Пред 2-3 дена, и многу се разочарав, една темна бабско-вишна што ми излезе, ми е грдо да се погледнам у огледало Ништо, за недела дена ќе си ја вратам кафена и готово...
Во Космо забележав прекрасни нијанси на црвена боја за коса од Лореал. Нешто во овој стил и се заљубив.
Уф, бројчево на фарбата погоре е убиствено - 666, башка лесно за памтење. Јас си порачав многу слична нијанса од фризерката, ќе ја донесат утре. Повеќе ми се исплати да ме исфарба она, ем ја погодува бојата, ем не се малтретирам. И поевтино ми се фаќа отколку да земам фарба на Лореал. Моите последни 3-4 самостојни обиди за црвена беа утка.
Е баш ти беше убава на почетокот кога се фарбаше црвена, што стана сега ??? Да ни постираш слика кога ќе се исфарбаш обзавено И која фарба е таа ако не тајна
Денес, во 16.30 имам закажано момиња, нормално ќе се фотнам и ќе обесам слика да дадете оценка. Инаку, фризерката моја користи италијански фарби, на фирмата AllWaves, нијансата е 66.4 - бакарно црвена, барам низ нет да најдам, ама ја нема. Ќе ја видите на мене, за некои 2-3 часа.
Значи сепак се реши за фризер варијанта а? Еее така, абе слушај друг пат постаро шо ти кажува, не само акал него и искуство се насобрало А колку кошта фарбава на Лореал што е толку скапа? Јас ја купував за околу 5 евра. Абе ко фризер што ќе те исфарба никој. Мојот користи Алфа Парф, италијанска марка но се многу квалитетни фарбите, баш ќе ви постирам во друга прилика, една цура од нивниот официјален сајт да видите каква црвена коса и направил - сон. Дури почнав да размислувам и јас да се правам - црвено - црвена па да се качам на семафор Девојки, ако имате некое париче вишок а сакате добра црвена боја, јас не би ги штедела и би одела на фризер, нема утка! Дома, барем јас лично, не би да експериментирам. Ем што косата ќе стане сено, ем што ќе се утне бојата. Кој ќе се гледа после во огледало?
Фризер си е фризер, точно. Инаку Пирамид, тие на Лореал се од 500 ден. па нагоре. Мене за мојата должина ми земаат околу 400 ден, навистина е неисплатливо да земам Ревлон или Лореал и да се шлапкосувам сама по дома. Еве ја бојата, погоре делува поцрвено заради блицот.
Трендафилка одлична ти е бојата. Овие фарби неможат да се најдат во продажба?[/quote] За жал, не. Евентуално да се распрашаш кај локалната фризерка, од таму каде што набавува фарби, да ти донесат некоја. (зашто реално некои 4-5 фирми се мотаат низ Скопје што добавуваат продукти наменети за коса).
Пред 4 години имав многу слична нијанса на овие горе. Тогаш се фарбав со оваа фарба на Палете ХХЛ, само друго моме беше на сликата. Сега ретко ги наоѓам, ама има и друга белја - бојава е убава недела дена. Втората веќе се одмива и паѓа премногу брзо и добива некоја жално 'рѓосана нијанса. Значи се фарбав на две недели, затоа и ја скратив толку, божем да ја заштитам и издржав некои 2 и пол месеци со бојата. Фантастична е, ама негата е дури и повеќе отколку за плавуша. edit: Него дечки, ја стварно би сакала некој фидбек од овие фарби, навистина имаат само 3 нијанси на црвено, ама еве оваа ми прави мерак, па ако се добри - што да не. Ги пробала некоја од вас?
Мене многу ми се допаѓа црвената коса која Ријана моментално ја има. Скептик сум за да направам таков чекор, а премногу ми е кул, поготово за летна шема...
http://www.cosmotinex.com.mk/katalog/co ... eNumber=14 на крајот на 14 страна има повеќе детали за ова фарба воопшто не е скапа само 253 денари
Да си се пожалам во соодветната тема, иако последната црвена нијанса кај фризерката беше убава, траеше помалку од 10-тина дена! Што е срамно и бедно, со оглед на фактот дека се работи за професионални фарби. А не ја мијам косата секој ден, бидејќи сум по дома месецов, ја сушам природно, ја потскратив, многу внимавам на косата, и разочарувачки е што бојата не трае БАРЕМ две недели. И така си ставив сама Палете Делукс (не сум фан на обичните палете, премногу ја сушат мојата коса), но од овие сум пријатно изненадена. Бојата е малку потемна, но со секое миење осветлува помалку. Важно не ја исуши косата и нијансата е пожива и поубава отколку таа претходно, после само 5 миења. Се' уште во потрага во убава црвена фарба за коса...
Трендафилке, немој толку често да се фарбаш- слушај паталец, да не плачеш после со проретчена коса - паднала бојата- паднала, чекај барем 1 месец, штетно е на 2 недели да се фарбаш, а плус кога ќе почнеш со една фарба треба да и дадеш шанса, никогаш од прва не е истата нијанса треба народски кажано да ти “легне“ бојата, да се фарбаш барем неколку пати со истата и дури тогаш ќе биде иста нијансата како таа од опаковката, а вака само лошо си правиш на косата Искрено те читам и се плашам за твојата коса, остави ја малку, ова најпријателски
^ Абре пробувам навистина се трудам, ама не можам да ја гледам таква во огледало. Просто грозно ми е, па и дека врвовите уште имаа остаток од бланшот, кога се одмива црвеното, немаш поим каква грда боја се прави. Мизерија. Еве, ветувам, ќе ја оставам 20-тина дена да одмори. До први нема шлапкосување. И еве, сакам да си ставам да речеме од овие на Лореал како пена што се, ама немаат ќорава црвена нијанса. Исто и фарбите без амонијак, ретко да сретнеш асална црвена.
Луѓе, се намерачив на ваква боја Колкава е веројатноста да би нашла ваква боја, без мешање на различни нијанси?
Баш ваква боја гледав на каталог во некој маркет,ама дали беше лореал,кене ич не сум сигурна пошто од повеќе фирми гледав,ама мислам дека лореал беше еве пронајдов нешто,не е голема сликата ама таму втората во вториот ред е нешто вака Edit:пак јас хахаха