Хм, па со една се фарбам, плус денес ја скратив малку косата, зашто ми расцвета до половина влакно поради бланшот и затоа што кога предходниот пат ја кратев и реков на фризерката да не ми фаќа од должината. Да фатеше тогаш сега ќе си бев океј Сега косава ми е нешто под раменици, а ми беше до половина кога ќе ја испеглав... А и степенот треба да го кратам, којзнае колку е расцветан, веќе никад бланш нема да ставам А да ве прашам кој има користено црвена к`на... Убаво ли фаќа црвената? Пошто црните к`ни се убави а и ефтини и не ја горат косата
Епа тогаш можеш со пола фарба, шо знам А к`на имаш нијанса црна, бургунди, костен и кафена. Оваа бургунди ти е црвена, ама внимавај да не купиш неоргинална, бидејќи таа е лажна, не е тоа к`на. За фаќање фаќа, ама после кога се фарбаш влакното сеуште има некој црвенкаст сјај , ама пак нема да ти дојде ефтино оти едно пакетче не е доволно, а со оглед на тоа што едно е околку 30-40 денари пак исто ќе ти дојде како фарбите Друго нешто?
Значи, Бургунди фаќа убава црвена што се познава Епа таква ќе си земам, ќе ја пробам, секакви г*мна ставив на косава откако почнав да се фарбам, сите можни фарби ги пробав, ете од гарниер не сум задоволна, многу брзо изгуби сјај и мислам дека уште толку ми ја оштети косава Значи, ќе си земам таква к`на, ако не ми се допаѓа, ќе си се вратам на Субрина фарбите, досега сум најзадоволна од нив
Офи, мајка ми се фарба со таа Бургунди кна, и има убава црвена рѓа нијанса, не знам како да ти објаснам, темна, ама на сонце и свети ко портокалово црвена Нешто како таа во средина
Ееее па ако излегува така како на сликата несакам, многу е темна, јас сакам да сјае редовно да си биде црвена ама баш она црвена, не како на Ријана туку еве ваква баш... Тогаш дефинитивно ќе си продолжам да си ги користам фрбите на Субрина и не ги мењам, а и не ми се скапи и не ми ја оштетуваат косата
Дај кажете некоја ептен црвена фарба или мојата коса е сува, па не сака да фати ептен црвена само у Бугарија ми фати убаво црвената боја.
Пробај ги фарбите на Субрина. Јас последен пат кога ставив Субрина фарба ја земав нај светлата варијанта и многу убаво ми излезе. Неможам да ја најдам сликичката од фарбата, гуглав досега ама џабе Но и оваа убаво фаќа
Oфи јас се фарбам со Субрина во страта амбалажа со 76 бројче нај светлата од црвените жарко црвена ми се чини дека пишува не можев да ја најдам за да ставам слика А да те прашам постои ли некаква разлика помеѓу овие две фарби или само нова амбалажа е во прашање ??????
Мислам дека нема разлика затоа што кога купував фарба прашав дали има Субрина во нова амабалажа како што ти имаше постирано, но немаше од црвените нијасни и морав да земам од тие во стара амабалажа, ја прашав продавачката дали има некаква разлика ама ми рече нема дека само амбалажата е друго ништо Ама сакав пак да се осигурам
Јас многу сакам да добијам ваква нијанса на косата. Бакарна, коњак боја, ни црвена, ни кафена, ниту мед, туку нешто помеѓу.
^Ваква само со мешање на нијанса плава и нијанса црвена.Мајка ми е вака фарбана и стварно добро стои и плус,кога ќе почне да паѓа бојата,не губи од убавината.
Тренди- оди сепак ѕирни ја нијансата бакарно плава од Лореал, или медово плава - мислам дека една од тие ќе ти одговара. Ова што ти го предложи Лилит е исто добро, ама во домашни услови нема шанса да ти испадне нијансава ако мешаш фарби
А зошто не одиш на фризер? Сама тешко дека ќе ја погодиш, само ќе се мачиш. Има добри фризери, доволно е да спомнеш каква нијанса сакаш и одма ти ја мешаат по желба. Затоа се тие тука Јас кога се работи за фарбање дома не експериментирам. Освен што сум му верна на Лореалот во случај на некои нијанси и знам дека нема ништо да расипам затоа што се стварно одлични фарбите. Ама кога сакам и имам некоја специфична желба од оние - покажуваш во списание и велиш - е ваква сакам да бидам, одам кај мојот фризер со златни раце и нитуеднаш не сум изглегла незадоволна. Секогаш точно ми ја погодил бојата. Ете и последен пат ми мавна некоја слична нијанса односно прамени налик на ова што го постираше ти. Така да мој предлог, фризер му е мајката, оди повторно за да излезеш задоволна со нијанса каква што посакуваш
Доброо дојде во клубот ... и јас истото го направив со оваа фарба и бев како кловн во скалпот слична на Ријана а воопшто не ми се допага потоа купив на суптил една боја и сега сум ок ти што направи?
Јас многу се разочарав... Шлапнав Субрина црвена ама многу бабско-темна ми излезе. Готово, овој пат се откажувам, ќе си ја вратам мојата боја со тешко срце
Ја измив 4 пати едно по друго после првото фарбање и беше некако ок. После секое минување стануваше подобра, ама се префарбав за 2 недели... од досада. Инаку, бојата можеби е дречлива, ама многу трајна и интензивна.