Syoss мене премногу ми се допаѓа, баш споро ми паѓа, дури петтата недела од последното фарбање косава ми е неподнослива за гледање, инаку си трае. Само некако се потемна и потемна црвена ми вади, а јас сакам посветла
Исто и мене. Трет пат се фарбав со истава нијанса, 5-29 Intense Red и ми е многу потемна од онаа нијанса првиот пат што ја добив. Не дека не ми се допаѓа, ама ја сакам баш таа од првиот пат, т.е. како на сликата од кутијата што е Мислев дека само кај мене е вака, ете и кај други бил истиот проблем.
Крај веќе црвенава коса !! Се исфарваб со syoss супер ми беше, потемно црвена нема ни две недели скро ми падна на ништо не личи .. И плус две фарби ставив. Се откажувам сакам природната кафеава да си ја вратам ама како ???
^ Префарбај се со кафеава фарба слична на природната боја и готово Ќе ти паѓа полека и ќе ти се враќа на природната боја ама малце треба време.. Сепак..Syoss не земам Eптен ме предомисливте.. Е сега сум со милиони прашалници и незнам што фарба да земам Во веро некако слабо слушнале за црвена фарба а? Неможам асална боја да си најдам таму.. Сепак рамстор ќе терам да побарам имаат голем избор,а и имам во план да земам пак од субрина,многу ми беше супер првиот пат кога ја пробав.. Али и за неа се мислам - . - Некој ја има користено оваа нијасна и дали изгледа така како на сликата?
Секогаш ќе го имаш барем црвенкастиот сјај на косата, во случај да се префарбаш кафеаво. Ако баш ти била црвена, да лупнеш кафеава боја, ќе ти испадне махагони црвена, онака како со прелив. Едино црна, ама и од таа нема враќање.
Во право е Ганшајн, јас предходното фарбање сакав да си ја вратам мојата боја, купив кафеава фарба, и после неколку миења пак даваше црвен сјај... И ја пуштив ептен да ми потера во коренот, и убаво да падне бојата, па пред некој ден пак се фарбав црвена
Јас еднаш си изигравав дома „сам свој мајстор“, т.е. од црвена сакав да менувам боја-кафеава. И ставив темно кафеава. Арно ама, за некое време, отприлика 2 недели, кога почнаа да излегуваат црвено-портолакови праменлиња.... (а темно-црвена ми беше косата, не ми беше нијансирана или бланширана па демек посветли некои...), за некое време ми беше темно кафеава со морков сјај. Ужас. Ми требаше 4-5 фарбања минимум за да се изгуби црвениот сјај. Мој совет до девојчето што сака да се префарба-консултирај се со фризерка. Мојата фризерка ми кажа дека црвениот сјај најтешко се трга од косата, дека мора да се неутрализира, да се „угаси“ црвеното. Нека ти каже каква фарба да ставиш, ако не сакаш да шеташ црвенкаста во косата. Во принцип секој премин од една во друга боја е тежок, така да не прави нешто на своја рака. Ова од лично искуство ти кажувам
Ама јас си ја сакам црвена Ама мака ми е на две недели да се фарбам, ептен брзо паѓа. И плус по две фарби ставам. И на почетокот ептен супер ми изгледа, после полека почнува да станува портокалова позади, шишките некако потемни и коренот ќе подрасне и во три бои сум
^^ Ти ја разбирам маката. Такви се црвените фарби, за жал.... Јас се фарбам со Сајос, и мене не ми паѓа толку брзо како што велиш ти...Веројатно е до коренот, кај секого различно реагира и различно фаќа. Пробај смени фарба, ако сакаш црвена. Најди некоја друга. Пролистај ги темиве за фарби, или пак оваа тема, сигурно ќе прочиташ многу корисни мислења. Јас не би знаела да ти препорачам, зашто само 3 месеци сум црвена, и до сега само со Сајос се фарбав, и мене лично ми е ок.
Еднаш црвена, секогаш црвена... кој пробал, знае Немој никако да ставаш бланш за да ја тргнеш црвената ... Тоа е обично она што можат да ти го понудат фризерките, ама само ќе си ја уништиш косата. Мене Сајос ми е одлична фарба. Се фарбам кога ќе ми текне дека поминало мноооогу време од последното фарбање. И кога ја мијам косата приметувам дека не ми паѓа бојата. Ама ете кај сите е различно. Читав и за шампоните Сајос. Некој се жали, некој се фали ... мене ми ја оправија косата Ако можеш да најдеш, убава фарба е Диксон. Професионална, ја има само по некои салони, ама верувам дека ако се јавиш во нивното преставништво ќе те упатат каде, како , што.....
И мене Сајос ми изгледаше супер фарба на почеток.Првиот пат кога се исфарбав со неа ми стоеше 3-4 недели ама веке вториот пат за две недели почна да ми опага бојата.Ја купив Лореал,еве има веке еден месец и бојата се уште си стои,се уште не почнаа да се покажуваат црните влакна на коренот. Планирам повторно да ја земам таа фарба ама сакам цреша боја,само што не знам која бројка да ја земам.Не дека и претходната е лоша но сепак се плашам на крај да не испадне како морков
Знам како ти е, не е лесно да си црвенокоса, јас една фарба ставам и пак за 2 недели ми паѓа, па морам да ја трпам после еден месец, бидејќи не сакам да си ја оштетам многу косата.
Црвените нијанси од овој тип не траат повеќе од 15-тина денови. Верувајте, не постои таква фарба што ќе ја одржи ваквата боја константна еден месец. Или ќе се помирите и ќе се фарбате на секои две недели, или после 15 дена ќе шетате со некоја чудна, корозирана, 'рѓосана нијанса. Тоа е тоа. Мене од друга страна, ми се допаѓаат ваков тип на кафено бакарни-црвени нијанси. Ми делуваат многу поприродно, полесни се за добивање и одржување.
^ Точно,се сложувам со Трендафилка за светлата нијанса.Јас кога се офарбав со Ред бустер од еволушн ми беше е вака: Тука е со блиц добро,ама многууу малце потемна ми беше и на дневно светло. Значи бев како семафор буквално,од километар се гледаше дека јас сум. И баш така,после недела дена,или две да речеме,како што паѓа почна да ми станува розева! Е тоа беше лошо веќе,се нервирав многу,сите ме прашуваа зошто розева сум почнала да се фарбам,е да бе ја луда сум! Нема шанси да ја одржував толку светла,а многу ја сакав таква! Бу..
Немора бланш воопшто,доволно е светла! Се посветла и станува со секое фарбање .. Иначе бројче фарбата нема за чудо пишува само RB- Red Booster - Evolution Едит: еве и нијансата вака како изгледа
Еве сега ја миев косата, нема да верувате колку боја падна , водата беше црвена, толку боја не падна на првото миење откако се исфарбав. Изгледа најпаметно ќе ми биде да се исфарбам со некоја од тие бакарно-црвени нијанси, ми се допаѓа последната нијанса. Има некој пробано , предлог за фарба ?
Купив денес Еволушн фарба, Rosso Intenso, и 9% хидроген .. Барав од таа Ред Бостер ама неможев да најдам, па ја зедов оваа најцрвената од сите Па ќе видиме што ќе излезе.