Да си купиш во Зегин. Нонстоп ги имаат сите нијанси и секогаш цените се најниски. Околу 120 денари се Гарниер фарбите таму, инаку ги има и до 150 по маркетите и парфимериите.
Фала девојки, но морам да се докопам вечерва до фарба, а недела е и скоро ништо не работи. Само Алфа маркет и од таму ќе си земам, па нека се поскапи, неможам да се гледам повеќе потерана, и бојата ми падна, портокалова стана и потеран коренот, леле грозно
Се исфарбав јас, со Гарниер како што има постирано назад во темава, ама многу глупо ми фати, ич не ме бендисува Многу темна излезе, а ич несакам така на вишна да мава... Сега се разочарав, а минатиот месец и ставав бланш за да ја осветлам и за џабе излезе... Најпаметно ќе ми биде да прекинам да бидам црвенокоса
Случајно налетав на овој совет па може ќе ви се најде- Цвренокосите ѕвезди како Никол Кидман на пример, сокот од брусница го користат не само за пиење туку и за измивање на косата, со што косата добива сјај и ја одржува бојата интензивна....
Црвенокоса. Не се знае дали тоа се должи на влијанието на Ријана, Кристина Хендрикс или на Флоренс Велч, но црвената боја станува сè попопуларна. Модерни се и потемните и посветлите нијанси. Доколку имате темен тен, нема да погрешите ако се насочите кон боја со праскова или портокалова основа, а ако имате светол тен, пробајте да ја истакнете убавината на вашата коса со посветла и посилна црвена. Црвената нема да биде само боја на коса, велат експертите. Тоа е позиција, сила, доверба, атракција ... http://www.lepotaizdravlje.rs/lepota/ko ... nica_/5588
Офи за да ти биди посветла црвена треба прво основата да ја осветлиш, на темна основа нема шанси да ти излези така како што сакаш ти... Си размислувала за кна ?
порано се фарбав и црвена(веќе сите бои ги сменив) кога сакав да ја сменам бојата во црна ми требаше долго време бидејќи многу тешко се покрива.Секогаш имав некој црвенкаст сјај кога ќе излезев на дневна светлина.Можеби малку офф топик но морав да кажам
Претходно исто бев фарбана црвена ама бојата ептен ми беше падната, оваа сега ја добив со мешање на две нијанси.
Последно се фарбав со Палете..оваа нијанса.. Прво беше некако прецрвена за мој вкус..(не ми се допаѓаат жар црвени)но кога падна малце бојата многу ми го направи меракот Претходно се фарбав со Еволушн( 4.65 беше бројчето) и сега планирам пак со неа.. Сакам да ми биде многу темна..али додека ја погодам треба експериментирање.. Инаку сега сакам приближно ваква да ми биде..Може малкууу повеќе накај црвенко Спојлер Или пак вака Спојлер
Јас сакам нареден пат да добијам накај портокалова нијанса... Како можам од црвена да ја дотерам во портокалова?
За ваква нијанса сега ќе ви каже дада Ќе одите во Космо, ќе дадете 459 денари и ќе си купите Лореал Преференс- нијанса бакарно плава
Ако сакате поефтина варијанта, ќе си купите од Ревлон- Строубери блонд нијанса, таа е околку 400 денари, може е и поефтина Абе Офи кога ќе пресметаш исто ти доаѓа- ако се фарбаш со 2 фарби пак ќе ти излезе приближно толку, оваа 1 ти е доволна