Ова може да се добие со фарба. Но гледај да е од некоја поквалитетна фирма. Сепак на секое фарбање мораш да ја фарбаш цела коса, па оштетувањето е скоро исто во случај да ја осветлиш прво со плава фарба, па одозгора да ставаш од боите што се без хидроген.
Зависи колку често ја миеш косата, брзо паѓа црвенава боја. Во случај да сакаш вибрантна боја цело време на 2-3 недели, корен на 4-5.
Која фарба би ми ја препорачале за да ја добијам оваа нијанса? Косата моментално ми е црвена но темно со сјај. И што користите за косата да ја заштитите од фенот за коса?
Вака значи косата секогаш сум ја имала црна или сум ја оставала мојата природна темно кафиава со црвен пегмент, ми паѓаше многу бев принудена да ја скратам, сува ми е, и сакам сега нешто да сменам, сакам црвена да ја фарбам, која фарба ми би ја препорачале?
Здраво дечки. Се имав фарбано црвена без блајхање иначе мојата коса беше средно кафеава нит светло нит темно и од едно фарбање многу убаво искочи бојата. Сега сакам да се исфарбам црна ми здосади црвената но ме занима дали ако се исфарбам црна после без блајхање ќе можам да се вратам пак во црвена?
Дали ако на црвената ставам колор шампон кафеав пример после ќе можам само со прелив/колор шампон или фарба пак црвено да вратам ? Со бланш ми е
Последниве неколку години сум црвенокоса и не би ја менувала и понатаму.Што се однесува до трајноста на бојата, факт е дека брзо паѓа, ама па толку убаво стои што вреди според мене и почесто да се фарба. Инаку, мене бојата на косата ми е нешто слична, скоро иста нијанса како на сликата.
Порано користев фарба од hairshop, сега на фризер ми мешаат две нијанси на фарби за да се добие токму оваа боја.
Здраво женски! Која фарба би ми ја препорачале да ја купам за да стигнам до нијанса на бордо/црвена боја? Последно ја имам фарбано црна но скоро па и целата боја е излезена инаку имам темно кафеаво природно влакно .