка ми е. Значи се исплаќа.
Би требало да ти стигне барем 2 пати да се исфарбаш цела. На таа должина можеби и 3 пати. Само не сум сигурна како ќе ти фати, која точно нијанса, но веќе си црвена ако не се лажам и си имаш солидна основа, па мислам дека не би требало да биде проблем и тоа. Која боја и да ја одбереш на крај, стискам палци да ти испадне топ.
Сега ми е ваква. Ама ќе трпам малку, оти пак почна да ми паѓа и не можам да, се фарбам толку често. Ама 400д ако можам за 2 пати да ја користам ќе биде супер. Фала ти
Мојата беше шатирана, оти сакав пкава да бидам Ама кога првпат се исфарбав црвена,пола коса само ми беше шатирана
Девојки сакам и јас ваква црвена жар може и кон розева боја , порано се фарбав само црна , но веќе година и нешто не сум фарбана , пред 3 месеци ја скратив до кај брадата , природна ми е темно кафиава накај црна .... можете ли да ми препорачате фарба долготрајна што не ја оштетува косата а да ми фати баш таква ко на сликите Совети се добредојдени
Ако имаш темна коса, од прва не верувам да ти фати баш исто како на сликата. Пробај со таа што најмногу ќе ти се допадне, па како ќе се префарбуваш секој месец, така постепено би требало да се добие црвена нијанса без проблем. Ќе дадат совет женските што се фарбаат црвени, јас само по претпоставка си зборам.
Јас за жал после 3 фарбања морав да престанам да се фарбам, ужасно многу ми паѓа косата(си имам проблем и со тироидата па не верувам дека е само ид фарбањето) . Други фарби освен тие 2 пишани (Палете и Аура експлицит) немам пробано. Јас од Аура експлицит сум задоволна. Плус и не паѓа толку брзо. Кога барав совети, читав и на фб и таму многу девојки ја спомнаа и Еволушн РБ. Дека тебе ти е потемна бојата, да пробаш ако не и со таа. Но, како што ти пиша и @Mishela, ако се фарбаш дома а не на фризер на темна основа која и да ја ставиш мислам нема да фати одма. Сјај ќе имаш дефинитивно. Можеш да почнеш од една, ете и други феминки ќе пишат искуство. Пример стави Аура експлицит, држи ја 45 мин. За, едно 4 недели ако ти одговара стави пак од истата, ако не пробај со друга фирма - посветла нијанса.
Мислам дека ќе добиеш некоја многу темна црвена. И мислам дека од вторпат би се гледала повеќе бојата. Се зависи и која фарба ќе ја користиш. Или ако можеш со некој/а фризер/ка да се консултираш. Сепак они користат различни фарби и знаат повеќе. Според мене Палете, Гарниер се како послаби фарби.